Чедомир Јовановиќ: Мојот син не беше примен на Харвард зашто Србија не воведе санкции против Русија


 

Лидерот на српската Либерално-демократската партија , Чедомир Јовановиќ, изјави дека неговиот син не бил примен на Харвард, Стенфорд и на три други универзитети бидејќи Србија не вовела санкции кон Русија.

„Мојот Михајло аплицираше на Харвард, Стенфорд и на три други универзитети во февруари. Ги помина сите пет, беше направено интервју и доби мејл дека ќе биде известен за почетокот на учебната година, за процедурата за упис… Во април му стигна мејл дека уписот му е одложен“, рече Јовановиќ.

Тој додаде дека од сите пет универзитети пристигнала иста електронска пошта и дека по прашањето зошто се случило, било заклучено дека е одбиена бидејќи Србија не вовела санкции кон Русија.

„Затоа што не воведовме санкции кон Русија. Во неговото училиште во Единбург имаше еден руски професор, сите го сакаа, но го замолија повеќе да не доаѓа. Сѐ отиде до таа крајност. И Србија во одреден момент треба да донесе одлука“, изјави Јовановиќ.