Американски носач на авиони на нуклеарен погон вплови во Сплит


 Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон USS George H.W. Bush (CVN 77) изутринава вплови во сплитското пристаниште.

Станува збор за најмладиот американски носач на авиони и еден од најголемите воени бродови на светот. Хрватската Влада кон крајот на октомври даде дозвола за неговото впловување.

Бродот е од класата Nimitz и долг е 333 метри. Неговата максимална брзина надминува 30 јазли, а се напојува од два нуклеарни реакторa. Може да плови повеќе од 20 години без дополнување гориво. Капацитетот на бродот е 3.532 членови на eкипаж и може да носи 90 авиони и хеликоптери.

Бродот е изграден во 2009 година, а цената за изградбата беше 6,2 милијарди долари.

Тој кон крајот на октомври ја предводеше големата воена бежба на НАТО на подрачјето на Медитеранот.

Вежбата вклучуваше над 80 авиони, 14 бродови и околу 6.000 припадници од 24 држави сојузници и партнери на НАТО, а меѓу нив и Финска и Шведска.