Земјотрес во Хрватска во близина на Сисак


Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 58 км од Загреб и 9 км од Сисак, во 10 часот и 21 минута, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотресот бил почувствуван повеќе во областа на Сисак.

„Силен шок со тресење, центар на Петриња. Посилно од вообичаено…“, „Повторно многу силно тресење“, „Па, уште колку“, се дел од коментарите на луѓето кои го почувствувале земјотресот.

Земјотреси повремено го тресат тлото околу петриња и во близина на Загреб, во подолг временски период. Во еден од посилните имаше и жртва воп Петриња, кога на 31 декември 2020 година загина 13-годишно девојче, откако врз неа падна дел од зграда.