Дојавата за бомба и во училиште во Загреб е лажна


Основно училиште во Загреб, утрово е евакуирано, по дојава за поставена бомба, јавува „Индекс“. Но, по пиротехничкиот преглед што го изврши полицијата, се покажало дека се работи за лажна дојава. 

Учениците беа изнесени надвор од објектот, а до училиштето се наоѓа и градинка. Полицијата веќе истражува од каде доаѓаат закани.

Дојавата за бомба стигнала во 7.30 часот утрото. 

Периодов зачестија заканите со поставени бомби во училишта во регионот. Во Скопје осумпати се закануваа со поставени бомби во средни училишта. Претходно, дојави за бомби имаше во Србија и во Босна и Херцеговина.