Сите луѓе на претседателот


Новиот претседател Стево Пендаровски вчера го објави составот на својот тим. Голем дел од имињата што ги соопшти предизвикаа одредено изненадување во политички кругови, посебно во СДСМ, каде што првично се наметна дилемата за причините за трансферот на Миле Бошњаковски од Владата во резиденцијата на Водно, а сега и за отсуството на позвучни имиња од […]

Пендаровски бара анализа за перформансите на надворешната политика


Претседателот Стево Пендаровски ќе побара од Владата и МНР анализа за сите дипломатско-конзуларни претставништва на земјава во странство и за компетенциите на амбасадорите за да се видат перформансите на надворешната политика. Пендаровски, велат од неговиот кабинет, ја одблокирал и процедурата за агремани за амбасадори која била блокирана од неговиот претходник Ѓорге Иванов.

Оформен новиот кабинет на Пендаровски


Познати се имињата на новите членови на Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Имено, Миле Бошњаковски е назначен за генерален секретар или шеф на Кабинетот, а Билјана Радева е прес-офицер, Бљерим Кољари е советник за национална безбедност, Александар Спасов е надворешен советник за внатрешна и надворешна политика, Гоце Карајанов е советник за надворешна политика, Тоше Зафиров […]

Ерол Муслиу нов директор на Агенцијата за разузнавање


Со одлука на новиот претседател на државата, Стево Пендаровски, Ерол Муслиу е именуван за нов директор на Агенцијата за разузнавање. Муслиу порано работел во Управата за безбедност и контраразузнавање, а во последниве години во Агенцијата за разузнавање. Претседателот Пендаровски во наредните денови ќе назначи и свои членови во националниот Совет за безбедност. Советот за безбедност […]

Дураки: Кој ќе биде дел од „метлата“ од функционерите на ДУИ, одлучува лидерот


Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки смета дека ако биде дел од промената на функции во Владата, тоа ќе биде направено се цел да се подобри функционирањето на институциите. „Кој ќе остане во Владата и кој ќе биде дел од „метлата“ по однос на функционерите на Демократската унија за интеграција одлучува лидерот […]

На Клинички има и каде да се молиш, само нема каде да се паркираш


Само натписите „џамија“ на македонски, албански, турски и арапски јазик на четирите прозорци од бараката каде што е сместена амбулантата за ендокринологија означуваат дека мал дел од објектот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е пренаменет за верски обреди. Други видливи знаци или патокази нема, па малкумина од болните или од луѓето што доаѓаат […]

Столтенберг во јуни во посета на земјава


Северноатлантскиот Совет и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг доаѓа во посета на Република Северна Македонија Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во земјава ќе престојува на 2 и 3 јуни. Ова е прва посета на Столтенеберг и високи претставници на НАТО на земјава по потпишувањето на протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата, што […]

Медиумите полудеа во Кан: Бред Пит и Леонардо Дикаприо во елегантни костуми


Франција– Главните ѕвезди на еден од најочекуваните филмови годинава – „Once Upon a Time in Hollywood“ на режисерот Квентин Тарантино, прошетаа на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал. Медиумите полудеа по Бред Пит (55) и Леонардо Дикаприо (44) кои во филмот играат двајца актери кои упорно си ја бараат среќата во Холивуд. Ѕвездите изгледаат како […]

Кој и зошто ѝ подари метла на Дескоска?


„Непознати сторители“ оставија вчера позлатена метла пред Министерството за правда, додека министерката Рената Тренеска-Дескоска беше во Клубот на пратеници заедно со премиерот Зоран Заев, каде што учествуваше во јавна дискусија. Службеници ја внеле метлата која заврши како сувенир во министерскиот кабинет, за што Дескоска објави на Фејсбук толкувајќи дека ваков подарок во правдата може да […]

МНР ги прибра дипломатите што биле во Собрание на 27 април


Тројца дипломати вработени во Министерството за надворешни работи вечерта на 27 април биле во Собрание додека се случувал крвавиот упад. МНР ги избркало од работа, но со судска одлука двајца се вратени на работа. Освен што се вратени на работа, МНР од државниот буџет ќе им ги исплати и сите неисплатени плати и придонеси. Од […]

Џевад Адеми: „Метлата“ треба да почне од Анѓушев


Пратеникот на ДУИ Џеват Адеми, во вчерашната емисија Клик Плус на ТВ21, ја коментираше ,,метлата“ на премиерот Зоран Заев. Тој рече дека чистката на Заев треба да почне токму од вицепремиерот Кочо Анѓушев. -Загрижувачки е впечатокот, не фактот, дека вицепремиерот за економски прашања странските инвестиции ги ориентира кон централна и источна Македонија, тоа е скандалозно. […]

Апелација ја отфрли жалбата, Спиро Ристовски останува во притвор


Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски останува во притвор откако Апелацискиот суд ја отфрли неговата жалба и го потврди решението на Кривичниот суд за продолжување на мерката притвор. Ристовски, кој издржува мерка притвор во Затвор Скопје, е еден од осомничените како организатор на настаните на 27 април во Собрание во 2017 година. На јавна седница […]

Таравари: ,,Метлата” на Заев започна од Гостивар


Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари во социјалните мрежи напиша дека  денеска ,,метлата” на Заев започнало од Гостивар, менувајќи ги директорите на неколку училишта во ова општина. ,,Метлата на Заев, започна од Гостивар, денеска се поставени нови присилни директори по училиштата, по 6 пат се менуваат директорите во училиштата во нашата општина за 18 месеци”, […]

Заев оптимист, за Дескоска се е можно во преговорите за СЈО


Премиерот Зоран Заев денеска изрази оптимизам дека е можно деновиве пред објавување на извештајот од ЕК да се дојде до решение за статусот на СЈО, во рамки на предлог законот за Јавното обвинителство. Според министерката за правда Рената Дескоска, која информира дека се уште нема закажано нова средба, многу работи во нашата држава се решавале […]

Аферата „Кокаин“ не попушта: Тестирањето политичари за дрога се сели од држава до држава


Во пресрет на вториот круг од неодамнешните претседателски избори во Украина, двајцата кандидати Петро Порошенко и Володимир Зеленски го прифатија предизвикот на јавноста и се подложија на тест за употреба на алкохол и дрога. Порошенко, кој настапи од позиција претседател на државата, се тестираше во лабораторијата на Олимпискиот стадион во Киев. Зелински, пак, кој подоцна […]

Стинг на Градски стадион со продукцијата од „Егзит“: Најамбициозен проект без гратиси                                             


Светската ѕвезда Стинг (67) во Скопје ќе го има единствениот стадионски концерт од турнејата низ регионот „My songs“. Истоимениот, нов албум, излегува задутре, изјави организаторот „Авалон продукција“ на денешната прес-конференција пред концертот на 2 јуни, на Градскиот стадион. -За нас, концертите од светски калибар ни се празници. Концертот на Стинг е досега наш најамбициозен проект, […]

Заев и Ахмети денеска ќе разговараат за најавените промени во извршната власт


Премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети попладне во 16 часот во Владата ќе имаат средба на која ќе разговараат за најавените промени во Владата. Заев денеска најави дека како коалициски партнери ќе разговараат за кадровски промени во извршната власт. – Иако симболиката дојде од зборот „метла“, сепак, се работи за луѓе професионалци. […]

Реформи во УБК: Може ли да ни се појави нов Нинџа?


Директорот и заменикот на Агенцијата за национална безбедност (АБН), со чие формирање Управата за безбедност и контраразузнавање оди во историјата, ќе имаат мандат од четири години и право на реизбор, додека работниот стаж потребен за овие функции е намален од 15 на 12 години. Разрешувањето на директорот, кој го назначува премиерот, освен по иницијатива на […]

Хан ја пофали ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна


Политичката стабилност на Северна Македонија е најдобра во регионот, а уште еден доказ за тоа беа успешно спроведените претседателски избори, истакна еврокомесарот Јоханес Хан на отворањето на Виенскиот економски форум. Тој ги охрабри компаниите од Австрија да инвестираат во нашата земја бидејќи тоа значи поголем профит за земјата и отворање на нови работни места. Адресирајќи […]

Почина Ники Лауда, легендарниот возач во Формула 1


Англија – На возраст од 70 години почина трикратниот светски шампион во Формула 1, Ники Лауда. Од средината на минатата година, Австриецот се бореше со здравствени проблеми, вклучувајќи трансплантација на бели дробови во август, за што е потребен двомесечен престој во болница. На почетокот на оваа година, повторно бил хоспитализиран за краток период по инфекцијата со […]