Лазовски за сообраќајката: И јас и повредениот мотоциклист сме добри

Заменик-министерот за култура Владимир Лазовски учествуваше во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на крстосницата кај Собранието и Градската болница „Наум Охридски“ во Скопје.
Лазовски управувал со автомобил марка „Пежо“ и удрил во мотоциклист, при што мотоциклистот бил пренесен веднаш во болница.

Кратко по несреќата Лазовски се огласи на Фејсбук:

„Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност“.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.