Муса: На хирургија во Струга девет здравствени работници заболени од морбили


Во хируршкото одделение во Општата болница Струга се заболени 16 отсто од вработнеите, односно девет од вкупно 56 здравствени работници кои работат на ова одделение, додека пет имаат прележано и се на своето работно место. Ова го соопшти заменик министерот д-р Асим Муса откако во медиумите излезе информација дека одделението е затворено поради заболување на […]

Тереза Меј со најава: На 7 јуни ќе поднесам оставка


Британската премиерка Тереза Меј порача дека на 7 јуни ќе се повлече од функцијата. Веста од Островот е топ тема во сите светски медиуми и истовремено ја најавуваат трката за нов претседател на Владата чиј приоритет ќе биде откочување на Брегзит. „Ќе поднесам оставка на местото лидер на конзервативците и унионистите на 7 јуни за […]

Тимоние: „Метлата“ треба да замете по сите ќошиња


Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во интервју за „Независен“ порачува дека евроинтеграцијата не смее да биде само наратив и политички маркетинг, а метлата“ на премиерот не смее да биде селективна и да проработи само таму каде што му се допаѓа, туку да замете по сите ќошиња. Сепак, оценува амбасадорот, многу поважно од тоа да се „скинат“ […]

Ќе ја преживее ли Груевски оставката на Богоевски ?


Оставката што ја најави вчера пратеникот Павле Богоевски, кој влезе во Собранието како еден од предводниците на „Шарената револуција“, предизвика пресврт на седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Тој потег претставува своевиден преседан, со оглед на тоа што досега не се памети пратеник да замине од функцијата од етички причини. Така, наместо очекуваната […]

(Фото) Драма во Карпош: Пожарникарите спасуваа човек на 17 кат


Силен пожар избувна утрово во една од трите кули во скопската населба Карпош. Гореше во стан на 17 кат. Очевидци сведочат за драматично спасување на сопственикот, кој се засолнил на балконот додека густиот чад се доближуваѓе кон него. „Бараше помош, викаше на сиот глас, а не можеш ништо да сториш, немоќ“, раскажуваат соседите. Набргу пристигнаа […]

ДУИ вознемирена, Пендаровски мртов ладен


Со назначувањето на Еролд Муслиу за нов директор на Агенција за разузнавање, шефот на државата Стево Пендаровски чепна во незаздравена рана на ДУИ, која застана зад неговата кандидатура. Ваквото кадровско решение за прв човек на безбедносно разузнавачката служба, која е во надлежност на претседателот, беше обелоденето само два дена откако лидерот на интегративците Али Ахмети […]

Завршува кампањата во Грција: Ципрас во Атина, Мицотакис во Солун


Со централни митинзи и обраќања на лидерите на политичките партии денеска на полноќ завршува предизборната кампања во Грција за европските и локалните избори што ќе се одржат в недела, јави дописничката на МИА од Атина. Владејачката СИРИЗА последниот предизборен митинг ќе го одржи вечерва на плоштадот Синтагма во центарот на Атина а говор ќе одржи […]

Заев прво ги отпиша локалните раководства на СДСМ


Кадровските промени што ги најави премиерот Зоран Заев почнаа од сдсмовската база. Заев соопшти вчера дека ги разрешува претседателите на сите 78 општински организации на СДСМ, што значи и распуштање на сите раководства на општинските организации. Одлуката била донесена на прексиноќешната координација на најтесниот партиски врв, по што, како што најави Заев, ќе следуваат промени […]

Богоевски: Вредностите се над функцијата


Пратеникот Павле Богоевски, откако денеска на Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања, со која претседава тој, информира оти поднесува оставка, попладнево се огласи и на својот Фејсбук профил, нагласувајќи дека вредностите се над функцијата. – Друштво, Ви благодарам на честа, овие две години да ви служам вам и на нашата држава најдобро што знам и […]

Градоначалникот на Охрид: За сите дивоградби со кривична пријава ќе нема спас


Во Охрид има околу 700 нелегални градби, но за секоја дивоградба за која има кривична пријава ќе нема спас, па било чија да е, рече градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, говорејќи за Нацрт-извештајот на УНЕСКО, со кој се препорачува природното и културното наследство на Охридскиот Регион да се стави на Листата на загрозено светско наследство, […]

Пејџ: За Лондон е многу важно Северна Македонија и Албанија да почнат преговори со ЕУ во јуни


Посветеноста на Велика Британија кон Западен Балкан е трајна: таа ќе продолжи и откако ќе ја напуштиме ЕУ, па ќе биде и зајакната, изјави Ендру Пејџ, директор за Западен Балкан во британското Министерство за надворешни работи во интервју за „Јуропиан Вестерн Балкан“. Како доказ за таа посветеност, како што појасни Пејџ, е и планот за […]

Зградите на „Фиком“ станаа опасни – „Антигона“ почна да скапува


Двете згради, „Антигона 1“ и „Антигона 2“, едната со зелена фасада, а другата карабина, уште стојат кај Стара рампа како потсетување на најголемата градежна афера со станови, позната како „Фиком“. Но, вниманието на граѓаните кои секојдневно поминуваат покрај двете згради го привлекоа градежните работници качени на покривот на зградата „Антигона 2“. Првин беше тргната оградата […]

ДУИ со ветинг ќе ги вади буренцата од пиштолите!?


Демократската унија за интеграција е искомпромитиран политички субјект со цела редица партиски првенци без кредибилитет и во моментов изгледа пресмешно таа да биде гласот на разумот и промотор на решението за ветинг на државно и партиско ниво – е генерална оценка на политичките набљудувачи во земјата. Ветингот, според нив, е сериозен институционален процес со кој […]

Касами: Беса влегува во новата влада, Ахмети им е омилен партнер на СДСМ и на ВМРО


Не му дадовме поддршка на Стево Пендаровски во вториот изборен круг, туку целта ни беше да имаме успешен процес со цел земјава да оди напред. Расположението кај албанските гласачи е на страната на опозицијата, така што позицијата на ДУИ е целосно делегитимирана. Сè уште е рано да се каже дали на следните парламентарни избори ќе […]

Павле Богоевски најави оставка во парламентот


Павле Богоевски најави оставка од пратеничката функција во почетокот на седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетски прашања во Собранието. Богоевски пред малку  ја најави оставката, одговарајќи на барањето на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ дневниот ред на денешната комисиска седница да се дополни со точка за утврдување на прекршувања на собранискиот Кодекс од страна на независниот […]

Почна чистката во СДСМ. Заев ги распушта извршните одбори на партиските разграноци


Претседателот на СДСМ Зоран Заев ги почна кадровските промени со разрешување на претседателите на сите 78 општински организации на партијата, чие именување, според партискиот статут, е во негова надлежност. Со тоа се распуштаат сите извршни одбори на локално ниво. Ова е резултатот од синоќешната координација на најтесното раководство на „Бихаќска“. Заев соопшти  денеска дека во […]

Приватно здравствено осигурување само со државно


Голем дел од хонорарците во земјата немаат здравствено осигурување бидејќи работодавачите, согласно Законот за работни односи, немаат обврска да им го плаќаат. За да имаат, треба да се пријават во ФЗОМ и во Агенцијата за вработување, меѓутоа, ретко кој од нив има статус на осигурено лице во Фондот за здравствено осигурување, така што тие што […]

Договорени првите кадровски резови во СДСМ


Раководството на СДСМ постигнало начелен договор за тоа како ќе се спроведуваат кадровските промени, посебно за функционерите од оваа партија што ги најави премиерот Зоран Заев во периодот меѓу двата круга од претседателските избори. За ова било разговарано на синоќешната кординација на најтесното раководство на партијата на Бихаќска. Според партиски извори, се очекува од денеска […]

Опозицијата на два ума. На вмровците не им се (пре)дава Груевски


Неколку координации на ВМРО-ДПМНЕ и на пратеничката група беа најавени за синоќа и за утринава, пред денешното заседание на Комисијата за мандатно-имунитени прашања. Гласовите на опозицијата се одлучувачки дали ќе му се одземе пратеничкиот мандат на поранешниот и долгогодишен премиер и лидер на десницата Никола Груевски, кој веќе половина година е во бегство во Унгарија. […]

Сведоци во „Тортура“: Камчев и Мијалков ќе се соочат во судница


Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР, Иво Котевски, се повикани да сведочат на наредното рочиште за „Тортура“ по предлог на Специјалното јавно обвинителство, закажано за 20 јуни, кое се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Во еден од […]