Разрешени сите потпретседатели, секретари и извршниот одбор на СДСМ


Разрешено е целото раководство на СДСМ, според неофицијални информации од вечерашната седница на Централниот одбор на партијата. Разрешени се сите потпретседатели, ивршниот одбор на партијата, форумот на жени, како и генералниот и организацискиот секретар на партијата. За нов генерален секретар е избран министерот за земјоделство Љупчо Николовски

Кадровските смени и резултатите од изборите тема на ЦО на СДСМ


Резултатите од претседателските избори и можните кадровски смени во партиските редови, но и во извршната власт се тема на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ што почна во седиштето на партија на Бихачка. Фросина Ташевска Ременски, потпретседател во СДСМ пред почетокот на седницата очекува да бидат продискутирани предлозите што ќе ги поднесе лидерот на […]

Граѓаните поделени околу транспарентноста на Владата


Граѓаните имаат поделен став за транспарентноста на Владата во нејзината работа. Дел од нив сметаат дека таа е отворена и транспарентна (39,6%), а дел дека не е (39,3%), покажува истражувањето на јавното мислење на тема „Транспарентност на Владата“, спроведено за емисијата „Детектор“ на ТВ Сител, во која гостуваа министерот за транспарентност и отчетност Роберт Поповски, […]

Села: Сега не влегуваме во Владата и да нѐ викаат


Јас би поддржал закон за СЈО кој нема за цел да амнестира некого, туку има за цел постепено да ги гради правото и правната држава. Нема да поддржам закон кој се крои за да се заштитат големи политички мечки во државава, вели Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците во интервју за Радио Слободна Европа. […]

Жител на Визбегово почина при менување греач на шпорет


Четириесет и двегодишен жител на Визбегово почина од струен удар. Инцидентот се случил вчера околу 12.10 часот на на улицата „5“ при обид да смени греач на електричен шпорет во кујна, информираат од СВР Скопје кои извршиле увид на лице место. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на […]

Такси возило и „бмв“ се судрија, четири лица повредени


Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на булеварот „Борис Трајковски“ во која се судрија „бмв 320 ци“ и „фолксватен пасат“- такси возило. Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека ноќеска во 01,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот “Борис Трајковски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу […]

Јункер: Гласајте како да е од пресудно значење, секој глас се брои


Претседателот на Европската комисија и поранешен премиер на Луксембург Жан-Клод Јункер, кој гласаше на денешните европски избори, укажа на важноста на овие избори и ги повика сите Европејци да гласаат. Тој објави фотографија на Твитер од неговото избирачко место. – Само што гласав. Гласајте како да е пресудно. Секој глас се брои, рече Јункер на […]

(Фото) Македонски автобус хит во Бугарија: Удри во надвозник и стана „кабрио“


Двајца шофери од Македонија минале без повреди во бизарен инцидент што утрово се случи во Пловдив. Бугарските медиуми пишуваат дека автобусот, во кој немало други патници освен двајцата возачи, удрил во надвозникот и останал без горниот дел. По социјалните мрежи се шегуваат дека автобусот сега станал „кабрио“ и е подготвен за летната сезона.

Царовска: Премиерот ќе одлучи кој од министрите работевме добро


Верувам во промени, промените секогаш носат добри работи, но исто така верувам во одлуките на премиерот и сигурна сум дека ќе ги направи врз основа на учинок на секој од нас како министри и врз основа на задоволството на граѓаните, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање во […]

Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен на Ќафасан


Македонски државјанин утрово е уапсен на граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга, откако при конролата било утврдено дека се бара со меѓународна потерница издадена од Интерпол Бугарија. Според албанската полиција станува збор за Р.Х.(52), кој се бара за кривично дело „кршење на законот против монетарниот и кредитниот систем“. – Македонскиот државјанин Р.Х. жител […]

Во голем број држави од ЕУ се одржуваат избори за ЕП, резултатите околу полноќ


Во поголемиот дел од Европската унија, денеска се одржуваат избори за Европскиот парламент. За пратеници во Европскиот парламент денеска гласаат во Хрватска, Германија, Франција, Австрија, Полска, Шведска, Финска, Данска, Бугарија, Романија, Италија, Словенија, Грција, Малта, Белгија, Луксембург, Шпанија, Португалија, Естонија, Литванија во Унгарија. Европските избори веќе се одржаа во четвртокот во Холандија и Велика Британија, […]

Сончево и топло, попладне можни локални врнежи


Времето во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло со слаб до умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Температурата во утринските часови ќе се движи од шест до 14 степени Целзиусови, а дневната од 18 […]

Анкета на Галуп: Секој трет Македонец би се борел за државата


Дали би се бореле, ако има војна, за својата држава и би го дале ли животот за неа?. Тоа прашање им било поставено во истражување на Галуп заедно со Ворлдвајд Индипендент Нетворк во 64 држави во светот. Во глобален просек, 61 отсто испитаници одговориле дека би биле подготвени да се борат за својата држава, додека […]

Тачи: На претседателските избори, ДПА покажа колку е силна


Претседателските избори ја покажаа нашата сила, а парламентарните ќе бидат следен предизивик за партиско обединување, порача претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи пред членовите и партиските функционери на заедничка ифтарска вечера во Тетово. Членството во НАТО, според Тачи, е главниот успех кон кој се стремат како партија. -Последните претседателски избори аргументираат дека […]

За една недела ќе се полага државната матура


За една недела, на 1 јуни, започнува полагањето на државната матура за која се пријавиле 15.553 ученици од завршните години, што е за 297 кандидати повеќе од лани. Новина годинава е што во групата на изборни екстерни предмети е додаден испитот по предметот социологија. Полагањето на државната матура ќе се спроведува во сите средни училишта […]

Измамени стотици граѓани, преку ноќ затворен ланец на продавници за мебел


Стотици граѓани останаа и без пари и и без мебел откако преку ноќ се затворија продажните салони на српско – руската фирма „Нефа мебел“ во Македонија, но и во Србија. Во Македонија, компанијата има три продавници во Скопје – во Сити мол, Капитол Мол и во Градскиот трговски центар, но и во Велес, Гостивар, Прилеп, […]

Грција утре гласа: И Ципрас и Мицотакис очекуваат победа


Грција утре гласа на европските и локалните избори кои добија карактер на парламентарни избори. Речиси 10 милиони Грци, од кои половина милион се нови гласачи, утре ќе гласаат на европските и локалните избори во Грција. Иако граѓаните се повикани да изберат претставници во Европскиот Парламент, градоначалници, префекти и членови на општинските и регионални совети, во […]

Трка за новиот британски премиер, нека започнат игрите


По објавувањето на оставката на британската премиерка, Тереза Меј, медиумите шпекулираат за тоа кој би можел да ја наследи на чело на конзервативната партија и на местото премиер. Партиски функционери очекуваат новиот лидер да биде избран во јули. Додека тоа не се заврши Тереза Мај ќе остане на позицијата премиер. Процесот за избор на нов […]

Американскиот Сенат ни дава зелено светло за НАТО во јуни


Сенатот се очекува да го ратификува Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО во јуни, вели во интервју за Гласот на Америка сенаторот Џејмс Риш, претседавач со сенатската Комисија за надворешни работи. -За околу две недели Комисијата ќе има сослушување за Протоколот. Потоа, тој ќе треба да оди на гласање пред целиот Сенат. И […]

Бараките во „Медицинар“ населени од бездомници


Бараките во кругот на Клиничкиот центар, кои до пред некоја година се користеа за сместување студенти, сега се празни, а во нив преспива ромско семејство, а неретко и бездомници и наркомани. Дарио Николовски, директор на Државниот студентски дом „Скопје“, вели дека е известен за проблемот со бараките од Студентскиот дом „Невена Георгиева-Дуња“ или популарно наречениот […]