Се запали автобус на граничен премин „Табановце“


Автобус со новосадски регистарски ознаки се запалил на Граничниот премин Табановце попладнево околу 16 часот, потврдија од СВР Куманово.

Патниците веднаш биле евакуирани, а на терен пристигнала и противпожарната единица од Куманово Не се познати причините за опожарувањето на автобусот.

Екипи на територијалната противпожарна единица Куманово со две возила успеале да го изгасат пожарот.

– Пожарот е локализиран, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Увид се уште вршат увидни екипи на СВР Куманово.

Од Граничниот премин Табановце, информираат дека нема застој и сообраќајот се одвива тековно.ам/лв/