ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи одземање на мандатот на Груевски


Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги охрабри пратениците од оваа партија да гласаат за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер и долгогодишен лидер на партијата Никола Груевски, доколку оценат дека се исполнети законските услови за тоа. Со оглед на тоа што за одземање мандат на пратеник е потребно двотретинско мнозинство, сега се реални шансите […]

Филипче го разреши Беља


Министерот за здравство Венко Филипче експресно го разреши економскиот директор на Клиниката за Гинекологија и акушерство, Ваљон Беља откако тој обвини за финансиски криминал и непотизам на клиниката. Нарушени односи и несоодветен пристап е официјалната причина за нарушувањето. Беља ја обвини стручната директорка Викторија Јовановска дека незаконски спроведува тендери, фаворизира одредена фирма, при што во опасност […]

(ВИДЕО) Заврши операцијата на косовската полиција, уапсени 19 полициски службеници и деветмина цивили


Акцијата на специјалните единици на косовската полиција РОСУ, што започна денеска во раните утрински часови во северно Косово, но и во неколку други делови на земјата, заврши нешто по 13 часот. Медиумите известуваат дека косовските специјалци веќе се целосно повлечени од областите на северот од земјата населени со мнозинско српско населени. Косовската полиција соопшти дека […]

Дебаклот на Ципрас ќе може да нè блокира нас


Победите  на Нова демократија на  Киријакос Мицотакис во Грција и на десничарската партија на Марин Лепен во Франција предизвикаа мала вознемиреност околу резултатите од европските избори викендов, пред сè, околу можните негативни рефлексии на нашиот пат кон ЕУ. Разочараниот лидер на Сириза, Алексис Ципрас, најави дека  ќе побара од претседателот Прокопис Павлопулос најверојатно на 30 […]

Утре продолжува седницата за одземање на мандатот на Груевски


Во собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетски прашања утре ќе продолжи седницата за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски. Откако претседателот на оваа Комисија Павле Богоевски најави оставка од пратеник, се најавува дека со првото продолжение на комисиската седница ќе претседава заменик-претседателката на ова тело Снежана Калевска Ванчева. На седницата во петокот […]

(ВИДЕО) Пукање во северно Косово: Пет полицајци повредени


Косовската полиција во соработка со полицискиот инспекторат спроведува операција на северот на Косово во која се уапсени неколкумина полициски службеници и неколку граѓани осомничени за вмешаност во шверцување во Зубин Поток и други делови на северот на Косово. Во меѓувреме, локалните Срби во Зубин Поток направија барикада каде се слушнаа истрели. Како резултат на отпорот […]

Куновска: Обрачот се стега околу водството на СДСМ, наскоро ќе се видат вистинските намери


Поранешната пратеничка и претседателка на скопската организација на СДСМ, Софија Куновска вели дека промените на „Бихаќска“ може да бидат корисни доколку се темелат на принципи, но се сомнева дека тоа е случај сега, иако ќе и биде драго ако времето ја демантира. „Впечатокот е дека обрачот се стега околу врвот на СДСМ. Лошото менаџирање со […]

Заев го враќа кај Пендаровски мандатот од Иванов?


Премиерот Зоран Заев веројатно ќе треба да побара нов мандат за формирање влада од новиот претседател Стево Пендаровски, доколку, по колективната чистка на „Бихаќска“, спроведе и потемелни кадровски промени во министерскиот состав на „Илинденска“. По седницата на Централниот одбор на СДСМ во неделата, Заев најави за почетокот на следниот месец и владина реконструкција, со која […]

СДСМ со подновено раководство до средината на јуни -дел од сменетите ќе се вратат


Само смената на Александар Кирацовски од генерален секретар на СДСМ и назначувањето на Љупчо Николовски на оваа позиција се дефинитивни по прексиноќешната одлука на Централниот одбор за распуштање на сите партиски органи, освен носителите на функции што ги избра конгресот. За две до три недели, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави пополнување на испразнетите места, […]

Намалете со емоции кога зборувате за автопатишта


Македонија има добра изграденост на патна мрежа. Нема потреба од нови автопатишта, ама постојните мора подобро да се одржуваат. И недостига организација за да се завршуваат патните проекти со предвидената динамика, вели професорот Слободан Огњеновиќ, од Катедрата за патишта на Градежниот факултет во Скопје. Тој забележува дека Полска е на дното во ЕУ според километри […]

Николовски: Не сум човек ниту на Заев ниту на Шекеринска


Новиот генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски вели дека негово било барањето да отстапи од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. -СДСМ направи длабинска анализа во претходниот период, заедно со претседателот и Централниот одбор на вчерашната седница по четиричасовна демократска и отворена дебата со огромно единство ги констатираше оставките на генералниот секретар и потпретседателите на […]

Царовска: Верувам во Зоран Заев, секоја промена носи свежина


Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија во врска со промените во СДСМ и најавените промени во Владата, истакна дека смета оти секоја промена носи свежина и дека е добро што оваа се случува на половина од мандатот кога може да се направат пресеци. Министерката е […]

Жбогар: Република Северна Македонија е на вистинскиот пат во евроинтегративните процеси


Амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар денеска од Охрид оцени дека Република Северна Македонија е на вистинскиот пат кога станува збор за нејзините евроинтегративни аспирации. – Кога ќе се застане и ќе се види што се е сторено изминатите месеци или години, се гледа напредок. Знаеме дека граѓаните гледаат критички на процесите, дека очекуваат повеќе. […]

Димитров кај Пендаровски: Потребна е поконкретна соработка


Севкупните состојби во Република Северна Македонија, како и состојбите во регионот биле тема на денешниот разговор меѓу шефот на државата Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Никола Димитров.  На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателот, станало збор и за идната соработка меѓу двете институции.  –Претседателот Пендаровски и министерот Димитров се согласија за потребата од […]

Се огласи разрешениот Кирацовски : Ја оправдав довербата од Заев


Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, кој вчера беше разрешен од функцијата, вели дека одлуките на претседателот Зоран Заев се за заедничко добро на партијата каде што имало висока свест, демократска култура, другарство, визија и, заемна доверба. „Како поединци, не сме воопшто битни, кога станува збор за општото добро на граѓаните, на членството. Нашите функции […]

Шилегов: Понудивме оставки за да го елимираме простотилукот и фашизмот што го промовираше ВМРО-ДПМНЕ


Градоначалникот на Град Скопје и довчерашен потпреседател на СДСМ вели дека тој и неговите другари потпретседатели во СДСМ, понудиле оставки на позицијата за да креираат внатрепартиски политики коишто ќе веривикуваат идна победа на парламентарните избори со цел во Македонија конечно да го елиминираме простотилукот, примитивизмот и фашизмот што го промовира ВМРО-ДПМНЕ во последните 15 години. […]

Државата крева раменици за аферата „Нефа мебел“ – фирмата работела со загуба


Ниските цени на мебелот и неверојатните попусти на гарнитури, маси, ламби ги привлече граѓаните да ги купат и да ги пробаат производите на „Нефа мебел“, компанијата што исчезна преку ноќ од Македонија и Србија и остави и без пари и без мебел стотици граѓани. Главното прашање што се поставува по оваа измама е дали граѓаните […]

Ременски по разрешувањето: Мојата битка не почна со функцијата


Фросина Ременски, по вчерашното разрешувањето од потпретседателското место во СДСМ, се огласи на „Фејсбук“. Таа вели дека нејзината битка за слобода, правда, одговорност и еднаквост не започнала со политичките или партиските функции, ниту пак ќе заврши без нив. „Битката за овие вредности на секој слободољубив и правдољубив човек започнува со самото негово раѓање, затоа што […]

Заев и Харадинај: Преку политика до семејни дружби


Една година по приватната посета во Приштина на сопружниците Зоран и Зорица Заеви, претседателот на владата на Косово, Рамуш Харадинај и неговата сопруга Анита ги „вратија“ гостите и изминатиот викенд дојдоа во Струмица. Големото пријателство на двајцата премиери отскокнува од протоколарните дружења во политичките кругови, пoради што јавноста е заинтересирана да дознае од кога потекнува […]

Колективна чистка во СДСМ. Николовски си оди од владата


Љупчо Николовски е првиот министер за кој е се поизвесно дека ќе замине од владата, односно од челното место во Министерството за земјоделство. Според информациите од вечерашната седница на централниот одбор на СДСМ, Николовски ќе биде нов генерален секретар на партијата, на местото на разрешениот Александар Кирацовски. Со оглед на тоа што статутот на СДСМ […]