Беља тргнат настрана, следни Дураку и Адеми?


Разрешениот економски директор на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ваљон Беља, вчера не сакаше да долева масло на огнот што го предизвика со сериозните обвинувања дека стручната директорка Викторија Јовановска незаконски доделува тендери. Сакаше најпрво да го чуе ставот од матичната партија ДУИ, од каде што немаа никаква реакција што нивниот кадар настрада од раката […]

Брисел нè награди, Берлин нè олади


Еврокомесарот Јоханес Хан и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, вчера го исполнија тоа што ѝ го ветија на нашата држава – ни испорачаа препорака за преговори со Унијата. Останува сега земјите членки да ѝ стават печат, т.е. да ја потврдат, процес што ќе треба да се протне низ иглени уши бидејќи отчукува времето […]

Џафери: Очекуваме ЕУ да стои на својата определба за отворени врати


Претседателот на Собранието Талат Џафери во заедничката изјава на државниот врв по примањето на Извештајот од Европската комисија во претседателската Вила Водно рече дека Извештајот јасно покажува дека Република Северна Македеонија целосно ги има постигнато и исполнето препораките од Самитот на Европската унија минатиот јуни за можноста до овој јуни да ги исполниме тие препораки […]

Заев: На потег е Европа да испорача одлука врз основа на нашите заслуги


Денеска сите ние сме горди на уште еден голем успех на нашата земја и на политиките за остварување на нашиот стратешки приоритет, тоа е членството во ЕУ. Амбасадорот Жбогар ни ја презентираше десетатта по ред позитивна препорака во Извештајот на Европската комисија за нашиот напредок кон ЕУ,  вклучувајќи и препораки, препораки и за старт на […]

Жбогар: Државата е подготвена токму сега да ги започне преговорите


Во Извештајот кој денеска го презентирав се зборува за промените и навистина ми е драго што се јавуваат промени во начинот на размислување, а ништо не го потврдува тоа од денешниот состанок на кој на една маса имавме претставници од сите политички партии и сите засегнати страни кои зборуваат за иднината на оваа држава во […]

Пендаровски: Добивме најдобар Извештај, одложувањето на почетокот на преговори ќе влијае демотивирачки


Претседателот на државата Стево Пендаровски изјави дека денеска добивме најдобар извештај од Европската комисија во историјата на нашите евроатлантски интеграции, изразувајќи задоволство што Комисијата го препознала напредокот на Северна Македонија  и препорачала почеток на пристапните преговори за членство. Во изјава по примањето на Извештајот, кој му беше врачен од евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, Пендаровски наведе […]

(ВИДЕО) Изјави на Пендаровски, Заев, Џафери и Жбогар за Ивештајот на ЕК


Шефот на делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар попладнево им врачи Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2019 година на претседателот Стево Пендаровски, на претседателот на Собранието Талат Џафери, на премиерот Зоран Заев и на претставник на судската власт. По врачувањето на Извештајот, изјави за јавноста даваат претседателот Пендаровски, […]

Могерини: Северна Македонија и Албанија го завршија својот дел од работата и сега е ред на ЕУ


Северна Македонија и  Албанија ја искористија можноста и испорачаа реформи, го завршија својот дел од работата и сега е ред на ЕУ да го исполни својот, изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини на заедничката прес-конферениција со еврокомесарот Јоханес Хан на која го  презентираа пакетот за проширување на ЕУ. Посочи […]

Вартоломеј отвора врати за статусот на МПЦ-ОА?


Вселенскиот патријарх Вартоломеј итро ја подотвора вратата за решавање на македонското црковно прашање. Вака верските аналитичари ги оценуваат последните, како што велат, охрабрувачки сигнали што Вартоломеј ги испраќа во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС, каде што детално ја објаснува одлуката на Вселенската патријаршија да ѝ даде автокефалност на Украинската црква, блиските односи со Бугарската православна […]

Жбогар: Земјата ја искористи шансата и доби чиста препорака


Од Брисел денеска добивме многу добра вест. Европската комисија препорача почеток на преговорите со Северна Македонија. Ви честитам за тоа и за напорите и посветеноста, но и за жртвите што ги направивте во изминатиот период, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешната прес-конференција во седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Тој истакна дека минатиот јуни […]

Лазовски за сообраќајката: И јас и повредениот мотоциклист сме добри


Заменик-министерот за култура Владимир Лазовски учествуваше во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на крстосницата кај Собранието и Градската болница „Наум Охридски“ во Скопје. Лазовски управувал со автомобил марка „Пежо“ и удрил во мотоциклист, при што мотоциклистот бил пренесен веднаш во болница. Кратко по несреќата Лазовски се огласи на Фејсбук: „Најважно од сé е што […]

ДУИ преку Беља се распука по СДСМ, па доби метла


Министерот за здравство, Венко Филипче вчера попладне го разреши економскиот директор на Клиниката за акушерство и гинекологија, Ваљон Беља, кој претходно со стручната директорка Викторија Јовановска влезе во меѓусебна војна и обвинувања за непотизам, криминал и партиски вработувања. Според Беља, Јовановска незаконски спроведува тендери и фаворизира одредена фирма, при што во опасност ги доведува животите […]

Пописот на населението ќе се спроведе од 1 до 21 април 2020 година


На територијата на Македонија следната година од 1 до 21 април ќе биде спроведен долгоочекуваниот попис на населението. Како што истакна директорот на Државен завод за статистика, Апостол Симевски, пописот ќе трае три седмици и истиот ќе чини околу 8,5 милиони евра. „Во претстојниот попис ќе учествуваат околу 6.000 лица. Тој ќе ги опфаќа сите […]

ВМРО-ДПМНЕ, сепак, не гласаше за одземање на мандатот на Груевски


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се воздржаа од гласање по предлогот за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер и партиски лидер Никола Груевски, на денешната седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетски прашања. Членовите или замениците членови што беа присутни на седницата не се изјаснија нити „за“, ниту „против“, ниту „воздржано“. Предлогот беше усвоен со пет […]

Хан препорача преговори со Македонија


Еврокомесарот Јоханес Хан пред пратениците во Европскиот парламент препорача почеток на преговори со Македонија, но и со Албанија. Презентирајќи гo пакетот за проширувањето и  за напредокот на балканските земји Хан ја посочи нашата држава како „светол пример“ во регионот. Според Хан Македонија испорачала реформи и го постигнала историскиот договор со Грција, а претходно и со […]

Жбогар ќе им го врачи Извештајот на ЕК на Пендаровски, Џафери и Заев


Шефот на делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар попладне ќе го врачи Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјата за 2019 година на претседателот Стево Пендаровски, на претседателот на Собранието Талат Џафери, на премиерот Зоран Заев и на претставник на судската власт. Жбогар ќе им го предаде Извештајот во Кабинетот […]

УБК заминува во историјата. Кого Заев ќе го избере за прв разузнавач?


За неколку дена, на Горан Николовски ќе му биде прекинат мандатот како директор на УБК, а дотогаш владата треба да го именува првиот директор на новата Агенција за безбедност, чие формирање е уредено со Законот што минатата седмица го донесе парламентот со 91 глас „за“, а вчера го потпиша претседателот Стево Пендаровски. Според неофицијални информации, […]

Советите на Ружин и Андоновски ќe нѐ чинат 18.000 евра


Ангажманите на Александар Ружин и на Венко Андоновски како надворешни соработници на премиерот им завршуваат на 31 декември годинава, велат од Владата по откривањето на веста дека синот на ексамбасадорот во НАТО и писателот кој беше добар и со поранешната влада на Никола Груевски, влегле во тимот на Зоран Заев. Од „Илинденска“ посочуваат дека нивниот […]

Цветанка Ласкова: Мандатот ми заврши пред една година, потребна беше свежа крв


Довчерашната „прва жена“ во Социјалдемократскиот сојуз, Цветанка Ласкова тврди дека нејзиниот мандат во Форумот на жени завршил уште пред година и половина, така што не чувствува лутина и гнев што нејзиното име влезе во комплетот разрешени функционери во неделната седница на Централниот одбор. Таа вели дека останува активен член и советник за култура на премиерот […]

Европската комисија ќе го објави извештајот за Северна Македонија


Белгија- Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, денеска во Европскиот парламент и во ЕК ќе ги презентираат најновите стратегии за проширувањето на ЕУ. Нашата држава очекува повторно да добие зелено светло од Комисијата за датум за почеток на преговори со ЕУ, датум кој потоа треба да биде одобрен […]