Од утре плаќање во кеш најмногу до 500 евра


Министерството за финансии ја продолжува борбата против сивата економија и за таа борба има институционален капацитет, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски. За време на денешната работна посета во Битола, министерот Тевдовски потврди дека од утре стапува на сила законското решение според кое во платниот промет, во кеш ќе може да се плаќа само до […]

Пендаровски им разјаснил на ДУИ: Нема ниту една забелешка за Муслиу како професионалец и како човек


Претседателот на државата Стево Пендарвоски денеска информира дека на долгите и конструктивни разговори со високи претставници на ДУИ биле разјаснети неколку битни елементи за именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање. – Им реков на претставниците на ДУИ дека имав прилично долг процес на консултации со битни фактори домашни и странски во […]

МВР: Синот на Јанчев бил на „мопед“, се судрил со автомобил


Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата во која е повреден синот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев, се случила триесетина минути по полноќ на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Гоце Делчев“ во Кавадарци. Дошло до судир меѓу автомобил „фолксваген пасат“, управувано од Н.А. (36) од Кавадарци, и мопед „априлија“, управуван од петнаесетгодишно момче […]

Заев со нов рок: СЈО да се договори пред одлуката за датум за преговори


Состанокот на министрите на ЕУ на 18 јуни , е новиот рок што го постави премиерот Зоран Заев за договор за Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство. Премиерот  вели дека нерешавањето на ова прашање може да биде изговор некои земји членки на ЕУ да се спротивстават […]

Обвинение против четворица за организaција на „крвавиот четврток“


Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение за организаторите на „крвавиот четврток“, дознава „Независен“ од неофицијални извори. Според првичните информации, обвинение е поднесено против четири лица, а за поранешниот премиер Никола Груевски кој е азилант во Будимпешта и за поранешниот разузнавач Никола Бошковски кој е во бегство постапката е запрена до нивно […]

„Бомбашите“ веќе не се ни кријат


  Татнат „бомби“ од сите страни. Секој ден нов и нов „Бошко Буха“ се јавува од разни краишта на Европа и светот. Те Будимпешта, те Чикаго… Каде е крајот и може ли црниот пазар на нелегално прислушувани материјали, кој дефинитивно е надвор од институционална контрола, да претставува сериозна бомба за целото општество? Во последниве денови, […]

Кого ќе слушаат вмровските пратеници: Мицкоски или Груевски


Седницата, на која ќе се разгледува предлогот на Комисијата за мандатно- имунитетски прашања за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, ќе се случи  меѓу 10 и 15 јуни, брифираше вчера собранискиот спикер, Талат Џафери. Потребно е двотретинско мнозинство, односно најмалку 80 пратеници да дигнат рака за да му се одземе мандатот на пратеникот, кој […]

Заев веќе бара други функционерски имиња


Иако новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците треба уште утре да почне со работа, тоа, најверојатно, нема да се случи до средината на јуни, кога првиот министер на овој ресор  би бил избран во пакет со најавената реконструкција или избор на нова влада. Премиерот Зоран Заев најави вчера дека кон средината на […]

Столтенберг : Влезот во НАТО значи дека 29 земји се залагаат да ве заштитат


Белгија – Посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Северна Македонија испраќа јасен сигнал – Алијансата е подготвена да и посака добредојде на земјава во евроатлатнското семејство. Ова е пораката, што ја испрати Столтенберг во интервјуто , кое го даде неспоредно пред неговата посета на Скопје, каде ќе се одржи состанокот на амбасадорите на […]

Костадинов: Дел од разрешените потпретседатели можат да се вратат


Пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов во емисијата „Патот кон“ на Алсат М, не ја исклучува можноста разрешените потпретседатели на СДСМ да бидат вратени. ,,Како одговорна партија оставаме во рамките на одлучувањето на претседателот, на заменик претседателот на СДСМ, во разговори и со партиското членство да одлучиме околу новиот состав на раководството на СДСМ. Претпоставувам дека […]

Меџити: При крај договорот меѓу Ахмети и Заев за новиот формат на Владата


Лидерите на СДСМ и на ДУИ веќе 90 отсто го имаат постигнато договорот за новиот формат на Владата и во наредните денови се очекува да биде соопштен, најави потпретседателот на ДУИ Изет Меџити во емисијата „Патот кон“ која се емитува вечерва на телевизијата Алсат М. Според него, тоа треба да биде Влада „Заев2“, која би […]

Беља: Инволвирањето на Заев јасно покажува колку се длабоки корените на криминалот


По изјавата на Заев дека Ваљон Беља бил меѓу оние директори кои беа дел од дебатата за промени и дека откако дозна дека ќе биде сменет „Тропа глупости“, Бела одговори на Фејсбук: „Работите стануваат се поинтересни. Инволвирањето на премиерот Заев јасно покажува колку се длабоки корените на криминалот. Ако мене ми било предочено дека ќе […]

(ВИДЕО) Ел Чека не престанува да објавува ,,бомби“ за ДУИ: Ништо не ми можете!


Лицето Ел Чека кој на неговиот профил на Фејсбук објавува ,,бомби”, за претставници на ДУИ, пред неколку минути направи видео во живо. Тој вели дека иако полицијата и обвинителството се обидуваат преку кривични пријави да го замолчат, тој нема да престане со објавувањето на ,,бомби”, за кои тврди дека има уште многу. „Би сакал да […]

ВМРО-ДПМНЕ тешко се одлепува од Груевски


Голема е веројатноста поранешниот премиер и долгогодишен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, сега азилант во Будимпешта, да остане пратеник. Без гласовите на опозицијата, која вчера се воздржа од гласање за предлогот за одземање на неговиот мандат, парламентарното мнозинство тешко ќе ги обезбеди потребните 80 гласови, и покрај шестмесечното отсуство на Груевски, кое е  евидентирано како […]

Заев за Беља: „Тропа глупости“ откако дозна дека ќе биде сменет


Премиерот, Зоран Заев денеска ја искорментира одлуката економскиот директор на Клиниката за Гинекологија Ваљон Беља да биде сменет од министерот Венко Филипче. „Тој е меѓу оние директори кои беа дел од дебатата за промени. Откако дозна дека ќе биде сменет, тргна по тој пат. Не се плашиме што тој ќе каже, но тој тропа глупости, […]

Заев за советниците: Александар Ружин е образован и може да помогне


Премиерот Зоран Заев денеска во собранието одговараше на прашања од пратениците. ПРатеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски постави прашања во врска со високите хонорари на советниците на премирот, како и за нивната компетентност. Советничката афера ја објави Истражувачката репортерска лабораторија и преку серија на текстови обелоденија кои се и со колку народни пари се платени советниците […]

Џафери не ги коментира „бомбите“ објавени за членови на ДУИ


Забранети и казниви работи нема што да коментирам, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери одгвоарајќи на новинарско прашање во врска со телефонските разговори објавени во јавноста во кои наводно се слушаат гласови на членови на ДУИ, партија чиј член е и првиот парламентарец. Запрашан дали ќе постaпи како пратеникот Павле Богоевски, во случај за […]

Заев нема да преговара за двотретинско мнозинство за одземање на мандатот на Груевски


Премиерот Зоран Заев нема намера да преговара со пратеници за да обезбеди двотретинско место за одземање на мандатот на поранешниот премиер и сегашен пратеник Никола Груевски, затоа што, како што рече, пратениците во овој случај треба да постапат само по Устав и закон. – За мене не е само банално, туку и смешно да се […]

Џафери: За мандатот на Груевски пратениците ќе расправаат меѓу 10 и 15 јуни


Седницата на која ќе се разгледува предлогот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски најверојатно ќе се најде на собраниска седница меѓу 10 и 15 јуни, брифираше денеска собранискиот спикер, Талат Џафери. Џафери рече дека на истата седница би можело да се расправа и по предлогот за реконструкција на […]

Се доцни со формирањето на Агенцијата за квалитет на високото образование


Преголемата мрежа на  високообразовни установи, кои во земјава бројат 28, со  130 факултети во нив и над 1300 акредитирани студиски програми, го доведува во прашање гарантирањето на квалитетот. Повеќе од кога било е дојдено време да се изврши рационализација, да се започне со оценување и тоа што не е вредно да се редуцира или да […]