(Фото) Сообраќајка во Капиштец, судир меѓу моторцикл и автомобил


Моторциклист е повреден во сообраќајка што се случи утрово во скопската населба Капиштец. Несреќата се случи околу 8.30 часот на улицата „Васил Ѓорѓов“.

Половина час подоцна, екипи на полицијата го обезбедуваа просторот. Моторциклот беше на асфалтот, до него беше автомобилот „голф“ без регистерски таблички.

Минувачите се интересираа за последиците од несреќата, полицајците информираа дека моторциклистот е пренесен во болница.

Увидот е во тек.