Стинг пристигна во Скопје, се монтира бината за вечерашниот концерт


Сè е подготвено за вечерашниот коцнерт на Стинг на Градскиот стадион во Скопје. Како што соопшти Авалон продукција, Стинг вежепристигна во земјава и се прават завршните подготовки.

„Стинг веќе пристигна во Скопје и неговата екипа работи на монтирање на бинската опрема на импресивнaта бина. Се очекува на концертот да присуствуваат повеќе од 25.000 посетители од целиот регион“, информираат од Авалон.
Вратите ќе бидат отворени во 19 часот, настапот на Влатко Стефановски трио почнува во 20:30 часот, а Стинг ќе излезе на сцената во 22 часот.

Од Авалон порачуваат вечерва сите да бидат Англичани, бидејќи прогнозите се дека нè очекува дожд во текот на попладневните и вечерните часови

„Ве молиме сите подготвени да го дочекаме дождот и доколку дојде, да го прифатиме како неминовен дел од овој вечерашен спектакл“, порачуваат од Авалон.