Бузаку: Се плашам од Сулејман Реџепи, барам помош од државата


Скендер Бузаку, кој тврди дека законски е претседател на Исламската верска заедница е поканет во Обвинителство како што рече, да докаже дека има закани од страна на претседателот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

“Денес сум поканет во Обвинителство како оштетен за да дадам исказ против Сулејман Реџепи, бидејќи во 23 април оваа година, тој пред сите медиуми ме прогласи дека сум излегол од религијата.  Со оваа изјава ме доведе во опасност и мене и моето семејство. Тој ја преземе улогата на џелатот и ме прогласи со смртна казна и ме доведе во таа позиција за да не се чуствувам безбедно во ниту еден чекор кој го правам. Ова не е првпат да шири говор на омраза.Ги повикувам државните институции против оваа лице да се преземат соодветни мерки, бидејќи во спротивно тоа лице добива повеќе сила “,рече Бузаку.