Костадинов: Дел од разрешените потпретседатели можат да се вратат

Пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов во емисијата „Патот кон“ на Алсат М, не ја исклучува можноста разрешените потпретседатели на СДСМ да бидат вратени.

,,Како одговорна партија оставаме во рамките на одлучувањето на претседателот, на заменик претседателот на СДСМ, во разговори и со партиското членство да одлучиме околу новиот состав на раководството на СДСМ. Претпоставувам дека така треба да се случува. Не ја исклучувам можноста на дел од функционерите кои што депонираа оставки, дел од нив да бидат и вратени на позиција. Не знам зошто би се исклучило како можност”, рече Костадинов.