Хан препорача преговори со Македонија

Еврокомесарот Јоханес Хан пред пратениците во Европскиот парламент препорача почеток на преговори со Македонија, но и со Албанија.

Презентирајќи гo пакетот за проширувањето и  за напредокот на балканските земји Хан ја посочи нашата држава како „светол пример“ во регионот. Според Хан Македонија испорачала реформи и го постигнала историскиот договор со Грција, а претходно и со Бугарија, поради што заслужува да почне преговори.

Албанија е наградена за судските реформи.