Мицкоски: После победата на претседателските избори, следуваат предвремени парламентарни избори


Победуваме, порача и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од митинг во Неготино.  Неправдата во државата, рече дека ќе се исправи, само ако се преземат институциите. -А тој процес започнува со победа на 21 април, потврда на таа победа на 5 мај. А потоа организирање на предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.

Силјановска: Немојте да ги бојкотирате претседателските избори


Немојте да ги бојкотирате претседателските избори, порача кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова, од митинг во Неготино. – Го имате мојот човечки и женски збор. Моето ветување. Нашата женска интуиција дека победата на претседателските избори значи отворање на демократски порти за нова парламентарна коалиција создадена врз основа на предвремени парламентарни избори, нагласи таа. Најави одговорен …

Силјановска: Немојте да ги бојкотирате претседателските избори Read More »

Во Истанбул повторно пребројување на гласовите од локалните избори


Турските изборни власти почнаа повторно да ги пребројуваат гласовите во повеќе избирачки места во Истанбул, по приговорите на Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. АКП ги оспорува резултатите од локалните избори во Истанбул одржани во неделата, на кои според првичните и неофицијални резултати, кандидат за градоначалник на опозициската Републиканска народна партија …

Во Истанбул повторно пребројување на гласовите од локалните избори Read More »

Шекеринска: Прашањата што се важни за нашите пријатели се важни и за нас


Нашите пријателски односи со Турција се долгогодишни, нашите пријателски односи со Турција се потврдија и со денешната средба и посета на министерот за одбрана на Република Турција, во ситуација во која Турција се соочува со сериозни предизвици, во еден тежок регион што влијаат на нејзината безбедност. Сепак министерот за одбрана одлучи да биде тука во …

Шекеринска: Прашањата што се важни за нашите пријатели се важни и за нас Read More »

Министерството за култура ги демантира информациите за оставка на министерот Адеми


Министерството за култура попладнево преку соопштение ги демантираше информациите објавени во одредени портали за оставка на министерот Асаф Адеми. – Министерот Адеми без застој во работата ги извршува своите редовни работни обврски, а активностите на Министерството за култура се одвиваат според тековната динамика, наведуваат од ресорното Министерство.

Мицкоски за Ципрас: Што ќе ни се такви пријатели, ако не нѐ прифаќаат какви што сме


Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешното отворање на изборниот штаб на кандидатот за претседател, Гордана Сиљановска, одговори на неколку новинарски прашања, а особено внимание обрна на посетата на Ципрас во Скопје кога не беше интонирана македонската химна и не беше поставена македонската гарда. „Од власта велат изминативе две години дека има …

Мицкоски за Ципрас: Што ќе ни се такви пријатели, ако не нѐ прифаќаат какви што сме Read More »

Брисел: Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 12 април на полноќ


Како што сега стојат работите, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор на 12 април на полноќ, соопшти денеска Европската комисија. – Општиот впечаток за сценарио „без договор“ не може да се ублажи. Подготовките продолжуваат во земјите членки со поддршка од страна на Комисијата, а многу е важно да се обезбеди националните царински инфраструктури …

Брисел: Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 12 април на полноќ Read More »

Албанците ќе направат тест преку Река колку се во Македонија!?


Независниот кандидат Блерим Река, поддржан од Алијансата за Албанците и Движењето Беса, со мотото „Река за Републиката“ ја стартуваше претседателската кампања од плоштадот ,,Скендербег“ во Скопје. Река беше задоволен што дошле неколку илјади луѓе, што, според него, го покажувало обединувањето на Албанците. Тој рече дека разделените Албанци прво траба да постигнат консензус со својот брат, …

Албанците ќе направат тест преку Река колку се во Македонија!? Read More »

(ВИДЕО) Крај на потрагата: Пронајдени остатоците од авионот и четирите тела кои загинаа во несреќата


Откриени се и извлечени четирите тела на загинатите патници од авионската несреќа кај Солунска Глава. По наредба на јавен обвинител, Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје ќе врши обдукција, по што ќе биде утврден нивниот идентитет. Министерството за внатрешни работи информира дека четворицата патници од авионот, што вчера полета од Охрид за Софија, …

(ВИДЕО) Крај на потрагата: Пронајдени остатоците од авионот и четирите тела кои загинаа во несреќата Read More »

Аудио снимка од разговорот на пилотот со контролата на летање, пилотска грешка или проблеми со моторот причина за уривањето


Според првичните информации, пилотска грешка или проблеми со моторот се причина за уривањето на авионот од типот Цесна кое го превезуваше семејството Бошнаков. Четворицата бугарски државјани загинаа во падот на авионот, кој се урна пет километри северозападно од Солунска Глава. Дел од бугарските медиуми, како телевизијата „Булгариа Он Ер“, објави снимка од разговорот помеѓу пилотот …

Аудио снимка од разговорот на пилотот со контролата на летање, пилотска грешка или проблеми со моторот причина за уривањето Read More »

Народните канцеларии на Иванов го завршија мандатот


Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во центарот на Скопје не работи веќе подолго време. Просториите што свечено беа отворени во 2010 година, а беа планирани да опстојат додека трае и мандатот на Иванов, сепак, предвреме заминаа во пензија. Тие се сопственост на државата и е неизвесно дали новиот претседател ќе продолжи со иста пракса …

Народните канцеларии на Иванов го завршија мандатот Read More »

Бети Бацијана, партнерката на Ципрас : Изглед според протокол


Елегантна, во строг костум, со бела блуза и елегантни салонки на потпетица Бети Бацијана (45), невенчаната сопруга на грчкиот премиер Алексис Ципрас (44) , вчера, сама, се поклони пред гробот на славниот Грк, Георгиос Зорба, кој е погребан на гробиштата „Бутел“. Посетата на гробот на Зорба беше во рамките на женската програма, но тоа беше …

Бети Бацијана, партнерката на Ципрас : Изглед според протокол Read More »

Мијалков за Бошкоски: И јас би се срамел да ме фатеа со 100.000 евра


Поранешниот министер и лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, по апсењето во 2011 година пред ресторанот „Воденица“ бил депресивен, вознемирен и посрамен. Ваква оценка во своите сведочења дадоа вчера затворските лекари кои го прегледувале Бошкоски во затворот. Општиот лекар рече дека во истражниот затвор „Скопје“ веднаш го прегледал Бошкоски штом бил притворен. „Беше психички …

Мијалков за Бошкоски: И јас би се срамел да ме фатеа со 100.000 евра Read More »

Нов обид за договор за законот за обвинителство: Прво избори, па закон за СЈО


Мали се шансите законот за јавното обвинителство, со кој се уредува и статусот на Специјалното јавно обвинителство, да биде донесен пред 5 мај, односно пред завршувањето на вториот круг од претседателските избори. Во оваа насока се информациите што доаѓаат од преговарачките тимови во Министерството за правда, кои не влеваат многу оптимизам дека во скоро време …

Нов обид за договор за законот за обвинителство: Прво избори, па закон за СЈО Read More »

Во Кривичен нови рочишта за „Таргет-Тврдина“ и „ТНТ“


Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Таргет-Тврдина“ и „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир …

Во Кривичен нови рочишта за „Таргет-Тврдина“ и „ТНТ“ Read More »

Хан: Заев и Ципрас го поплочија патот кон нова ера на соработка


Белгија– Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан преку Твитер им честиташе на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за проодлабочувањето на односите меѓу двете земји. – Им честитам на лидерите на Грција и на Северна Македонија зашто го поплочија патот кон нова ера на пријателски и продуктивни односи, во интерес на своите граѓани и …

Хан: Заев и Ципрас го поплочија патот кон нова ера на соработка Read More »

Димитров во Вашингтон на состанок на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО


Шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска и утре ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што ќе се одржи во Вашингтон. Ова е прв состанок на министерско ниво на кој, претставена преку министерот Димитров, нашата држава активно ќе учествува во својство на поканета земја за членство. Димитров во …

Димитров во Вашингтон на состанок на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО Read More »

Познат идентитетот на загинатите во авионската несреќа кај Солунска Глава


Бугарските државјани Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и двете ќерки загинаа во авионската несреќа што попладнево се случи кај Солунска Глава, објавија дел од бугарските медиуми. -Авионот Цесна за кој во 16:16 часот од М-НАВ беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија од припадници на МВР е пронајден нешто по …

Познат идентитетот на загинатите во авионската несреќа кај Солунска Глава Read More »

Потрагата е прекината: Лоцирани се остатоците од авионот и телата на патниците


Поради лошите временски услови вечерва е прекината потрагата по малиот авион од типот Цесна П210Н, кој попладнево се урна кај Солунска Глава при што загинаа четири лица бугарски државјани. Остатоците од авионот се лоцирани на непристапен терен на голема височина, информираат од КИНСИВ – Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти. Оттаму додаваат …

Потрагата е прекината: Лоцирани се остатоците од авионот и телата на патниците Read More »

Авион исчезна од радарот кај Солунска Глава, полициски хеликоптери вршат потрага


Мал воздухоплов од типот Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија попладнево во 16:16 часот е изгубен од радарскиот систем на контролата за летање. Контактот е изгубен западно од Слунска Глава. Два полициски хеликоптери се во потрага на изгубената Цесна, потврди за МИА директорот и претседател на УО М-НАВ, Николче Тасески. -Во 16:16 часот …

Авион исчезна од радарот кај Солунска Глава, полициски хеликоптери вршат потрага Read More »