(ВИДЕО) Пукање во северно Косово: Пет полицајци повредени


Косовската полиција во соработка со полицискиот инспекторат спроведува операција на северот на Косово во која се уапсени неколкумина полициски службеници и неколку граѓани осомничени за вмешаност во шверцување во Зубин Поток и други делови на северот на Косово.

Во меѓувреме, локалните Срби во Зубин Поток направија барикада каде се слушнаа истрели.

Како резултат на отпорот во северна Митровица, пет полицајци се повредени.

Случајот беше потврден од портпаролката на болницата во Митровица, Нита Мустафа.

“По четири повредени полицајци, во моментов се лекува уште еден полицаец кој има мали повреди”.