Објавен тендер за чистење на линданот во ОХИС


Меѓународен тендер за избор на технологија за отстранување на линданот и неговите изомери од кругот на фабриката ОХИС во Скопје е објавен вчера и се очекува да биде отворен до 11 ноември, информираат од Македонското еколошко друштво. Оттаму наведуваат дека проектната канцеларија за неразградливи органски загадувачи (POPs) во изминатиот период ја комплетираше документацијата за објавување […]

И Британија ни го ратификува Протоколот за НАТО


По Италија, денеска и во Велика Британија заврши постапката за ратификација на Протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Во Велика Британија, постапката за ратификација на Протоколот почнува од владата, а завршува во парламентот. Веста дека и Велика Британија го ратификува Протоколот, исто така ја пренесе министерката за одбрана Радмила Шекеринска  преку социјалните […]

Истражување: Секој осми Македонец не би простил прељуба


Секој осми млад човек во Република Северна Македонија не би простил прељуба во бракот, речиси за секој шести се прифатливи предбрачни сексуални односи, додека една четвртина од младите би избрале абортус поради несакана бременост. Ова се дел од резултатите на најновото истражувањето за перцепцијата на младите во РСМ во поглед на нивните религиски, етички и […]

Заев во Виена : Очекувам ЕУ да се врати на изворните принципи


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска учествуваше во дебатата на тема “Северна Македонија: Европски перспективи и зајакнување на домашните реформи за социјална еднаквост“, што се одржа во организација на Институтот Карл Ренер и Фондацијата Фридрих Еберт во Виена. На дебатата, на која учествуваше и Андреас Шидер, член на Европскиот парламент и  претседавач со […]

И „Шамарите во Центар“ вратено на почеток


Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година денеска почна одново поради истек на 90 дена од одржување на последното рочиште. Случајот го води судијата Душко Јосифовски, а застапник на обвинението е Фатиме Фетаи. Обвинителката Фетаи, на почетокот на денешното рочиште, со оглед на тоа, како што рече, дека постапката трае веќе повеќе […]

Вангеловски прима плата иако е суспендиран


Жалбата на разрешениот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, која ја поднесе до Судскиот совет, сè уште не е стигната до Врховниот суд. Додека Вангеловски ја чека одлуката по неговата жалба, тој и другите судии што ги разреши Судскиот совет редовно си примаат плата. „До правосилност на решението им се исплаќа плата на сите судии […]

Бриселско „не“ (не) го носи Заев на избори


„Договорот од Преспа има централно место во плановите за иднината на земјата. Тој е и суштината на амбициите за вашата младина и на тоа што може да го направиме заедно во годините што следуваат. Тоа е едноставната, јасна и скромна порака која сакам да ви ја пратам. Јас не можам да се ставам на вашето […]

Одлуката за старт на преговори со Северна Македонија и Албанија оди на Самит на ЕУ


Луксембург- Советот на министри за општи работи на ЕУ вчера доцна попладнето заврши без заклучок за започнување преговори со Албанија и Северна Македонија, па одлуката се префрла кај шефовите на држави или влади кои ќе се сретнат в четврток и петок во Брисел. И покрај обидите на финското претседателство да постигне компромис помеѓу земјите членки […]

Могерини повикува да се донесе вистинска одлука за преговори со Македонија


За да се зајакне постигнатиот напред на Балканот, сега е моментот да отвориме пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Се надевам дека нашите лидери во следните денови ќе ја донесат вистинската одлука, изјави денеска високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини. Во говорот за „Улогата на ЕУ како глобален играч“ […]

„Фајненшел тајмс“: Франција си игра со оган


Министрите за надворешни работи и за надворешни работи на ЕУ се судрија во Луксембург во последниот обид да постигнат договор пред самитот на ЕУ оваа недела каде што многу земји членки сакаат да го започнат пристапниот процес за Скопје и Тирана како дел од стратегиската битка за Западен Балкан. Но француските приговори предизвикаа тензии околу […]

Ниту министрите не ни дадоа датум


Во Брисел вечерва ни се случи веќе видено сценарио – штом дојде нашата држава на дневен ред за да направи суштински напредок, некои интереси ја блокираат. На министерскиот состанок во Луксембург, Франција, поддржана делумно од Холандија, се спротивстави на носењето одлука за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија. Париз стоеше цврсто […]

Фирмите на Боки 13 и блиски до него затаиле данок повеќе од 20 милиони денари


Повеќе од 20 милиони денари се индициите за затаен данок од фирмите поврзани со првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Управата за јавни приходи (УЈП) открила затајување данок во БМЈ груп, Меѓународен сојуз и Томато продукција, а контрола извршила и во 1ТВ. Во Меѓународниот сојузи во кој претседател беше токму Боки 13, […]

Финска понуди раздвојување на преговорите со Северна Македонија и Албанија


Луксембург – По првата рунда разговори помеѓу земјите членки на ЕУ за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија, финското претседателство на маса официјално го стави раздвојувањето на преговарачкиот процес на двете земји. Информацијата е потврдена од три земји членки на ЕУ, но француски дипломатски извори тврдат дека „речиси нема шанса“ Франција да го прифати […]

Заев: Ова е неповторливо време за државата


Ова е неповторливо време за нашата земја, следна членка на НАТО сме, очекуваме позитивна одлука од ЕУ, тоа се можности за уште поголем економски развој и бенефити за граѓаните, напиша денеска премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил. Упатува голема благодарност и до почесните конзули за сѐ што прават во подобрување на имиџот на државата […]

Пендаровски за Ди Пресе: Дајте ù шанса на Северна Македонија


Македонскиот претседател Стево Пендаровски во интервју за австрискиот весник „Ди пресе“ упатува апел до европските лидери дека е потребно да се даде шанса за почнување преговори со ЕУ. Ди Пресе: Франција неодамна имаше негативно се произнесе за проширувањето, дали сè уште се надевате дека ќе добиете сигнал од ЕУ за отворање на претпристапните преговори на […]

Интервју со Никола Попоски: Не бркам фотелја и не формирам партија, но сакам промени


Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски ретко се појавува во медиумите, но и при партиските активности на ВМРО-ДПМНЕ. Во интервју за „Независен весник“, тој зборува за шпекулациите дека ќе формира нова партија, каков е неговиот однос со Христијан Мицкоски, кој ќе победи на парламентарните избори в година, за неговите лични амбиции, како и дали […]

Блок: Северна Македонија е поподготвена од Албанија


Луксембург– Министерот за надворешни работи на Холандија Стеф Блок денеска ја повтори позицијата на неговата земја дека Северна Македонија е поподготвена од Албанија за почеток на преговорите со ЕУ. Пред почетокот на Советот на министри на ЕУ во Луксембург на кој ќе се расправа за старт на пристапните преговори со Скопје и Тирана, Блок изјави […]

Популизам или мобилност. Кабинетот на Заев се пресели на Широк сокак


Владата вчера во „вонредни услови“ одржа редовна седница. Наспроти досегашната практика, владините седници, главно, да се одржуваат во вторник, во работно време и на „Илинденска“ бр. 2 во Скопје, кабинетот на Зоран Заев понеделнички се пресели во општинската зграда во Битола. Оваа владина седница беше закажана во приквечерина, а претходно, во текот на денот, се […]

Без одвојување од Албанија потешко до ЕУ преговори за Северна Македонија утре


Нема напредок во позициите на земјите-членки на ЕУ за отворањето преговори со Албанија и Северна Македонија по вечерашниот амбасадорски состанок во Луксембург. Ставот на Франција останува непроменет во однос на преговорите со Тирана и Скопје. Париз смета дека е потребно повеќе време за реформа на преговарачкиот процес за земјите-кандидати и дополнителни докази за борбата против […]

Заев: Владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, останувам силно убеден дека ќе добиемe датум


Франција и Германија синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда, изјави македонскиот премиер Зоран Заев, коментирајќи го амбиентот во пресрет на самитот на европските лидери. Останувам силно убеден дека ќе добиемe датум за преговори, нагласи Заев пред почетокот […]