Лидерите на ЕУ се уште без договор за датум за преговори со Скопје и Тирана


Лидерите на Европската Унија се разотидоа околу два часот изутринава по долга вечер преговори за проширувањето, но без договор и без заклучоци ни за Скопје ни за Тирана. Финскиот премиер Анти Рине, по самитот, за медиумите кусо порача дека се надева дека лидерите ќе се навратат на прашањето во текот на денешниот ден, но без […]

Нови рочишта за „Ласкарци“, „Титаник 3“, „Траекторија“ и повторената постапка за „Триста“


Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за случаите „Ласкарци“, „Титаник 3“, „Траекторија“ и повторената постапка за „Триста“. Случајот за автобуската несреќа кај Ласкарци го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски. За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото […]

Законите за стечајците и за класифицирани информации пред пратенциите


Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе го одржи четвртото продолжение на 114.седница во рамки на која ќе расправа за дополнетите предлог – закони за изменување и дополнување на законите за задолжително осигурување во сообраќајот, за воздухопловство, дополнетиот предлог – закон за Инспекторат за употреба на јазиците, во второ читање. На дневен ред на седницата […]

Сасоли: Треба да им кажеме да на Северна Македонија и Албанија


Одлуката за отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија, климатските промени, реформи на ЕУ системот за миграции се темите за кои како итни за расправа заложи денеска претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли. -Во мојот прв говор пред Европскиот совет како претседател на Европскиот парламент ја нагласив итноста од отворање на прашањата поврзани со […]

Станишев: Макрон води политика на инает, местото на Северна Македонија и Албанија е во ЕУ


Местото на Северна Македонија и Албанија е во Европската Унија. За жал уште еднаш важни одлуки за иднината на ЕУ стануваат жртва на неодговорно однесување, базирано на краткорочни внатрешнополитички размислувања, изјави лидерот на Партијата на европските социјалисти, Сергеј Станишев на подготвителната средба на левите премиери и еврокомесари пред Европскиот совет денеска во Брисел. Тој нагласи […]

Францускиот Сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО


Францускиот Сенат го усвои во прво читање предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен без измени на 9 октомври 2019 година од страна на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили, по извештајот на сенаторката Жоел Гаријо Мајлам. Останува договорот да биде ратификуван и од […]

Проширувањето на дневен ред на Самитот на ЕУ вечерва, Франција не попушта


Белгија – Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, ја утврди агендата на дискусиите на дводневниот Самит на ЕУ. Проширувањето ќе се разговара за време на вечерата, по дискусиите за Брегзит, кои би требало да се одвиваат побргу од очекуваното откако Брисел и Лондон постигнаа договор пред малку. Според висок функционер на Европската Унија инволвиран во подготовката […]

Меркел признава: Шансите за датум не се добри


Шансите за постигнување согласност на Самитот на ЕУ за давање датум за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија не се добри, оцени германската канцеларка во владината изјава дадена денеска во Бундестагот, пренесува Дојче Веле. – Ние имаме одговорност кон овие држави. Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им […]

Нов почеток без крај за предметите на СЈО


Судењето за насилствата пред Општина Центар, што се случија на протестите во јуни 2013 година, вчера почна одново поради истекот на 90 дена од одржување на последното рочиште. Иако судскиот процес за овој предмет почна пред три години, обвинителката што го води овој случај, Фатиме Фетаи, пак даваше воведни зборови и обвинетите пак се изјаснуваа […]

Ципрас до Јункер: Прашање на кредибилитетот на ЕУ е почеток на пристапни преговори со Северна Македонија


Грција – Прашање на меѓународниот кредибилитет на ЕУ е да одлучи за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија, му рекол поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер на нивната вчерашна средба во Брисел, според информациите на грчката новинска агенција АНА-МПА. – Алексис Ципрас го постави и прашањето со Северна […]

Законот за обвинителство ја „надживеа“ и одлуката од Брисел


Ниту средината на октомври, односно пред одлуката од Брисел за (не)добивање на датум за преговори со ЕУ, не се покажа како краен рок кога требаше да биде донесен законот за обвинителство. Партиите ја префрлаат одговорноста кон политичкиот противник обвинувајќи ги за неуспехот во донесувањето на законот, кој иако беше посочуван како невлијателен за судот на […]

Лидерите на ЕУ денеска и утре ќе одлучуваат дали Северна Македонија може да почне преговори


Белгија– Во Брисел попладнево започнува дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, на кој една од точките на разговори ќе биде одлуката за почеток на преговори за Северна Македонија и Албанија. ЕУ не успева да постигне компромис по ова прашање веќе година и половина, пред сѐ поради противењето на Франција, која смета дека е неопходно […]

Барем во НАТО минуваме брзо и (по)мазно


Среде драмата околу одлуката на ЕУ за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија, во земјава вчера стигнаа добри вести од Рим и од Лондон – дека во тамошните парламенти е ратификуван Протоколот за членство на нашата земја во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб на Твитер објави фотографија со нашата амбасадорка во […]

„Политико“: Франција ја заврши валканата работа на Путин


Франција играше на свој начин – и се соочи со пораз: Францускиот министер за европски прашања Амели де Моншалан во вторникот блокираше не еден, не два, туку три обиди на финското претседателството да најде компромис за почетокот на разговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија и Албанија. Изолирана, la France? Француски дипломатски функционер инсистираше на […]

Макрон бара трпение за преговори со Скопје и Тирана, Меркел се надева на компромис


Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ. На заедничката прес – конференција со германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на двете влади во Тулуз, Макрон кажа дека двете земји направиле значителен напредок во домашните реформи, но […]

Заев и Хан: Лидерите на ЕУ да дадат зелено светло за преговори, ниедна земја не направи толку болни реформи и мерки


По се што направивме убедени сме дека треба да добиеме одлука за почеток на пореговорите со ЕУ сега и веднаш. Подготвени сме за тоа политички и институционално. Секое одложување ќе биде прочитано како негативна одлука и ќе има многу негативни ефекти, високо ниво на разочарување кај граѓаните и кај сите кои го поддржаа спроведувањето на […]

Заев бара одлука веднаш, лидерите на ЕУ да не бидат наша пречка


По се што направивме убедени сме дека треба да добиеме одлука за почеток на пореговорите со ЕУ сега и веднаш. Подготвени сме за тоа политички и институционално. Секое одложување ќе биде прочитано како негативна одлука и ќе има многу негативни ефекти, високо ниво на разочарување кај граѓаните и кај сите кои го поддржаа спроведувањето на […]

Заев: Ако ЕУ не донесе одлука за преговори тоа ќе значи дека не го почитува Преспанскиот договор


Ако Европската Унија не донесе одлука за почнување на преговори со Северна Македонија тоа практично ќе значи дека не го почитува, па дури и дека го казнува Преспанскиот договор, вели премиерот Зоран Заев во изјава за српската новинска агенција Танјуг. -Сите велат дека Преспанскиот договор досега е еден од најдобрите примери на Западен Балкан. Ако […]

Министрите повторно ќе расправаaт за датумот по европскиот самит


Кусиот заклучок по министерскиот совет на кој земјите членки на ЕУ не одобрија датум за Македонија наведува дека расправата за ова прашања во овој момент е завршена и дека европските лидери може и нема да разговараат за проширувањето. Дека црвстата блокада на Франција, всушност, значи и крај на расправата. Освен ако претседателот на Европскиот совет, […]

Спасовски: Направивме се што требаше да биде направено за да добиеме датум


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека очекува државата да го добие заслужениот датум за почеток на преговори бидејќи е испорачано од наша страна се што е побарано од ЕУ, но сепак остава простор да се почека конечната одлука што треба да ја донесат лидерите на ЕУ на Самитот во Брисел утре и задутре. […]