Министрите повторно ќе расправаaт за датумот по европскиот самит


Кусиот заклучок по министерскиот совет на кој земјите членки на ЕУ не одобрија датум за Македонија наведува дека расправата за ова прашања во овој момент е завршена и дека европските лидери може и нема да разговараат за проширувањето. Дека црвстата блокада на Франција, всушност, значи и крај на расправата. Освен ако претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, не ја стави оваа точка на дневен ред.

Заклучокот на финското претседателство е буквално во две реченици:

„Претседателството потсети на заклучоците од 18 јуни 2019 година да се наврати не подоцна од октомври 2019 на прашањето за препораката на Комисијата за отпочнување преговори со Република Северна македонија и Албанија.

Во светлина на дискусијата на Советот за Република Северна македонија и Албанија, претседателството забележува дека Советот ќе се наврати на прашањето по Европскиот совет“.

Што ќе се случи на самитот на европските лидери навистина е нејасно. Проширувањето не е на официјалниот дневен ред, туку тоа може да се најде во забелешката дека лидерите во зависност од настаните би можеле да разговараат за надворешно политички прашања. (Н.В.)