Skip to content
29/10/2026
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Search
Независен Весник
Search
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Проширувањето на дневен ред на Самитот на ЕУ вечерва, Франција не попушта

17/10/2019 12:52

Белгија – Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, ја утврди агендата на дискусиите на дводневниот Самит на ЕУ. Проширувањето ќе се разговара за време на вечерата, по дискусиите за Брегзит, кои би требало да се одвиваат побргу од очекуваното откако Брисел и Лондон постигнаа договор пред малку.

Според висок функционер на Европската Унија инволвиран во подготовката на самитот, Франција засега не покажува знаци на флексибилност, но претседателот Доналд Туск е решен да се обиде да постигне компромис. Сепак, предупредува овој извор, ризикот да не се дојде до договор е реален и не треба да се потценува.

Доналд Туск бил во контакт со францускиот претседател Емануел Макрон кој му кажал дека нема промена на неговиот став, порачуваат во ЕУ. Франција исто така не сакала воопшто да се разговара за проширувањето на самитот, но Туск смета дека темата мора да се отвори затоа што во прашање е кредибилитетот на ЕУ на Балканот и пошироко.

– Да не се отворат преговорите со Северна Македонија и Албанија би била грешка и прашањето не е што мисли Европската Комисија или што мислат земјите членки, туку прашањето е да се постигне консензус. Дипломатите стравуваат дека може на самитот да се повторат гневните дебати на оваа тема што ги видовме на министерско ниво, вели висок дипломатски извор на брифинг со новинарите утрово.

Од Брисел истакнуваат и дека ако се дојде до компромис почетокот на преговорите нема да се случи пред 2020-та година.

Што се однесува до Франција, нејзиниот став, според овие извори, е дека е потребна реформа на методологијата на преговорите за членство, но дипломатите потврдуваат дека Париз дури сега го става на маса овој предлог, а не кога започнаа дебатите во јуни минатата година.

Сепак, се чини дека има доста широк консензус кај другите земји дека е прифатливо да се размислува за промена на методологијата, но и дека тоа не треба да ги држи во заложништво земјите кандидати.

Од Доналд Туск се очекува на маса да ги стави и Скопје и Тирана. Според него, тоа е најдоброто решение, но, иако не е кажано експлицитно, раздвојувањето на земјите може повторно да биде предложено вечерва и од Туск.

– Се согласувам дека Северна Македонија направи неверојатни работи со промената на името, одговара дипломатот на прашањето за можно раздвојување.

ReplyForward


Поврзани содржини

Искра Хаџи-Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал
28/10/2026 19:10
Вреди ќе го поддржи кандидатот на ДУИ во Брвеница. Дали и гласачите?
28/10/2026 16:10
За два дена искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар
28/10/2026 15:10
Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со друг договорен ангажман
28/10/2026 15:10

Со m.Uslugi нема одење по шалтери: И лична карта и возачка може да се чува на неа
28/10/2026 14:10
Фирмата од Василево го повлече предлогот за стечај на ЗК „Пелагонија“ – Битола
28/10/2026 14:10
Стојна Димитровска од Куклица, пак е приведена за закана кон туристи
28/10/2026 14:10
Савески: Сите кандидати за нов шеф на ОЈО ГОКК се докажани професионалци
28/10/2026 13:10

Најчитани


  • Никола Груевски пак снимен во елитен ресторан во Будимпешта
    22/10/2026 11:17
  • Вучиќ призна пораз: „Овие избори ги изгубивме“
    25/10/2026 21:45
  • Македонската Воена академија прими шест босански питомци и 34 македонски
    22/10/2026 13:48
  • Олигарх многу близок до Виктор Орбан ќе го гради автопатот Букојчани – Кичево
    22/10/2026 12:30
  • Радев предлага само еден учебник по историја. Историчарите тоа го нарекоа „чекор кон авторитаризам“
    22/10/2026 16:12
  • Кои се луѓето што го победија Вучиќ?
    26/10/2026 12:42

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење