Заев: Ова е неповторливо време за државата


Ова е неповторливо време за нашата земја, следна членка на НАТО сме, очекуваме позитивна одлука од ЕУ, тоа се можности за уште поголем економски развој и бенефити за граѓаните, напиша денеска премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Упатува голема благодарност и до почесните конзули за сѐ што прават во подобрување на имиџот на државата и ги повикува во претстојниот период посебно да партиципираат во позитивните процеси, во економските придобивки и развојот на државата.