Пратениците зад затворена врата ќе решаваат за Јанева


Собраниската Комисија за избори и именувања денеска зад затворена врата ќе расправа по извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, откако Советот го отфрли барањето на претседателот на Комисијата Илија Димовски да го декласифицира материјалот, а за тоа дали ќе се расправа на затворена или отворена за јавноста …

Пратениците зад затворена врата ќе решаваат за Јанева Read More »

Предметите на СЈО се селат во ЈО


На 10 дена пред истекот на мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во КПУ Затвор Скопје – Скопје како осомничена за случајот „Рекет“, предметите од СЈО со нејзино полномошно се селат во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје известувањето од Катица …

Предметите на СЈО се селат во ЈО Read More »

Британските пратеници донесоа нацрт-закон за одлагање на брегзит, Џонсон бара избори


Британските законодавци го поддржаа во трето и последно читање предлог-законот со кој премиерот Борис Џонсон се задолжува да побара од Европската унија одлагање на датумот за брегзит за три месеци – до 31 јануари 2020 година. Тоа може да го принуди премиерот да распише предвремени избори. Пратениците го усвоија законот со 327 гласови „за“, додека …

Британските пратеници донесоа нацрт-закон за одлагање на брегзит, Џонсон бара избори Read More »

Пендаровски: Безбедносната состојба во земјава е стабилна


Безбедносната состојба во земјава е стабилна. Нема никакви индикатори ниту внатре во нашите граници, ниту надвор од границите во блискиот и поширокиот регион дека таа би можела битно суштински да се влоши до ниво да го загрози интегритетот и суверенитетот на Република Северна Македонија. Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски вечерва на прес-конференцијата по завршувањето …

Пендаровски: Безбедносната состојба во земјава е стабилна Read More »

Известувањето од Катица Јанева доставено до државното Јавно обвинителство


Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставил известување од јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое го примил преку КПУ Затвор Скопје- Скопје. -Во известувањето се наведува дека јавниот обвинител за гонење …

Известувањето од Катица Јанева доставено до државното Јавно обвинителство Read More »

Советот на јавни обвинители го отфрли барањето за декласификација на извештајот за Јанева


Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија го отфрли барањето за декласификација на извештајот за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесен до Собранието. – На одржаната седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија на ден 04.09.2019 година, Советот донесе заклучок дека барањето за декласификација на извештајот за утврдена фактичка …

Советот на јавни обвинители го отфрли барањето за декласификација на извештајот за Јанева Read More »

Јанева од Шутка испратила писмо до СЈО


Специјалната обвинителка Катица Јанева, која се наоѓа во притвор во истражниот затвор во Шутка испратила писмо-Наредба до Специјалното обвинителство во рок од три дена сите случаи да му ги предаде на Јавното обвинителство, дознава Пресинг ТВ. Повикувајќи се на нивни извори, Пресинг ТВ пишува дека писмото вчера било добиено во СЈО и веднаш било ставено …

Јанева од Шутка испратила писмо до СЈО Read More »

Мицкоски: За правдата не планирам компромис, нема ново Пржино


Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео порака на Фејсбук, осврнувајќи се на преговорите за законот за Јавно обвинителство,  порачува дека за правдата не планира никаков компромис и оти препознава задни намери кај власта на која и порачува, како што наведува, „да не се надева на ново Пржино и некаков нов договор на кој …

Мицкоски: За правдата не планирам компромис, нема ново Пржино Read More »

Димитров: Старт на преговорите со ЕУ и членство во НАТО за да ги задржиме младите дома


Северна Македонија очекува да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври, што ќе ги убеди младите луѓе да не ја напуштаат земјата во потрага по европски начин на живот, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во изјава за Ројтерс. – Стравуваме дека земјите од Западен Балкан ќе бидат обесхрабрени во натамошниот …

Димитров: Старт на преговорите со ЕУ и членство во НАТО за да ги задржиме младите дома Read More »

Албанија нè престигнува во битката против корумпираните функционери


Планираното обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција, во кое би се споиле обвинителствата што досега ги водеа Катица Јанева и Вилма Русковска, треба да стартува со работа за само две седмици. Но тоа ќе се реализира само ако во наредните денови парламентарните партии постигнат консензус за новиот закон за јавно обвинителство, кој е …

Албанија нè престигнува во битката против корумпираните функционери Read More »

Ременски дојде во Обвинителството на распит за „Рекет“


Пратеничката Фросина Ременски изутринава дојде во Обвинителството за организиран криминал и корупција за да даде исказ во врска со случајот „Рекет“. По обелоденувањето на аферата „Рекет“, Ременски се споменуваше како почесна претседателка на Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13. Исказ за „Рекет“ во Обвинителството, претходно неделава дадоа и водителката Лила Филиповска и бизнисмените …

Ременски дојде во Обвинителството на распит за „Рекет“ Read More »

Јанева оди во аут сосе тајните од „Рекет“?


Разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева е закажано за в четврток на програмата во парламентот. Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе се состане утре во 12 часот за да го разгледува извештајот од Советот на јавни обвинители, според кој, Јанева својата функција ја извршувала незаконски, несовесно и нестручно, алудирајќи на аферата „Рекет“. …

Јанева оди во аут сосе тајните од „Рекет“? Read More »

Наследникот на Јанева мораше да се знае досега


Разрешувањата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева отвора низа дилеми во јавноста за кои засега нема институционален одговор. Дали со прекинувањето на нејзиниот мандат ќе престане и мандатот на останатите обвинители на кои таа им е надредена? Значи ли тоа по автоматизам и прекин на судењата? Што ќе значи евентуално неуспешниот епилог на политичките преговори …

Наследникот на Јанева мораше да се знае досега Read More »

Одржан првиот состанок на Комитетот за преговори за пристапување во ЕУ


Комитетот за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија одржа конститутивен состанок на кој се разгледуваа модели за вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на пристапни преговори, со цел поадекватно позиционирање на државата во клучните фази на процесот на пристапување на земјата во Унијата, соопшти вечерва владината прес-служба. На состанокот е поздравена …

Одржан првиот состанок на Комитетот за преговори за пристапување во ЕУ Read More »

Димитров: По 10 препораки и европски компримис ЕУ да донесе позитивна одлука


После десет препораки на Европската комисија дека сме подготвени да почнеме преговори за членство, со решение на нерешливото прашање поради кое изгубивме цела генерација, постигнувајќи европски компромис, Европската унија треба конечно да донесе позитивна одлука, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров при учеството на Бледскиот стратешки форум. На панелот насловен „Западен Балкан – европеизација, …

Димитров: По 10 препораки и европски компримис ЕУ да донесе позитивна одлука Read More »

Заев: Верувам дека ќе има решение за законот за ЈО, политиката не смее да ги премине црвените линии


Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата рече дека е оптимист и дека очекува до 15 септември со консензус да биде донесен законот за јавното обвинителство. Правдата и предметите на СЈО, рече Заев, мора да бидат осигурани. Во преговорите за законот, црвените линии кои се јасно поставени, не смеат да бидат поминати, а планот „Б“ …

Заев: Верувам дека ќе има решение за законот за ЈО, политиката не смее да ги премине црвените линии Read More »

Адвокатот Павлески се откажа од Јанева, ќе ги брани обвинетите од СЈО


Адвокатот Стеван Павлески и го откажа полномошното на Катица Јанева, која ја застапуваше во случајот „Рекет“. Поради конфликт на интереси, тој мораше да се одлучи дали ќе ја застапува специјалната јавна обвинителка или обвинетите од СЈО. Павлески е адвокат и на бизнисменот Цветан Панделевски во предметот на СЈО наречен „Империја“ и на Љупчо Георгиевски во …

Адвокатот Павлески се откажа од Јанева, ќе ги брани обвинетите од СЈО Read More »

Димовски за в четврток ја закажа седницата на Комисијата за разрешување на Јанева


Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски, за в четврток во 12 часот ја закажа седницата на која ќе се разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера го достави извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева …

Димовски за в четврток ја закажа седницата на Комисијата за разрешување на Јанева Read More »

Шекеринска: Постигнавме брз прогрес, сега е време ЕУ да покаже брза реакција


Само пред нешто повеќе од две години, мојата земја беше извор на загриженост кај повеќето сојузници во НАТО и Европската Унија. Се боревеме со тешка политичка криза, со пад на демократијата, значителен пад во слободата на медиумите, па дури и со агресивна политичка конфронтација. Сепак, потребна беше нова влада, огромна политичка одлучност, храброст и способност …

Шекеринска: Постигнавме брз прогрес, сега е време ЕУ да покаже брза реакција Read More »