Како ќе изгледа светот по пандемијата: Пет можни сценарија


  Пет сценарија се можни за развојот на светскиот поредок до 2030 година по пандемијата со корона вирус, смета американскиот стручњак за меѓународна политика Џозеф Нај. Нај, некогашен декан на факултетот за политички науки на Харвард и висок советник и функционер задолжен за надворешна политика во администрациите на повеќе американки претседатели, во авторски текст за […]

Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 2.892, најмногу се во Скопје – 1.166


Нови, досега рекордни кај нас, 317 случаи со Ковид-19 од 1.990 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа.  Во болнички услови починати се четири пациенти и тоа еден од Скопје (59 г.), еден од Струга (65 г.), и двајца од Гостивар (71 г. и 76 г.). Регистрирани се […]

Фуере: Заканите од Бугарија треба да ја загрижат ЕУ


Поранешниот амбасадор на ЕУ Ерван Фуере, во изјава за МИА вели дека заканите за блокирање на преговарачкиот процес со ЕУ од страна на Бугарија треба да ја загрижи Европската унија. Како што јави дописничката на МИА од Брисел по објавувањето на извештајот за реформскиот напредок на Македонија и другите земји од регионот, поранешниот ЕУ амбасадор […]

Музичарите и угостителите протестираат пред Владата (галерија)


Музичарите и угостителите денес со маски протестираат до 17 часот пред зградата на Владата , под мотото „Протестирам против уништувањето на ноќните клубови“. Не се согласуваат дека угостителските објекти се причина или може да бидат потенцијални жаришта за ширење на коронавирусот. Побројни се фолк-пејачите , меѓу нив фолк-ѕвездите Наум Петрески и Миле Кузмановски и кралот […]

(ВИДЕО) Вархеи: Да не драматизираме, проблемот со Бугарија не е нерешлив


Премиерот Зоран Заев денес ги прими директно од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи извештајот за Македонија и новиот Економски и инвестициски план на ЕУ за регионот на Западен Балкан, кој тежи 9 милијарди. -Целиот пакет документи се придонес кон создавање амбиент за силен политички момент  за конечен исчекор во европската агенда на нашата земја со […]

Светска банка ни предвидува пад од 4,1 отсто, но и зголемување на сиромаштијата


Македонската економија годинава ќе забележи пад од 4,1 отсто, додека наредната 2021 година ќе се врати на патеките на раст од 3,6 и во 2022 година од 3,5 отсто, прогнозира Светска банка во најновото издание на „Економски извештај за Европа и Централна Азија“ под наслов „КОВИД-19 и човечкиот капитал“, што беше објавен денеска. „Пандемијата силно […]

Есенски бран на Ковид-19, од понеделник патување без ПЦР-тест во четири земји


Нашата и уште четири земји од  регионот со заедничка иницијатива во координација на министерствата за здравство одлучија од понеделник да дозволат влез без приложување негативен ПЦР-тест на граничните премини. Владата вчера на седница донесе одлука од 12 октомври да им се овозможи непречен влез на државјаните од Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, […]

ЕК го подготви извештајот, слаби точки јавната администрација и владеењето со декрети


Европската Комисија попладнево ќе ги објави редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од Западниот Балкан и Турција, како и долгоочекуваниот Економски и инвестициски план за регионот. Во извештајот за Македонија  е нотиран напредок во мнозинството области, но и делови каде е потребен дополнителен напор, како што се медиумите и законодавството за спречување на дискриминација. […]

ЕУ фондовите како „црн кавијар“ за олигарсите во Бугарија


Европските фондови за Бугарија се како „црн кавијар“ за нејзините олигарси и мора да бидат запрени. Група вампири ја цицаат оваа прекрасна земја и нејзините луѓе. Механизмот за верификација на ЕУ мора да се задржи затоа што бугарскиот народ не верува во судството и сака мониторингот на земјата да продолжи. Ова беше тонот на расправата […]

(Видео) Трамп се врати во Белата куќа и повторно ги шокира сите: „Не плашете се од ковид“


Доналд Трамп кратко време откако вчера објави на Твитер дека ќе го напушти медицинскиот центар „Валтер Рид“ во Мериленд, околу половина час по полноќ по македонско време се упати со претседателскиот хеликоптер кон Белата куќа, а по пристигнувањето театрално ја симна заштитната маска, шокирајќи многумина. Сето тоа, откако беше објавено дека по претседателот, неговата сопруга […]

Прво виза за ребалансот на Буџетот од пратениците, па реализација на новите антикризни мерки


Владата донесе нов ребаланс на Буџетот кој го достави на усвојување во Собранието за да се спроведе четвртиот сет антикризни мерки за поддршка на економијата и граѓаните. Приходите со новиот, втор ребаланс годинава поради корона-кризата, се пониски за 0,2 отсто во однос на првиот ребаланс, расходите се повисоки за 4,2 отсто, а дефицитот е зголемен […]

Новозаразени 83, но од 539 тестирани, починаа четворица


Во последните 24 часа се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 34 -Куманово 3 -Штип 6 -Тетово 5 -Струга 3 -Велес 3 -Охрид 1 -Гевгелија 1 -Струмица 5 -Крива Паланка 1 -Радовиш 1 -Кочани 9 -Берово 1 -Валандово 5 -Виница 1 -Делчево 4 Починати се 4 лица, три […]

Вториот ребаланс на Буџетот ги зголеми расходите за уште 164,2 милиони евра


Владата го усвои ребалансот на буџетот за реализација на четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните и економијата   Државата годинава ќе потроши дополнителни 164,2 милиони евра, се предлага со вториот по ред ребаланс на Буџетот, што го усвои вчера Владата и кој денес ќе биде доставен до пратениците во Собранието. Падот на БДП е […]

Отворено писмо на бугарски интелектуалци против меморандумот на Софија за Македонија


Триесетина бугарски историчари, научници, универзитетски професори и јавни личности со заедничко писмо до јавноста се изјаснија против меморандумот што Софија го испрати до земјите членки на Европската унија во кој се изнесени сериозни тврдења и црвени линии на патот на Скопје кон ЕУ. Во писмото „Европа не нè разбира”, што го пренесува „mediapool.bg”, тие инсистираат […]

Бектеши: Ќе се зголемат ингеренциите на Пазарната инспекција


Мерките за угосителските објекти донесени вчера, се предлог на Комисијата за заразни болести и ние во целост ќе ги почитуваме. Но, тука сме да разговараме и да им излеземе во пресрет на угостителите ако имаат тешкотии. Зголемување на ингеренциите на Државниот пазарен инспекторат предложив јас лично кога имавме вонредна ситуација, тоа веќе се разгледува во […]

Отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тест, предлага Комисијата за заразни болести


Комисијата за заразни болести утрово донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тестирање, информира Министерството за здравство. Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со Ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на […]

По регистрирани над 600 нови случаи на КОВИД-19 за три дена, воведени ограничувања за угостителските објекти


По регистрирањето на над 600 нови случаи на инфицирани со Ковид-19 во изминативе три дена, Владата синоќа ги прифати мерките што ги претходно ги препопрача Комисијата за заразни болести, кои предвидуваат забрана на гостување на пејачи и ограничување на јачината на музиката и на бројот на гости во угостителските објекти. – Тоа значи дека повеќе […]

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 8,4 отсто – Владата го утврди ребалансот на државната каса


Владата вечерашната осма седница го утврди Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2020 година и донесе заклучок да го достави на усвојување до Собранието. Како што се наведува во соопштението на владината Прес-служба, согласно финансиските показатели проекциите покажуваат дека дефицитот во Буџетот ќе изнесува 8,4 отсто, заради растот на расходната страна во која […]

Паника и конфузија во Белата куќа


Загриженоста се зголемува околу ширењето на вирусот во зградата и дали тоа може да го наруши функционирањето на владата   ВАШИНГТОН – Златното есенско сонце го осветли Вашингтон во саботата за да го илуминира главниот град на САД кога Доналд Трамп го започна својот прв цел ден во болницата, борејќи се со корона вирусот, во […]

Нема веќе пеачи и ди-џеи во кафеаните, на една маса најмногу четири лица


Владата на вечерашната седница ги прифати предложените мерки на Комисијата за заразни болести, кои предвидуваат забрана за гостување на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти, ограничување на јачината на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на лица кои може да седат на една маса во угостителски објект од сегашните 12 на четири, […]