Отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тест, предлага Комисијата за заразни болести


Фото: Б. Грданоски
Комисијата за заразни болести утрово донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тестирање, информира Министерството за здравство.
Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со Ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите.
Во Европската Унија, се додава во соопштението од Министерството за здравство, сите граници на движење се без ПЦР тестирање.
Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија.