Постигнат „компромис“ во ЕУ за барањата на Бугарија?


„Политико“ утринава јавува дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел наводно бил постигнат некаков „компромис“ за да почне првата меѓувладина конференција меѓу Унијата и Македонија. Тоа го изјавил за „Политико“ еден висок дипломат на ЕУ. Што има во договорот? Според „Политико“ вака наводно изгледа постигнатиот  компромис што го понудила Софија: „Бугарија ќе […]

Рекордни 870 случаи на Ковид-19 и нови мерки, задолжителна маска и забрана за групирање на отворено


Нови рекордни 870 случаи на Ковид-19 беа регистрирани вчера, додека Собранието доцна синоќа го донесе Законот за заштита на населението од заразни болести, со кој стапуваат во сила мерките на Владата за носење маска на отворено и за групирање на отворен простор, како и за задолжителна самоизолација во период на тестирање. Носењето маска на отворено […]

По 28 години Васил Тупурковски веќе не е претседател на МОК. Го наследи Даниел Димевски


Нов претседател на Македонскиот олимписки комитет е Даниел Димевски. Тој на челното место на МОК доаѓа како наследник на Васил Тупурковски кој по 28 години заминува од претседателското место. Ова е одлучено на вечерашното Изборно собрание во хотелот „Александар Палас“ во Скопје кое мина во тензична атмосфера и со предвремено заминување на десетина делегати од […]

Во болница се лекуваат 625 пациенти со Ковид-19


На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 150 пациенти. На кислородна поддршка се 113 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се осум деца и осум позитивни мајки, три деца и две мајки суспектни на ковид-19 Во ГОБ „8 Септември“ има осум приеми, а […]

Шахпаска: Се следи состојбата во градинките, засега e под контрола


Mинистерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска од Куманово, информираше дека во текот на денот се пријавени дополнителни седум ковид позитивни вработени во градинките во државата. До вчера имало вкупно 86 заболени вработени во градинките и 26 позитивни деца. Во моментов, потенцираше министерката 484 деца се наоѓаат во изолација. – Состојбата со градинките јас секојдневно ја споделувам […]

Се уште не се знае дали министри од Владата ќе одат во самоизолација по позитивниот тест на Спасовски 


Портпаролот на Владата Душко Арсовски денеска на прес-конференција соопшти дека се уште немаат информација од Институтот за јавно здравје и од Центарот за јавно колку и дали некој од контактите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е позитивен на Ковид-19, добиле решение за домашна изолација. Најави дека ќе информираат во текот на денот доколку […]

Скопјани носеа маски и пред пандемијата, се штитеа од загадениот воздух


Воздухот во Скопје е загаден, а особено тоа деновиве го чувствуваат лисичани, каде особено навечер не може да се дише, печат очите, грлото и носот. Според податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, последната недела нема ден мерните станици да не измериле водух кој е екстремно загаден и ја надминува границата од 50 […]

Расте бројот на заразени, починати и хоспитализирани од Ковид-19


Нови 628 случаи со Ковид-19 од 2236 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починати се 15 пациенти од кои седум од Скопје. Регистрирани се 531 оздравен пациент. Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 27827. Во државава вкупно оздравени се 19479 пациенти, а […]

Утре во Брисел ќе се расправа за Македонија и меморандумот на Бугарија


Станува сѐ поочигледно дека Бугарија има амбиции да ни напише целосно нова историја до ден денешен   Амбасадорите на ЕУ утре ќе имаат состанок во Брисел кој нема да биде онлајн и на него ќе се расправа за почнувањето преговори со Македонија и во врска со тоа за противењата на Бугарија. Состанокот ќе почне претпладне […]

Зошто некои луѓе тешко се разболуваат, а други лесно се опоравуваат – одговорот е во имунолошкиот систем


Студиите на пациенти со тешки случаи на Ковид-19 покажуваат дека имунолошкиот систем нема вообичаен координиран одговор   Научниците почнуваат да откриваатт една од најсложените биолошки мистерии на пандемијата на корона вирусот: зошто некои луѓе се разболуваат, додека други брзо се опоравуваат? Кај одредени пациенти, според серија на неодамнешни студии, вирусот се чини дека го прави […]

Пожарникарите штрајкуваат – Шилегов им порача: Ќе ве замениме со нови!


Скопските пожарникари се сретнаа со градоначаникот на Град Скопје, Петре Шилегов со барање во платата за октомври да биде внесен додатокот за опасност при работа. Градоначалникот најави дека се вршат законски измени во пожарникарското работење и тие би требало да стапат на сила во јуни 2021 година. -Ви се исплаќа сè што ви следува, ви […]

Макрадули ќе биде директор на Македонски пошти, Жерновски на железници?


Поранешниот градоначалник на општина Центар, и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, ќе биде директор на ЈП за Железничка инфраструктура, дознава ТВ21. Во моментов со претпријатието раководи Фестим Халили, кадар на ДУИ. Се очекува следните недели Владата да го предложи на УО, а потоа Жерновски да биде избран за нов директор на МЖ инфраструктура. […]

Се отвора нов пункт за Кoвид-тестирање, измените на Законот за заштита од заразни болести пред пратениците


Утрово, во 7:30 часот, во близина на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, треба да биде отворено уште едно приемно одделение за правење КОВИД – тестови со што ќе се забрза процедурата на земање брисеви и ќе се намалат гужвите, како и редовите на чекање. Во текот на денот, пак, ќе се знае […]

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски позитивен на корона вирус


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е позитивен на корона вирус. Како што соопшти на неговиот фејсбук профил, тој во понеделникот вечерта го добил резултатот од направеното тестирање, кој бил позитивен. „Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу […]

Лекари во Белгија заразени со Ковид-19 повикани да се вратат на работа – следи колапс


Доктори кои се заразени со корона вирус во белгискиот град Лиеж замолени се да продолжат со работа за да се избегне здравствен колапс. Четвртина од здравствениот персонал во Лиеж се заразени со корона вирусот, а денеска десет болници во тој град од заразениот персонал побара да продолжи со работа доколку немаат никакви симптоми, пренесе Би-би-си. […]

Во болница од Ковид-19 се лекуваат 622 пациенти, 110 се на кислородна поддршка


На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 146 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 9 позитивни мајки, 5 деца и 4 мајки суспектни на ковид-19 Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а […]

Над 85 проценти од починатите од Ковид-19 биле со хронични болести


Огромен процент од пациентите со Ковид-19 се со коморбидитети, односно со тешка форма на некоја друга хронична болест од која биле лекувани навистина долго време, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, додадавајќи дека повеќе од 85 проценти од починатите се пациенти кои имаат коморбидитети. Министерот посочи и дека сериозен процент на пациентите доаѓаат доцна во […]

Бројот на советници и нивните плати се нужни за функционирање на Кабинетот на премиерот, вели Битиќи


Бројот на советниците и висината на нивните плати се нужни за функционирање на канцеларијата на премиерот, но и на министрите во Владата, вклучително и на мојот  кабинет, изјави денес вицепремиерот Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање околу новата листа на советници и висината на платите која вчера беше објавена во медиумите. За разлика од порано […]

Финансиска поддршка за 48 компании кои решија да инвестираат во време на криза


Вкупно 48 компании од земјава до крајот на годинава ќе добијат финансиска поддршка за инвестиците што ги имаат предвидено, а врз основа на договорите кои ги склучија со Владата. Врз основа на Законот за финансиска поддршка на инвестициите годинава се потпишани нови договори со 38 компании и 10 анекси на договори со вкупен инвестициски циклус […]

Филипче: Состојбата е исклучително сериозна и критична


Министерот за здравство вечерва на неговиот фејсбук профил ја оцени состојбата со корона вирусот како „исклучително сериозна и критична“, а за притисокот врз болниците и врз медицинскиот кадар вели дека е огромен. „Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30 отсто позитивни од тестирани […]