Финансиска поддршка за 48 компании кои решија да инвестираат во време на криза


Вкупно 48 компании од земјава до крајот на годинава ќе добијат финансиска поддршка за инвестиците што ги имаат предвидено, а врз основа на договорите кои ги склучија со Владата. Врз основа на Законот за финансиска поддршка на инвестициите годинава се потпишани нови договори со 38 компании и 10 анекси на договори со вкупен инвестициски циклус од 53,4 милиони евра, соопштија денес на прес конференција вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши.

Станува збор за финансиски средства кои компаниите ги вложуваат во инвестиции и развој, како и стекнување на конкурентска предност со што се овозможува напредок и развој за вработените и отворање на нови работни места, беше посочено на онлајн прес-конференцијата.

„Ја поздравувам одлуката на овие 48 компании кои решија да инвестираат со што ќе продолжи трендот на нивен раст, ќе отворат нови работни места и ќе се зголеми конкурентноста на како на домашниот, така и на меѓународните пазари“, истакна вицепремиерот Битиќи, нагласувајќи дека за компаниите кои сега потпишаа договори, како и за оние кои имаат повеќе годишни инвестициски деловни планови следува постапката за поднесување на барање за исплата на финансиска поддршка која ќе биде исплатена до крајот на годината.

Битиќи додаде дека кумулативно од 2018 година од кога е донесен Законот за финансиска поддршка на инвестициите до сега се потпишани вкупно 245 договори. Инаку, од договорите со 48-те компании потпишани годинава, чиј вкупен инвестициски циклус е 53,4 милиони евра, 29,4 милиони евра се планирани во новите 38 договори. Од вкупниот инвестициски циклус во 2019 година се веќе реаализирани 17,5 милиони евра, појасни Битиќи додавајќи дека инвестициите направени во 2019 отвориле нови 146 работни места во 38-те компании кои година потпишуваат нови договори.

„Со комплетирање на бизнис плановите треба да вработат 498 лица“, рече Битиќи, кој нагласи дека особено радува фактот што компаниите доаѓааат од повеќе градови во земјава, како и дека според големината доминираат малите фирми. Оссум од компаниите или 21 отсот се од Скопје и општините кои гравитираат кон главниот град, додека другите 30 или 9 отсто се од повеќе граадови во земјата (Битола, Кочани Струмица, Тетово, Велес, Боговиње, Кавадарци, Неготино…)

„Тоа е одлична вест за граѓаните кои ќе добиваат можност да работат во својот роден крај, да останат дома, да помогнат во развојот на компанијата и локалниот економски раст“, рече Битиќи.

Слично е според големината – 220 се мали фирми до 50 вработени, десет се средни компании, пет се микро, а најмалку спред бројот се големите компании – само три . Законот за финансиска поддршка на инвестициите дава подеднаква можност за сите компании, независно од нивната големина или место положба – изјави Битиќи додавајќи дека со Законот во 2018 година беа изендачени странските и домашните компании во поглед на добивање поддршка од државата.

Министерот Бектеши рече дека го радува фактот што и покрај недовербата дека планот за економски раст ќе даде резултати, ссегашните податоци го покажуваат спротивното .

„Податоците во изминатите три години покажуваат дека ние успеавме да поддржиме над 240 компании, посебно е важно е што компаниите се подрржани за зголемување на капацитетите, за отворање работни места. Бидејќи сме во пандемија, одлучивме годинава дополнително да ги поддржиме компнаниите кои ќе имаат храброст да инвестираат во периодот на Ковид кризата, но и во периодот потоа, со дополнителни 20 милиони евра“, нагласи Бектеши.

Тој објасни дека е при крај евалуацијата на апликациите и наредната недела ќе биде доставен извештај до Владата, а потоа постапката ќе продолжи со потпишување нови договори за инвестиции кои ќе надминат 100 милиони евра во 2020 и 2021 година со поддршка од 25 отсто за секоја инвестиција до крајот на 2021 година.

„Веќе трета година по ред сите домашни компании навремено знаат колку државата ќе ги помогне и на тој начин се поттикнуваат дополнително да направат инвестиции“, рече Бектеши, додавајќи ддека се работи и на дополнувања на законот со цел помошта за компаниите да биде уште подостапна. (М.Ј.)