Меконел одби Сенатот вонредно да одлучува за импичментот за Трамп


Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, сенаторот Мич Меконел, го отфрли барањето на демократите во петок, на вонредна седница на Горниот дом на Конгресот, да се потврди импичментот на американскиот претседател Доналд Трамп изгласан од на мнозинството во Претставничкиот дом. Во соопштението од канцеларијата на сенаторот Меконел се наведува дека лидерот на демократското малцинство во […]

Претставничкиот дом по втор пат изгласа импичмент за Трамп


Мнозинството од американскиот Претставнички дом гласаше за импичмент на претседателот Доналд Трамп по втор пат, само една недела откако тој ги охрабри лојалистите „да се борат како пекол“ против резултатите од изборите – говор што го следеше толпа негови приврзаници кои упаднаа во Капитолот на САД. Гласањето во Претставничкиот дом беше за членот за импичмент […]

Како изгледа кога војската ќе влезе во Капитол, првпат по Граѓанската војна


Денешното заседавање на Претставничкиот дом го следи огромно обезбедување, а припадниците на Националната гарда влегоа во Кпнгресот прв пат по Граѓанската војна во САД. Зградата на Каптол е полна војници под полна воена опрема, а социјалните мрежи се полни со фотографии како војниците лежат на подот, некои спијат, некои гледаат во мобилните телефони. Troops quartered […]

Патронажните сестри работат со истечени договори во време на пандемија, МЗ ветува дека ќе ги продолжи


Билјана Богдановска Договорите на патронажните сестри, што како проект ги најави пред две години министерот Венко Филипче, завршија на 31 декември 2020 година, а тие продолжуваат да работат, но не знаат дали и врз основа на што, ќе земат плата. – Се јавува гласот на патронажните сестри, тивок скоро нечуен зад маските, визирите, под скафандерите […]

Захариева: Џабе се надеваат во Македонија, по изборите може да биде и полошо


Позицијата на бугарскиот парламент за Северна Македонија е едно од чудата, бидејќи е толку ретко да бидеме едногласни за било што. И бугарското општество и бугарските партии имаат многу сличен став на оваа тема. Затоа, изборите – се една од нивните заблуди, порача денес шефицата на бугарската дишпломатија Екатерина Захариева сугерирајјќи дека џабе се надеваме […]

За вакцини годинава ќе се наменат 13 милиони евра, речиси половината за КОВИД-19


Владата на вчерашната седница ја прифати Предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението во Северна Македонија за 2021 година, во која е содржан план за обезбедување на годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикациии. – Во програмата се опфатени возрасните групи подложни за пoeдини вакцинации, видот на […]

Сара Климоска прогласена за Европска ѕвезда во подем


Сара Климоска, една од ѕвездите на последниот филм на Милчо Манчевски „Врба“, е прогласена за Европска ѕвезда во подем и наградата ќе ја добие летово во Берлин. Климоска се најде меѓу 10-те најдобри актерски таленти во Европа и е добитник на наградата „Шутинг старс“ (Shooting Stars), што ја доделува платформата Европска филмска промоција (ЕФП). Нивното претставување […]

Србија од 14 јануари го укинува ПЦР тестот за македонските граѓани


Од 14 јануари, четврток, Србија го укинува задолжителниот ПЦР тест за влез во земјата за македонски граѓани. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ. За време на разговорот, со честитките за успешна 2021 година, беа изразени и желби и интерес за уште […]

Артан Груби ќе министерува од две згради


Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, ќе министерува од две згради, т.е. од две канцеларии. Иако се всели во нова зграда вредна 14 милиони ера, тој и натаму ќе ја користи канцеларијата која важеше за најдобро опремена во владата на „Илинденска“, што му ја зеде на донеодамнешниот генерален секретар Драги Рашкоски. Информацијата за […]

Малите партии во Бугарија сакаат одложување на изборите


Има голема недоверба кај помалите партии во владата на Бојко Борисов дека ќе организира фер избори. Некои од нив бараат да се формира паралелна, граѓанска изборна комисија која ќе ги брои гласовите   (Од нашиот дописник)                                        […]

Ќе ни бидат потребни речиси две години да го достигнеме нивото на БДП од 2019


Светска банка проценува дека македонската економија минатата година падна 5,1 отсто, а годинава очекува раст на домашниот бруто-производ за 3,6 отсто и 3,5 отсто наредната година. Ова, математички, укажува дека враќање на БДП на нивото пред пандемијата ќе може да се очекува дури наредната година, под претпоставка дека и оваа и во 2022 година македонската […]

Излеани реки, прекин на струја, заматена вода за пиење и отежнат сообраќај поради обилните дождови


Дождот што речиси непрекинато паѓа во поголемиот дел од земјава последните два дена, предизвика проблеми на повеќе патни правци, а се излеваат и реки, се полнат акумулациите, а водата во Дебар, Тетово и Струга, што тече од чешмите, не е за пиење поради заматеност. Исто така, шеесет и шест годишен маж од Прилеп, загина денеска […]

Битолски Драгор носи сѐ пред себе


БИТОЛА – Алармантна е ситуацијата кај пумпната станица на ЈКП „Водовод“ од надојдените води на реката Драгор кои носат сѐ пред себе. Директорот на „Водовод“ Битола, Горан Козаров, вели дека се покажало оти потпорниот ѕид изграден неодамна бил направен во вистинско време за да не дојде до поплави. Ноќеска во Битола наврнаа 17 литри на […]

Во Шпанија медицински сестри пешачат 20 километри низ снегот за да ги одменат колегите во болниците во Мадрид


Неверојатна пожртвуваност на здравствените работници да им помогнат на колегите кои поради блокираната земја од снегот останале на работа и по три смени   Здравствените работници во Мадрид се најдоа пред уште еден предизвик – некои пешачат со часови за да им помогнат на своите истоштени колеги, додека Шпанија се бори со смртоносното невреме и […]

Македонија од лани 30. членка на НАТО. Што понатаму?


Зголемена безбедност, подобра економија, повеќе инвестиции, а со тоа и подигнување на животниот стандард се дел од придобивките кои Северна Македонија ги очекува, откако лани и официјално стана 30. земја-членка на НАТО. Официјализирањето на членството беше невообичаено, во услови на глобална пандемија, на закана за светската економија, но очекувањата се дека по завршувањето на кризата […]

Трамп го изгуби Твитер, неговиот најголем политички мегафон. Што ќе прави сега?


Протерувањето на Трамп од Твитер веројатно дополнително го ќе разбесни веќе нестабилниот претседател, но многумина го поздравија потегот како пресвртница што одамна требаше да се направи   Од неговиот прв извршен твит утрото на денот на инаугурацијата 2017 до неговиот последен твит во петокот, најавувајќи дека нема да присуствува на инаугурацијата на неговиот наследник, личниот […]

Интервју со Игор Есмеров: ВМРО е безопасно маче во скутот на Мицкоски


Најразочарувачки од сѐ е тоа што партиските интелектуалци молчат, членството е тивко и уплашено, а молчат и пратениците, гледајќи како ВМРО се распаѓа за сметка на градењето на еден нов политички субјект во името на Левица, вели во интервју за „Независен“ Игор Есмеров   Слободанка Јовановска Христијан Мицкоски бара предвремени избори, а моли да не […]

Силва: Евроинтеграцијата на Скопје и Тирана е меѓу приоритетите на португалското претседателство


Португалија – Португалија ќе се обиде да ги организира првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и со Албанија во првата половина од годинава, изјави португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва, чија земја го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ на 1 јануари. Силва на онлајн брифинг за новинарите, како што пренесува Бугарското национално радио, истакна […]

Безбедносни пропусти ѝ овозможија на толпата на Трамп да упадне во Конгресот


Имаше многу пропусти – од лоша подготовка за настанот до избегнување на милитаристичките сцени од летото кога полицијата жестоко ги задуши протсетите против полициското насилство   Крвавиот хаос во американскиот Капитол во средата се случи откако полициските сили што го штитат законодавниот комплекс беа совладани од толпа приврзаници на Трамп во она што претставниците на […]

25. амандман: Може ли Трамп да биде отстранет од функцијата пред крајот на неговиот мандат?


По насилниот упад на Капитол се зголемуваат повиците Трамп да биде отстранет од функцијата преку импичмент или со повикување на 25. амандман. Можно ли е тоа? Упадот во американскиот Капитол на приврзаниците на Доналд Трамп во средата поттикна повици од некои пратеници да го отстранат него од функцијата пред Џо Бајден да положи заклетва на […]