Меконел одби Сенатот вонредно да одлучува за импичментот за Трамп


Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, сенаторот Мич Меконел, го отфрли барањето на демократите во петок, на вонредна седница на Горниот дом на Конгресот, да се потврди импичментот на американскиот претседател Доналд Трамп изгласан од на мнозинството во Претставничкиот дом.

Во соопштението од канцеларијата на сенаторот Меконел се наведува дека лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Зак Замер, денеска бил јасно информиран за оваа одлука.

Редовната седница на Сенатот е закажана за 19 јануари, што значи дека процесот на Сенатот за отповикување на Трамп нема да заврши пред првите денови од претседателскиот мандат на Џо Бајден, чија инаугурација е закажана за 20 јануари, пренесува Си-Ен-Ен.

Информацијата дека нема да има вонредна седница на Сенатот дојде откако сенаторот Меконел во приватните разговори изразил уверување дека отповикувањето на претседателот ќе биде добар начин Трамп да се отстрани од Републиканската партија, што, пак, е знак дека дошло до драматични промени во односот меѓу Трамп и Меконел, поранешни блиски соработници.