Нови 414 случаи на Ковид-19, оздравени 496 пациенти и седуммина починати


 Во последните 24 часа се направени 1.619 тестирања, а регистрирани се 414 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 496 пациенти, а седум лица починале, соопшти Министерството за здравство. Новозаразените се од: Скопје-187, Куманово-10,  Дебар-10, Штип-7, Прилеп-17, Тетово-12, Струга-7, Велес-10, Битола-12, Охрид-28, Кавадарци-24, Гостивар-12, Гевгелија-4, Струмица-10, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, […]

Во Новата година со нови надежи за закрепнување на економијата


Испративме година на пандемија и сите погледи и очекувања се вперени кон годината што претстои 2021. Очекувањата на домашните надлежни институции е од година која ќе заврши со негативен раст, позитивни стапки да се остварат во 2021 година. Проекции за позитивни стaпки за 2021 година имаат и власта и Народната банка, како и меѓународните организации. […]

Португалија го презеде претседавањето со ЕУ со план за фер, зелено и дигитално заздравување


Од денеска, па во наредните шест месеци со ЕУ ќе претстедава Португалија, чии приоритети во претседавањето ќе бидат насочени кон економско и социјално заздравување на блокот од последиците на здравствената криза предизвикани од пандемијата со Ковид-19. Како што најавија властите во Лисабон, покрај ова, меѓу приоритетите на португалското претседавање ќе бидат и прашањата поврзани со […]

Надежта се крие во секој од нас (галерија)


Вечерва на полноќ надежта ќе го гушне стравот. Календарски ќе и кажеме збогум на 2020, а симболично ќе ѝ посакаме добредојде на новата 2021 година. Секоја година, токму на 31 декември се радувавме на дочекот на Новата,  а сега во нашите мисли сакаме што побрзо да ја испратиме 2020, една од најтешките во цел свет. […]

Каде во Европа може легално да садите марихуана за лична употреба


Легализацијата на марихуаната е едно од прашањата за кое премиерот Зоран Заев вложува голема енергија, а и политички капитал, за да ја претстави пред граѓаните оваа идеја дека на тоа не треба да се посматра како на криминал. Кога вчера во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање, Заев рече со легализацијата и декриминализација на канабисот ќе […]

Работењето на обвинителите и судиите под лупа – од 1 јануари почнува прочистување на правосудството


Прочистувањето на правосудството од 1 јануари следната година ќе се прави врз основа на извештај со увид во шест предмети за обвинителите и десет предмети за судиите, предвидува новата Методологијата за проверка на работата на правосудството во нашата земја. Ова заедно со новите правилници за оценување треба да обезбеди ефикасно судство и јавно обвинителство што […]

Филипче: Во февруари ги добиваме вакцините од „Фајзер“


Министерот за здравство Венко Филипче, соопшти дека по директен договор со производителот на вакцината против Ковид-19 „Фајзер“, тие во земјава ќе пристигнат во февруари.   – Чест ми е да информирам дека во февруари ги добиваме првите дози на Фајзер вакцината.  Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината. Денеска попладне […]

Најчитаните текстови во 2020 на „НЕЗАВИСЕН“


Не е тешко да се направи оценка на 2020 година – тоа беше година на корона вирусот. На заклучување, карантини, десетици илјади болни, многу починати, девастирана економија, загубен социјален живот, седење дома и надеж да се преживее чумата од 2020 година. Во март Македонија, како и најголемиот дел од светот, а речиси целосно во Европа, […]

Ќе се зголеми ли професионалноста: Имотната состојба на функционерите и судиите под лупа на антикорупционерите


Судии, градоначалници, функционери, но не и обвинители, во првите три квартали во 2021 година ќе треба да го образложат својот имот. Претседателката на Државната комисијата за спречување на корупцијата Билјана Ивановска вели дека со оваа проверка ќе бидат опфатени сите судии, градоначалници и функционери за кои граѓаните имаат поднесено претставка, по што ќе се направи […]

Серија нови потреси во Хрватска – најсилните од 4,7 и 4,8 степени по Рихтер


Централна Хрватска рано утрово беше погодена од два нови силни земјотреси со епицентар во областа Петриња, со интензитет од 4, 7 и 4,8 степени според Рихтеровата скала. – Земјотресот во 6:15 часот беше со интензитет од 4,7 степени, а малку подоцна и нов од 4,8 степени со епицентар во областа Петриња, изјави Инес Иванчиќ, раководител […]

Граѓаните и дадоа „тројка“ на Владата за справувањето со епидемијата


Средната оценка(2,9)  и дадоа граѓаните на Владата за справување со здравствениот аспект на корона кризата. На скала од 1 до 5, каде еден е најлоша оценка, а пет најдобра, испитаниците најчесто ја избрале оценката три (32,2%). Нешто повеќе од третина (35,7%) се одлучиле за оценка 1 или 2, додека на другата страна, за повисоки оценки, […]

Најмалку седум жртви во земјотресот во Хрватска


Хрватска– Најмалку седум лица загинаа во земјотресот што денеска ја погоди Хрватска. Во Петриња загина 13-годишно девојче, додека во селото Мајске Пољане во Глина загинале уште четири лица. Во Петриња куче најде жена под урнатините и нејзиното спасување е во тек. По затрупани луѓе се трага на уште три други локации, изјави директорот на хрватската цивилна заштита Дамир Трут, […]

Страшен земјотрес и денеска ја погоди Петриња во Хрватска – загина едно дете (Галерија)


Хрватскиот град Петриња и денеска го погоди земјотрес, но посилен од вчерашниот. Според известувањето на Сеизмолошката служба потресот што се случи во 12,19 часот бил со јачина од 6,2 степени според скалата на ЕМС. „Интензитетот во епицентарот на овој разорен потрес е проценет на VIII-IX според скалата на ЕМС. Потресот се почувствува низ цела Хрватска. […]

ДКСК ќе го проверува имот на градоначалници, судии и функционери


Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната 45-та седница го усвои годишниот план за проверка на имотната состојба и интереси за претстојната 2021 година, кој ќе се реализира во три квартали и ќе бидат опфатени градоначалници, судии и функционери. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, појасни дека ќе бидат изработени објективни критериуми, во кои ќе […]

Бројот на новозаразени со Ковид-19 под 100, на хоспитализирани под илјада


После подолг временски период вчера бројот на новозаразени со Ковид-19 е под 100. Министерството за здравство вчера соопшти дека во последните 24 часа се направени 700 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на Ковид-19. Починати се 11 лица, а 419 оздравеа. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 81 […]

ЕУ одобри 70 милиони евра за вакцини наменети за Западен Балкан


 Европската комисија усвои денеска пакет од 70 милиони евра во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА 2), како поддршка за пристап на партнерите од Западен Балкан до вакцини против Ковид-19, кои ги набавиле земјите членки на ЕУ. Пакетот ќе биде исплатен во облик на грантови, кои ќе помогнат да се покријат трошоците за вакцини […]

Армијата и МВР ќе има каде да вежбаат пукање – отворено стрелиштето во „Илинден“


Во касарната „Илинден“ денеска е отворено новото заедничко стрелиште на Армијата и на МВР за гаѓање со пиштол и автомат за деветмилиметарски калибар на муниција. Пуштањето во употреба на овој вежбовен објект, како што рекоа министрите за одбрана и за внатрешни работи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, е уште еден конкретен и важен потег во […]

Вистинитоста на пријавениот „кеш“ во анкетните листови – најтешка за проверка


Секој функционер и именувано лице, во рок од 30 дена од стапување на функцијата има законска обврска да поднесе анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Целта на поднесувањето анкетни листови е да им овозможи на антикорупционерите увид во имотот на функцинерите пред, за време и по завршување на мандатот. На овој […]

За граѓаните традиционалните медиуми се најрелевантен извор на вести, но главно се информираат преку социјалните мрежи


Граѓаните ги сметаат традиционалните медиуми за најрелевантен и најдоверлив извор на вести, но социјалните медиуми претставуваат главен извор на информирање и иако постои одреден степен на свесност кога се во прашање лажните вести, една третина од нив не секогаш може да препознаат лажна вест, а повеќе од две третина ги дискутираат актуелните настани со своите […]

Заев: Најрано во март ќе добиеме вакцини, ќе си ги платиме


Премиерот Зоран Заев денеска најави дека вакцините против коронавирусот во земјава ќе пристигнат најверојатно во март следната година. Тој додаде дека државата има издвоено средства за набавка на вакцини и ќе си ги плати. Но, потенцира, ако станува збор за донација, тогаш ние со задоволство ќе ја прифатиме без разлика од некоја држава или пак […]