Преку Ковакс за Македонија 103.200 вакцини против Ковид-19


Швајцарија – Иницијативата на ОН, Ковакс планира во првата половина од годинава да испорача 337,2 милиони дози вакцини против Ковид-19, најмногу во земјите во развој. Тоа ќе биде доволно за вакцинирање на речиси 169 милиони луѓе со двете дози, или речиси три проценти од популацијата во 145 земји кои учествуваат во иницијативата. Ковакс очекува да подели […]

Не помина интерпелацијата на вицепремиерот Димитров


Со мнозинство од два гласа вечерва беше одбиено барањето за интерпелација на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Во јаловата повеќечасовна пи-ар расправа чиј епилог беше предвидлив се слушнаа повеќедециниските обвинувања за некакво национално предавство и загрозување на идентитетот, овојпат главно поврзани со Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија. На говорот на пратеникот […]

Зошто Јапонија и Јужна Кореја не брзаат со вакцинацијата


Бавното темпо на богатите источноазиски држави им дава шанса да извлечат поука од грешката на другите што брзаат со вакцините и подобро да се соочат со ризиците на посмртоносните варијанти на вирусот   ТОКИО – Најголемите градови во Јапонија се наоѓаат во вонредна состојба со зголемувањето на смртните случаи од корона вирусот, дури и додека […]

Може ли земјите од регионот лиценцно да произведуваат вакцини против Ковид-19


Од Србија деновиве најавија дека таму е можно да се произведува руската вакцина „Спутник V“, во институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“. Како стојат работите во Македонија?   Мирче Јовановски Можат ли земјите од регионот да се вклучат во лиценцирано производство на некоја од вакцините против Ковид-19 кои до сега се развиени или чекаат […]

Во март први стигаат вакцините на AстраЗенека


Министерството за здравство информира дека КОВАКС системот преку допис ги соопштил деталите за првата испорака и типот на вакцината која ќе пристигне во нашата земја. Како што стои во соопштението станува збор за вакцината Aстра Зенека, од која првата количина за Северна Македонија е планирано да пристигне во март. Од КОВАКС информираат дека за Северна […]

Говорот на Навални во судот: „Го повредив до смрт, затоа што преживеав“


Денеска, 2 февруари, Окружниот суд Симоновски во Москва го разгледува барањето на Федералната казнено-поправна служба да ја активира условната казна за рускиот опозициионер Алексеј Навални и да го осуди на 3,5 години затвор во случајот „Ив Рошер“. Независната руска Телевизија Дожд  објави препис од говорот на Навални во судот. Целиот процес се следи со големо […]

Брисел и натаму не може да даде рок за достава на вакцини за Западен Балкан


Ниедна служба на Европската Комисија не е во можност да даде одговор кога западниот Балкан може да ја очекува ветената поддршка за вакцинација, јавува дописничката на МИА од Брисел. Портпаролските служби во Европската Комисија стојат на изјавата на претседателката Урсула фон дер Лајен, дадена за МИА пред две недели, дека „што поскоро“ треба да се […]

Дури 128 држави уште не почнале со вакцинација


Во цела Африка досега се вакцинирани само 20.000 луѓе. Во време на вакциналниот национализам тоа претставува срам за човештвото   Процесот на вакцинација на планетава е претворен во немилосрдна битка за некаков опстанок. Богатите, влијателните и поумешните го стартуваа процесот, а другите се во фаза на нестрпливо очекување. До денеска дури 128 држави во светот […]

Одењето на одмор стана незаконско во Британија, Грција најавува можно целосно затворање


Во Грција започна вакцинацијата на жителите на оддалечените острови – не само затоа што нема соодветни болници во ситуација со многу заразени, туку и за да се заштити населението пред летната туристичка сезона. Спасувањето на летната туристичка сезона во Европа сепак изгледа многу тешко. Многумина се потпираа на масовните вакцинации до летото кои ќе им овозможат […]

Илјадници се приведени низ цела Русија за време на големите протести (галерија)


Според последните податоци, дури 5.000 лица завршија во притвор.  Демонстрации имаше од Владивосток на Пацификот, преку заледените сибирски градови до снежните Москва и Санкт Петербург   Руската полиција употреби голема сила при приведување на повеќе од 5.000 луѓе на национално ниво, додека демонстрантите излегоа на улиците втор викенд по ред и побараа ослободување на затворениот […]

Филипче: Спремни листите на здравствени работници и хронично болни кои први ќе се вакцинираат


Министерот за здравство Венко Филипче на барање на телевизија Телма, говореше за Националната стратегија за вакцинација која ја изработија Министерството за здравство и Националната работна група за вакцинација, а Владата ја усвои на 26 јануари 2021 година. Стратегијата е изработена врз основа на постојните препораки и основните принципи на СЗО, Стратешка советодавна група на експерти […]

Македонците масовно ги откажуваат аранжманите во Банско и Боровец


Хотелиерите од трите зимски одморалишта – Банско, Боровец и Пампорово се пожалија на масовно откажување на резервации поради воведувањето задолжителен негативен  тест за Ковид-19 за оние кои влегуваат во Бугарија по 29 јануари. Мерката е воведена по наредба на министерот за здравство Костадин Ангелов заради  ограничување на ширењето на коронавирусот. Негативниот PCR тест за влез […]

Сексуалното насилство не се случува во вакуум – жените жртви симбол на опторот


Сексуалното насилство не се случува во вакуум. Тоа е под влијание на општествениот систем што го вклучува и работното место. Жените кои претрпеле сексуално насилство не се жртви, тие се херои, успеале да преживеат, да издржат и да продолжат во животот. Овие жени се симбол за отпор против насилството. Вака звучи пораката на психолозите кои […]

Пендаровски: Во европска држава не се одземаат стекнати права со попис


Претседателот Стево Пендаровски, на состанокот организиран од Државниот завод за статистика околу пописот, порача дека по консултациите што ги направил со експерти е убеден дека самото законско решение не е пречка да се одржи успешно пописот. -Проблемите не се ниту законски, ниту технички, ниту здравствени, туку во неговата непотребна политизација, која се креира во јавноста […]

Европа на работ на катастрофа со вакцинирањето


Последиците од овој неуспех можат да бидат катастрофални ако не се решат брзо   Тешко е да се следи без да си изненаден слабиот почеток на кампањата за вакцинирање против Ковид-19 во Европската унија. Досега, според податоците на Блумберг, ЕУ успеа да администрира вкупно околу 8,9 милиони дози, или две дози на 100 жители. САД […]

Гневен напад на Каракачанов врз Заев и Мицкоски


Освен што ги нападна Заев и Мицкоски дека и го честитале празникот Свети Сава на српската заедница, Каракачанов лажно тврди дека Софија му испорачала вакцини на Скопје. И уште дека Заев и Мицкоски страдаат од Стокхолмски синдром во однос на Србите   Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачов, ги стави на иста страна […]

Нови 336 случаи со Ковид-19, починаа 10 пациенти, оздравеа 385


Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.964 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 145, Кавадарци – 27, Охрид – 25, Прилеп – 17, Тетово – 15, Куманово – 13, Велес – 13, Битола – 12, Делчево – 10, […]

Пендаровски: Правото на приватност е загарантирано со Уставот, одговор за „Јавна соба“ мора да има во најкус рок


Правото на приватност е загарантирано со највисокиот правен акт – Уставот на Република Северна Македонија. Деновиве сме згрозени што повторно сме сведоци на случајот „Јавна соба“, случај во кој фрапантно се крши приватноста на илјадници жени и девојчиња, понижување, сексизам и насилство кои оставаат трајни последици на нивните животи, вели во изјава за МИА претседателот […]

Државниот врв, Симовски и градоначалниците утре на средба во Собранието за пописот


Во Собранието на Република Северна Македонија утре ќе се одржи средба на државниот врв и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски со градоначалниците и секретарите на советите за спроведување на Законот за попис. Претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев ќе имаат официјални обраќања, а ќе […]