Каков имот поседуваат македонските политичари-јавноста сега може да ѕирне 


Фото: Б. Грданоски

Каков имот поседуваат и колкави плати земаат Заев, Спасовски, Шекеринска, Филипче… Заев има највисока плата – 87. 813, а Шаќири најниска – 65. 292 денари

Колку се богати политичарите во Северна Македонија? Јавноста има шанса да ѕирне во листите за имотите коишто ги поседуваат првите луѓе во Владата, како и во платите коишто ги добививаат секој месец на својата сметка. Најголема плата има премиерот Зоран Заев, на чија сметка месечно легнуваат 87.813 денари. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е втор на списокот со плата од 85.113 денари. Шахпаска, Шекеринска, Стефоска и Заев, се функционерите кои имаат најдолг работен стаж. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини има само една година работен стаж, додека тоа поле кај министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири е празно. Министрите можат да се пофалат и со раскошни куќи и станови во Скопје, но и во другите градови, а некои од нив поседуваат и атрактивно градежно земјиште, по неколку возила, имаат заштедено повеќе денари и евра на сметка, а пријавиле дека се сопственици и на вредни уметнички дела. Некои од нив пријавиле дека имаат за отплаќање и по неколку кредити.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука