Џо Бајден положи заклетва како 46. американски претседател


Со раката положена врз 127 години стара Библија што ја држеше неговата сопруга Џил,а пред претседателот на Врховниот суд на САД, новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска положи заклетва на церемонијата на инаугурација на скалите пред Капитол Хил, во Вашингтон, со што стана 46-от претседател на САД.

На церемонијата, прва заклетва даде новоизбраната потпретседателка Камала Харис, првата обоена и првата жена потпретседател на САД во нејзината историја.

Претходно, церемонијата на инаугурција ја отвори сенаторката Ејми Клобучар која во инспиративниот говор наведе дека „ова е денот кога нашата демократија ќе се врати и кога Америка ќе се врати. Денес ја славиме првата потпретседателка Камала Харис. Денес се е можно”, рече сенаторката Клобучар, која го најави следниот говорник, како што кажа, нејзиниот драг колега сенатарот Рој Блант.

По двајцата сенатори на говорницата застана и молитва прочита свештеникот Рој О’Донован, кој порача дека „денеска ги признаваме своите минати гревови и се обврзуваме да се грижиме едни за други, особено за оние на кои им е најтешко“.

Американската химна ја испеа Лејди Гага, инаку, блиска пријателка на новиот претседател на САД.

Денешната церемонија следеше по хаотичниот изборен процес во земјата, која е сериозно поделена од неоснованите обвинувања од досегашниот претседател Доналд Трамп за изборни измами.

 

На церемонијата присуствуваат поранешните претседатели Џорџ Буш помладиот, Бил Клинтон и Барак Обама, со сопругите, досегашниот потпретседател Мајк Пенс, како и други високи претставници на политичкиот, економскиот и јавниот живот на САД.

Церемонијата досега вообичаено ја следеа стотици илјади луѓе во живо, но овој пат се очекуваат многу помалку, добро избрани гости, пред се, поради епидемиолошките мерки по епидемијата на коронавирусот во која загинаа повеќе од 400.000 Американци.

Претходно денеска, Трамп ја напушти Белата куќа и и се обрати на јавноста од воената база Ендрјус, изјавивајќи дека „ќе се врати во некаква форма на ангажман“.

Во својот прв твит денеска, пред инаугаријата, Бајден напиша „денеска е нов ден во Америка“,а по утринскоот доаѓање од неговата родна држава Делавер, беше на миса во католичка црква во Вашингтон.Во вториот твит непосредно потоа Бајден и се обрати на својата сопруга Џил, пишувајќи дека „многу ја сака и дека и е многу благодарен што стои до него на ова патување“,

Бајден: Денеска го славиме триумфот на демократијата

Инаку, Трамп, денеска, пред да ја напушти Белата куќа, според традицијата, му остави порака на Бајден, но содржината на пораката не е објавена.

Во својот прв говор како претседател на САД Џо Бајден на Американците и светот му порача дека денеска е ден на Америка, ден на демократијата, ден на историјата и надежта, ден на обновување.

-Америка е на висина на предизвикот. Денес го славиме триумфот на демократијата, рече Бајден.

„Волјата на народот е исполнета. Научивме дека демократијата е кревка, а денес демократијата преживеа”, кажа Бајден на скалите пред Капитолот, непосредно по неговата заклетва како 46. претседател на САД.

Тој призна дека многу луѓе тука во САД и во светот се повредени,  под пресија, но сепка, демократија надвладеа.

Потести на насилството од пред само неколку дена во Капитолпот, кога демократијата беше  нападната од невидливото подземје.

Не заборави да му се заблагодари на досегашнилт петпретседател Пебс за поддршлката и присуството на денешната инугурација.

бајден кажа дека американската приказна не зависи, како што кажа, само од некои од нас, не само од само поединци, туку од сите нас, луѓето.