Порака од Стејт департментот: Бугарија да не го дестабилизира регионот


Блокирањето на интегративниот пат на Северна Македонија кон ЕУ ризикува дестабилизација на нормалните блиски односи меѓу сојузниците од НАТО, велат од Стејт департментот   Бугарија да ги спроведува своите закони еднакво за сите етнички групи во земјата, меѓу кои и македонската и да изнајде решение на отворените прашања со Северна Македонија, бидејќи блокадата на пристапувањето […]

Поради доцнење на петтиот пакет мерки 10,7 отсто од работодавачите не исплатиле плата за февруари


Дури 10,7 отсто од работодавачите не исплатиле плата за февруари, изјави денес на прес конференција директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. „Во однос на неисплатени плати во февруари, од 63.948 прифатени МПИ пресметки, 6.888 работодавачи немаат исплатено плата. Односно тоа е 10,7 проценти“, рече Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање. Иако директно не посочи, […]

Анкета: Педесет проценти од граѓаните би се вакцинирале, најголем дел ја преферираат вакцината Фајзер


Педесет проценти од граѓаните изјавиле дека би се вакцинирале, додека 34 отсто од испитаниците одговориле дека не би се вакцинирале, од друга страна 16 отсто од граѓаните сè уште се двоумат, покажуваат резултатите од анкетата, која ја спроведе Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) во рамки на Програмата за парламентарна поддршка. Прашањата за вакцините се […]

Имунизацијата не смее да стане жртва на антиваксерите


Во Србија денеска апсеа антиваксери заради поткопување на јавното здравје. Во Македонија нема апсења, но зачудувачки е што во времето кога болниците не можат да постигнат да ги примат сите новозаболени еден значаен дел од медицинските лица не сакаат да се вакцинираат   Билјана Богдановска Откако за Ковид-19 експресно беа пронајдени вакцини, а секоја земја […]

Пристигнаа 20.000 „спутник“ вакцини од Србија


  Дури 20.000 вакцини „спутник“ пристигнаа денеска од Србија, а тоа е дел од два пати по 20 илјади, што треба да стигнат од соседна Србија. Премиерот Зоран Заев изрази благодарност до соседна Србија, а ова го нарече како голем чин на солидарност. Според него, со овие два пати по дваесет илјади „спутник“ вакцини што […]

Триумф за историја, македонските фудбалери ја совладаа Германија во Дуизбург (галерија)


Македонската фудбалска репрезентација ја забележа вечерва една од најспектакуларните победи во својата историја, триумфирајќи над Германија во Дуисбург со 2:1 (1:0) во рамки на мундијалски квалификации. Македонскиот состав најави шокантен развој на настаните за големиот фаворит, кога во судиското продолжение на првото полувреме капитенот Горан Пандев, по одлична асистенција на Енис Барди, рутински ја смести […]

Каракачанов ги нарече „никаквеци“ дипломатите од Стејт департментот – виделе македонско малцинство


Вицепремиерот остро го нападна Стејт департментот поради извештајот во кој се пишува за етнички Македонци во Бугарија. Каракачанов го повика Вашингтон да признае тексашко или аризонско малцинство   Делот од годишниот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент во кој се зборува за етнички Македонци во Бугарија, предизвика силен излив на гнев кај Красимир […]

И Европскиот парламент го осуди скандалозното видео на Ангел Џамбаски


Со предизборното видео се промовираат националистички идеологии, стои во соопштението од Европскиот парламент   Скандалозниот предизборен видео-спот на европратеникот Ангел Џамбаски од партијата ВМРО на Красимир Каракачанов предизвика голема загриженост и осуда и во Европскиот парламент.   Андреас Шидер (Австрија), кој е претседавач на делегацијата на ЕП за соработка со Македонија, заедно со двајцата потпретседатели, […]

Филипче: 28-годишна девојка добила тромботичен ефект откако се вакцинирала со АстраЗенека во Србија


Девојка на возраст од 28 години од Македонија која пред шест – седум дена се вакцинирала во Србија со вакцината АстраЗенека е хоспитализирана вчера поради тромботичен ефект, изјави денес министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека немало претходни заболувања кај неа, а проблемите се појавиле после шест до седум дена од нејзиното вакцинирање. Филипче […]

Грција на 14 мај ги отвора границите и за македонските граѓани


Грција ги отвора границите на 14 мај и за македонските граѓани, изјави денес Министерот за здравство Венко Филипче. „Ние имаме многу честа комуникација и со грчкиот министер за здравство, а утрово разговарав и со грчкиот министер за туризам Теохарис, и тој ме извести дека двата гранични премини Дојран и Евзони ќе ги отворат на 14 […]

Стејт департмент: Бугарија одбива да ги регистрира здруженијата на етничките Македонци


Остри забелешки во годишниот извештај на Стејт департментот за Бугарија: има сериозни проблеми со независноста на медиумите, корупцијата и полициското насилство. Речиси во сите медиуми преовладува истиот провладин став   Соединетите Американски Држави не само што наведуваат дека има етнички Македонци во Бугарија, туку и дека ним не им е дозволено да ги регистрираат своите […]

Почнува вакцинацијата против Ковид-19 на граѓани на возраст над 77 години


Вакцинација на 20 000 граѓани на возраст над 77 години со хронични болести почнува денеска во вакциналните пунктови ширум земјава. Според најавите, вакцинацијата од денеска почнува во поликлиниките „Јане Сандански“, Чаир и Букурешт во Скопје, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица, како и во болницата во Кавадарци. Од петок […]

Филипче во клинч со Пендаровски: Немаше поддршка од претседателот за вакцините. Шефот на државата вели – тоа не е точно


Министерот за здравство во брзата реакција на изјавата на шефот на државата рече дека „сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза“   Министерот за здравство, Венко Филипче реагираше на изјавата на претседателот Стево Пендаровски, дека сликите кои ги гледавме изминатиот викенд кога многу граѓани отидоа во соседна […]

Пендаровски ѝ се заблагодари на Србија, но тоа беше „срам за македонската држава“


Државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира и да им пружи здравствена заштита тука, порача претседателот Пендаровски   Државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира и да им пружи здравствена заштита тука, порача денес претседателот на државата Стево Пендаровски по завршување на Седницата на Советот за безбедност посветена на […]

Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки, болничките КОВИД капацитети зголемени за 50 отсто


Нема потреба од воведување нови дополнителни рестриктивни мерки. Тие не би дале резултат зашто се наоѓаме на 6 до 8 недела од третиот бран. Болничките капацитети за прием на КОВИД пацинети се зголемени за 50 отсто во однос на ноември, а зголемена е и потребата од хоспитализација. Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој […]

Измените на Избориот законик поднесени до Собранието


Измените на Изборниот законик во којшто се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори со поддршка на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците и Алтернатива и БЕСА, попладнево се поднесени до Собранието.   Засега нема информација од кабинетот на претседателот на Парламентот, Талат Џафери кога ќе биде […]

Македонија ѝ врачи протестна нота на Бугарија (ВИДЕО)


Министерството за надворешни работи на  Македонија до Министерството за надворешни работи на Бугарија упати протестна нота во врска со видеото на пратеникот во Европскиот парламент од Бугарија и заменик-претседател на политичката партија ВМРО – Бугарско национално движење, Ангел Џамбаски. „Ќе ги известиме и соодветно ќе реагираме и до институциите во Европската унија. Во оваа прилика […]

Заев и Мицкоски го одложија пописот за септември


По долги месеци постојани напади едни врз други првите луѓе на двете најголеми партии денеска покажаа изненадувачка конструктивност за најголемиот број прашања. Нивните изјави беа повеќе признание за соработка отколку за конфронтација   Слободанка Јовановска Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, зад затворени врати во Клубот на пратениците одржаа повеќечасовна средба во […]

Филипче: Во моментот има 100 слободни кревети за ковид-пациенти


Од утре се става во функција капацитетот во болницата во Козле, каде опремен е еден кат со довод на кислород, рече министерот за здравство Венко Филипче, во денешната изјава. – Има доволно болнички места, нема потреба од паника, но сите треба да придонесеме, додава Филипче. – Во моментот имаме 100 слободни легла. За сите нови […]

Владата ѝ одговори на Бугарија: „Немаме ништо со анализата на ИФИМЕС“


Владата ја оцени како несоодветна постапката да иде повикан на разговор вршителот на должноста амбасадор на нашата земја во Софија Владимир Крстевски во бугарското МНР за ставови изразени oд трета страна   Македонската Влада вечерва ѝ одговори на официјална Софија изјавувајќи дека ја „оценува како несоодветна постапката да биде повикан на разговор вршителот на должноста […]