Филипче: Во моментот има 100 слободни кревети за ковид-пациенти


Од утре се става во функција капацитетот во болницата во Козле, каде опремен е еден кат со довод на кислород, рече министерот за здравство Венко Филипче, во денешната изјава.

– Има доволно болнички места, нема потреба од паника, но сите треба да придонесеме, додава Филипче.

– Во моментот имаме 100 слободни легла. За сите нови капацитети што ги оспособуваме имаме и кадар, интернисти, од самата болница која се оспособува и во Скопје и надвор од главниот град – рече Филипче.

Појаснува дека секој капацитет што се оспособува за прием на ковид-болни, опремена е со потребната апаратура, но обезбеден е и медицински кадар.