Стејт департмент: Бугарија одбива да ги регистрира здруженијата на етничките Македонци


Еден од собирите на Македонците кај Роженскиот манастир во 1990-тите

Остри забелешки во годишниот извештај на Стејт департментот за Бугарија: има сериозни проблеми со независноста на медиумите, корупцијата и полициското насилство. Речиси во сите медиуми преовладува истиот провладин став

 

Соединетите Американски Држави не само што наведуваат дека има етнички Македонци во Бугарија, туку и дека ним не им е дозволено да ги регистрираат своите здруженија. Во годишниот извештај на Стејт департментот за човековите права во Бугарија за 2020, објавен вчера, се наведува дека обугарските власти и покрај пресудите на Европскиот суд за човекови права одбиваат да ги регистрираат здруженијата на Македонците во таа земја.

„Властите продолжија да негираат регистрација на активистичките групи на етничките Македонци како што се Обединетата македонска организација – Илинден, Друштво на угнетени Македонци, Жртви на комунистички терор и Клуб на македонска етничка толеранција во Бугарија, и покрај пресудата од мај и повеќе од 10 претходни одлуки од страна на Европскиот суд за човекови права дека негирањата ја нарушиле слободата на здружување на групите. На 1 октомври, Комитетот на Советот на Европа за спречување на тортура изрази во привремена резолуција ‘длабока загриженост’ во врска со „формалистичката примена на законските барања“ на властите упорно одбивајќи ја регистрацијата на Обединетата македонска организација – Илинден и слични здруженија од 2006 година“.

Понатаму, во извештајот сместен во одделот за „граѓанските слободи“ се наведува и барањето на министерот за одбрана Красимир Каракачанов за забрана на две македонски здруженија:

„Во ноември 2019 година, јавниот обвинител постапи по жалбата на лидерот на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) и министер за одбрана Красимир Каракачанов за обидите на две здруженија, Цивилното здружение за заштита на основните индивидуални човекови права и античките Македонци, за создавање македонско малцинство . Главниот обвинител поднесе барање до судот за распуштање на здруженијата, обвинувајќи ги за политичка агенда што го загрозува единството и безбедноста на нацијата“.

Во извештајот се наведува дека Бугарија има сериозни проблеми со независноста на медиумите, корупцијата и полициското насилство. Сумирано, Стејт департментот ги нагласува критичните точки во развојот на демократијата во Бугарија: полициско насилство и апсења, со независност на судството, ограничувања на правото на слобода на изразување, цензура во медиумите, насилство и закани врз новинари, корпоративен и политички притисок врз медиумите, сериозни корупциски криминали, насилство врз претставници на малцинства и луѓе со различна сексуална ориентација.

Бугарските власти се критикувани за недостаток на мерки за гонење на кршење на човековите права, што доведе до неказнивост

Стејт департментот вели дека бизнисменот и пратеник од партијата на Турците, ДПС, Делијан Пеевски редовно ја користи својата контрола врз медиумите за да обезбеди позитивно покритие за одредени политичари и главниот обвинител.

 „Уставот и законот предвидуваат слобода на изразување, вклучително и за печатот, а владата генерално го почитуваше ова право. Сепак, продолжи загриженоста дека корпоративните и политичките притисоци, во комбинација со растечката и нетранспарентна концентрација на мрежата на сопственост и дистрибуција на медиумите, како и владината регулација на ресурсите, вклучувајќи ги и фондовите на ЕУ, сериозно го оштетија плурализмот во медиумите“, се вели во извештајот.

Речиси секаде во бугарските медиуми – вклучително и јавните медиуми – постои ист провладин став, весниците на Делијан Пеевски го фалат генералниот обвинител, а независните издавачи се отворено нападнати од политичари на сите нивоа, и на административни и на судски . притисок.

Новинарите велат дека им биле доставувани напишани текстови за извештаите и многумина од нив ја напуштиле својата професија затоа што изгубиле надеж дека во Бугарија можат да ја практикуваат професионално новинарство. (Н.В.)