Принцот Филип – неговиот живот од Крф до Бакингемската палата (галерија)


Со смртта на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора полека почнува да завршува цело едно поглавје на британската историја уште од Втората светска војна. Нивниот брак ги покажува сите промени низ кои поминуваше Британија од 1947 година наваму.  Еве ја животната приказна на принцот Филип од неговото раѓање до оваа година.

Тасева бара независна и меѓународна комисија да го истражи криминалот во МВР


Случајот со фалсификуваните пасоши покажува дека најавениот ветинг во полицијата треба да се забрза, вели претседателската на „Транспаренси интернешенел – Македонија“, Слаѓана Тасева   Слободанка Јовановска Не да се наградуваат тие што ја спроведоа акцијата околу фалсификуваните патни исправи давани на криминалци, туку да се спроведе темелна истрага, јавноста да биде запозната со сите детали […]

Ковидот ја легна Битола во постела, стравот се вовлече кај граѓаните


Епидемиолозите велат дека главна причина за неверојатно брзото ширење на короната во Битола последните неколку недели се преполните кафетерии на Широк Сокак. Таму беа младите кои потоа вирусот го носеа дома   Анета Блажевска БИТОЛА – Дневната кафе-шема на Широк Сокак, дружбата на младите, особено на средношколците, групирањето и непочитувањето на превентивните мерките ја „легнаа“ […]

Филипче: Со АстраЗенека нема да се вакцинираат помлади од 60 години


Вакцината на АстраЗенека во земјава нема да се препорачува на лица под 60 години. За оние кои се вакцинираа во Србија изминатите недели, за втората доза ќе се чекаат нови препораки или ќе се вакцинираат со други вакцини, изјави министерот за здравство Венко Филипче. „По евалуацијата на сите несакани ефекти во форма на тромботични ефекти […]

Заев: До сега реализирани 82 отсто од економските мерки во износ од 860 милиони евра


Ако не беа мерките падот на БДП ќе беше 8,7 отсто, а не 4,5 отсто, рече премиерот Заев Ако не беа мерките кои ги донесе Владата за поддршка на компаниите, граѓаните и на економијата, падот на домашниот бруто-производ минатата година ќе изнесуваше минус 8,7 отсто, а не минус 4,5 отсто, рече премиерот Зоран Заев на […]

Министрите за здравство од ЕУ не се договорија за заеднички пристап кон употребата на вакцината Астра Зенека


Министрите за здравство на членките на ЕУ вчера не успеаја да се договорат за заедничките упатства за употреба на вакцината Астра Зенека против Ковид-19, и покрај повиците за координација меѓу земјите-членки во борбата за отстранување на јавната недоверба кон вакцината. Министрите одржаа вонредна виртуелна средба непосредно откако Европската агенција за лекови (ЕМА) ги смени своите […]

Рекордни 51 починати пациенти од Ковид-19, новозаразени 1.302


Денешниот биланс од Ковид-19 покажува дека имаме црн рекорд, односно од последиците на оваа болест починале дури 51 пациенти, од кои дури 20 се од Скопје, а најмладиот е 32-годишен од Куманово. Инаку, според Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4.438 тестирања, а регистрирани се 1.302 нови случаи на Ковид-19, што […]

ЕМА: Вакцината на „АстраЗенека“ е високо ефикасна, згрутчувањето на крвта е многу ретко


Попладнево министрите за здравство на ЕУ ќе одржат итен состанок по заклучоците на Европската агенција за лекови   Емер Кук, шеф на Европската агенција за лекови (ЕМА), поладнево на на виртуелна прес-конференција изјави дека дека „Европската агенција за лекови потврди дека придобивките од вакцината АстраЗенека во спречувањето на Ковид-19 се поголеми од ризиците од несакани […]

Што знаеме досега за вакцината на „АстраЗенека“?


Прашањата за тоа дали ретките, но сериозни случаи на згрутчување на крвта се почести кај оние кои добиле Астра Зенека отколку кај општата популација и, ако е така, што ги предизвикува и понатаму ја нарушуваат довербата во вакцината, пишува Франс прес пред новата проценка на Европската агенција за лекови (ЕМА) оваа недела. Европската агенција за […]

Почна полицискиот час на територија на целата држава


 Во 20 часот вечерва почна полицискиот час на територија на целата држава, а ќе трае до 05 часот изутрина. Во текот на овој временски период, движењето ќе биде ограничено. Полицискиот час ќе трае две недели, поточно до 20 април. Одлуката вчера ја донесе Владата, со цел да се намали оптоварувањето на здравствениот систем од коронавирусот, […]

Починаа уште 45 лица со Ковид-19, меѓу нив и 32-годишен пациент


Вкупно 45 пациенти починаа од компликации од ковид-19 во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство, а меѓу нив најмлад е пациент од Скопје на 32 години. Во последните 24 часа се направени 4.555 тестирања, а регистрирани се 1.259 нови случаи на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува […]

Десетина полициски службеници уапсени поради фалсификување патни исправи и лични документи, полициската акција е во тек


Претпладнево во голема полициска акција се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од синџир за фалсификување на патни исправи и лични документи, а акцијата уште е во тек, потврдија за МИА од МВР и најавија детали по нејзиното завршување. По повеќе од  година дена истрага и документирање на дејствувањето на криминалната група,  посочуваат извори […]

Филипче: Да бидеме одговорни за побрзо да заврши овој трет, досега најсилен бран


Од денеска почнуваат нови рестриктивни мерки кои ќе важат следните две недели. Целта е да се заштити здравјето на граѓаните и здравствениот систем. Во изминатиот период имаше огромен наплив на пациенти во болниците. Интервениравме со ангажирање дополнителни одделенија, инсталирање кислород, екстра кадар по системот на ротација и успеавме добро да го одржиме здравствениот систем и […]

Каков ефект ќе имаат новите мерки – од вечер полициски час од 20 часот, од утре нема седење во кафеани, обложувалници…


Се заоструваат рестриктивните ковид мерки – полицискиот час наместо од 22 во наредните две недели ќе почнува од 20 часот, а од утре за гости се затвораат сите угостителски објекти, како и угостителскиот дел од обложувалниците. Од денеска се затвораат и фитнес салите, спортските и салите за вежбање и се забранува и организирање, одржување и учество […]

Нови 301 случаи на Ковид-19, 37 починати, 1091 оздравени пациенти


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.431 тестирања, а регистрирани се 301 нови случаи на Ковид-19. Починати се 37 лица, а оздравени 1091 пациенти.   Во Скопје се регистрирани 174 случаи на Ковид-19, во Кавадарци -17, Велес -16, Прилеп -14, Куманово, Тетово и Штип […]

По изборите во Бугарија сите чекаат да видат кој прв ќе трепне


Погледите на јавноста се свртени кон новата политичка ѕвезда Слави Трифонов и неговата партија, како и кон претседателот Румен Радев. Засега Трифонов молчи   (Од нашиот дописник)                                                          […]

ВМРО на Каракачанов не влегува во парламентот, пирова победа на Борисов


Жешка изборна шлаканица за партиите што беа во досегашниот парламент. катастрофа за БСП. По подолго време во собранието нема да има екстремна националистичка партија   Партијата на премиерот Бојко Борисов, ГЕРБ, победи на изборите во Бугарија, но изгледа дека тоа ќе биде горчлива победа, затоа што формирањето нова влада ќе биде речиси невозможна мисија за […]

Почнува масовната имунизација, денес ќе се вакцинираат 3.000 граѓани


Масовното вакцинирање на населението против Ковид-19 во земјава официјално ќе почне од денеска во А1 Арената (сала „Борис Трајковски“). Закажани се термини за 3.000 граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со руската вакцина „Спутник В“. Во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица од т.н. критична инфраструктура – вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во […]

Новиот сопственик на „Рамстор мол“ најавува инвестиции од над 100 милиони евра и 700 нови вработувања


Во наредните четири години се планира зголемување на капацитетот на трговскиот центар „Рамстор мол“, проширување на продажната мрежа, изградба на три „Рамстор ритеил парк“, логистички центар на површина од преку 25.000 метри квадратни, нов административно деловен простор, инвестиција во фотонапонска централа, инвестиции во погон за преработка и пакување на прехранбени производи, стратешко партнерство со „Мигрос“ […]

(Видео) Спектакл во Египет: Мумиите на 22 египетски кралеви и кралици се преместуваат во нов музеј


Мумифицираните останки од 22 древни египетски кралеви и кралици денеска се преместуваат со прекрасна поворка низ улиците на Каиро кон нивното ново почивалиште – Националниот музеј на египетската цивилизација. Историската процесија на кралските мумии во 18 часот по локално време тргна од плоштадот Тахрир, во Каиро, а голем број Египќани се сведоци на спектаклот што […]