Германски пратеник поднесе оставка поради лобирање за ВМРО-ДПМНЕ


Тобијас Цех (ЦСУ)преку неговата компанија му давал консултантски услоги на ВМРО-ДПМНЕ, а во исто време како пратеник присуствувал во кампањата за изборите во 2016 година   Два локални весници од Баварија („Пасауер ное пресе“ и „Минхнер меркур“) му ја запечатија кариерата на пратеникот од Христијанско-социјалната унија, Тобијас Цех, поради тоа што неетички, па и незаконски, […]

Вакцината на „АстраЗенека“ е безбедна и ефикасна, соопшти ЕМА


Шефицата на Европската медицинска агенција (ЕМА), Емер Кук, попладнево на прес-конференција во Амстердам соопшти дека вакцината на „АстраЗенека“ е „безбедна и ефикасна вакцина“. Кук соопшти дека комитетот донел одлука дека придобивките ги надминуваат сите можни ризици. Вакцината не е поврзана со зголемување на вкупниот ризик од тромбоемболиски случаи или згрутчување на крвта, додаде таа. Таа […]

Нов силен бран на Ковид-19, расте бројот на заболени, можни се нови мерки ако не дадат резултат постојните


Во пораст е бројот на заболени и хоспитализирани со Ковид-19 во државава. Состојбата се следи, засега нема нови мерки, но останува сегашната мерка полициски час од 22 часот до 5 часот. Доколку таа не ги даде очекуваните резултати не се исклучени нови рестрикции за кои Комисијата за заразни болести ќе одлучува на почетокот на идната […]

ГЕРБ ја зацементира блокадата на Македонија во предизборната програма


Во програмата за изборите, партијата на премиерот Борисов запиша „гарантирање на правата на бугарското малцинство во Албанија“ и заштита на сите бугарски заедници надвор од Бугарија. Каракачанов, пак, ќе бара впишување на Бугарите во македонскиот Устав и давање бугарски пасоши и  политички права за Гораните во Косово   Слободанка Јовановска Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, […]

Клуге: Владата на С.Македонија стори се што требаше, не само за набавка на вакцините, туку и за подготовката за имунизација


Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге вели дека Владата на Република Северна Македонија направила сè што треба не само за набавка на вакцини против Ковид 19, туку целосно е подготвен и здравствениот систем за имунизација. -Владата на Република Северна Македонија стори сè што требаше, не само за вакцините, туку и за подготвеноста […]

Бројките сѐ позастрашувачки: 24 починати и 1.293 нови случаи со Ковид-19, 31,5 отсто од примероците


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4.094 тестирања, а регистрирани се 1.293 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје – 626, Прилеп – 88, Велес – 60, Гостивар, Кавадарци и Битола – по 48, Тетово – 46, Штип – 41, Неготино – 36, Охрид – 34, Струмица – 33, […]

Пожарот во Гостивар откри мрачна вистина на едно дисфункционално семејство


Вчерашната трагедија со пожарот во Гостивар по сè изгледа е само врв од ледениот брег на последиците кои ќе испливаат на површина. Допрва ќе следуваат и одговори на прашањата поврзани со трагедијата. Засега е познат само првичниот исход: едно седумгодишно дете го загуби животот, неговата мајка С.Т. (35) има помали изгореници и преживеан шок, еден […]

Армија според НАТО или пакистански стандарди: Во чиј интерес работи полковникот Ковачки?


Полковникот со политичка функција, Драган Ковачки, повикува за НАТО стандарди во нашето Министерство за одбрана, а тој самиот поради нив би добил веднаш клоца во американската или британска армија   Слободанка Јовановска „Од рубриката ‘Датум за датум, но не сега’‚ на коалицијата ‘Лажеме со леснотија’,  да се потсетиме како манипулираше Шекеринска. Па, уште бара и […]

Што добива, а што би изгубила Македонија со енергетските инвестиции во Александрополис


За Владата ова е важен чекор што ќе овозможи земјата да стане енергетски независна и да биде транзитна за пренос на гас, а за опозицијата станува збор за штетни енергетски политики, како од политички, така и од финансиски и економски аспект   Мирче Јовановски Околу 140 милиони евра ќе треба да вложи земјава во инвестициите […]

Регистрирани серија земјотреси во Мавровско, тлото не мирува и во Грција, Хрватска…


Ноќеска и утринава беа регистрирани уште неколку земјотреси во регионот на Маврово со јачина од над два до 3,1 степени, откако синоќа нешто по 22 часот се почувствуваа двата најсилни од 4,7 односно 4,2 степени по Рихтер. Како што покажуваaт податоците на специјализираните апликации за земјотреси, тлото во Мавровско се тресеше и во 23:25 часот, […]

Вархеи бара заеднички прифатливи решенија со Бугарија


Последната година и пол се соочивме со непринциелни и бирократски позиции кои не можат да бидат камен за сопнување за напредокот на Македонија. Да бидам кристално јасен, ние никогаш нема да си дозволиме да расправаме за нешто што не е за расправање, а тоа е кои сме ние, каков е нашиот идентитет  и каков јазик […]

Интервју со италијанскиот амбасадор Силвестри: Одлуката да започнат преговорите на Северна Македонија со ЕУ е неприкосновен факт


Билатералните прашања не треба да го условуваат процесот на проширување на ЕУ, порача амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри, во интервју за „Независен“   Слободанка Јовановска Билатералните прашања не треба да го условуваат процесот на проширување на ЕУ, порача амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри, во интервју за „Независен“. Според Силвестри, никој не може да го проблематизира […]

(Галерија) Скопје за време на полицискиот час


Празни улици, по некое возило и по некој осамен намерник. И, се разбира, полициски патроли. Вака вечерва изгледаа улиците на Скопје, видени низ објективот на нашиот фоторепортер Борис Грданоски, по почнување на полицискиот час во 22 часот. Забраната е до 05 часот изутрина, и во овој временски период движењето е ограничено, а од Министерството за […]

Дневен извештај за короната: Бројот на позитивни случаи порасна на 913


Секој ден се зголемува бројот на луѓе заразени од Ковид-19 и Македонија влегува во фазата или бранот што беше лани во ноември. Во последните 24 часа регистрирани се 913 нови позитивни случаи од 3.707 тестирања, што претставува 24,6 отсто од примероците. Починаа 16 лица.   Нови потврдени инфекции според градови:   -Скопје 440 -Прилеп 64 […]

Интервју со Стојко Стојков: Пред рамноправните држави бугарските влади храбро молчат, само со Македонија се „велики“


Доколку зависат од добрата волја на Софија, Македонците нема да имаат не само минато, туку ни иднина, оценува Стојко Стојков, копретседател на ОМО „Илинден“- ПИРИН во интервју за „Независен“. Тој не верува дека нешто ќе се смени по изборите во оваа земја     Слободанка Јовановска   „Можете да најдете колку сакате грчки натписи, дури […]

Заев: Баравме вакцини на секој начин, но не незаконски


Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција изјави дека е вистина дека Владата соработувала со приватни фирми за набавка на вакцини против Ковид-19. Премиерот изјави дека не ја прочитал утринската вест на италијанскиот весник „Ла Верита“, но дека Владата се обидувала на секој начин да најде побрзо вакцини за граѓаните. „Во овој период правиме напори по […]

Од денеска до 22 март полициски час од 22 до 05 часот, движење само со посебни дозволи


На предлог на Комисијата за заразни болеси со цел да се спречи натамошен пораст на бројките на заболени и хоспитализирани од КОВИД-19 Владата одлучи од денеска до 22 март биде воведен полициски час што ќе трае од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, а движењето во време на ограничувањето ќе биде можно само со […]

ЕСИ повторно нуди заеднички пазар пред членство во ЕУ


Оваа иницијатива е заснована врз познатиот „фински пат кон пристапување“ и се темели и на искуствата на Шведска и Австрија   Под наслов „Како словенечкото претседателство може да ја оживее политиката ЕУ-Западен Балкан?“, Европската иницијатива за стабилност (невладина организација често финансирана од ЕУ) повторно излезе со идејата на земјите-кандидати од регионот да им се понуди […]

Филипче најави повисоки плати за сите вработени во јавното здравство


Министерот за здравство Венко Филипче најави зголемување за пет отсто на платите за сите вработени во јавно-здравствените установи. Во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“, Филипче истакна дека покачувањето ќе биде и за медицинскиот, и за немедицинскиот пероснал вработен во здравствените установи.   -Тоа што денес треба да го утврдиме со Синдикатот е зголемувањето на […]

Полицискиот час од 22 до 5 часот треба да трае две недели


Засега не се планираат нови мерки и рестрикции за угостителските објекти   Министерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот координативен кризен штаб предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава. Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој […]