Skip to content
29/10/2026
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Search
Независен Весник
Search
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Македонија ѝ врачи протестна нота на Бугарија (ВИДЕО)

29/03/2021 21:40

Министерството за надворешни работи на  Македонија до Министерството за надворешни работи на Бугарија упати протестна нота во врска со видеото на пратеникот во Европскиот парламент од Бугарија и заменик-претседател на политичката партија ВМРО – Бугарско национално движење, Ангел Џамбаски.

„Ќе ги известиме и соодветно ќе реагираме и до институциите во Европската унија. Во оваа прилика напоменуваме дека ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји. Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската унија, на кои и двете земји силно се посветени“, стои во реакцијата на македонското МНР.

Џамбаски во скандалозното видео што се граничи со фашизам  ги промовира големобугарските соништа поткрепени од Санстефанскиот догово, порачувајќи дека дека Македонија е бугарска, а Бугарија е над се. Вели дека ние сме само „привремени управители“ во Македонија. Според него, не може да се живее во 21 век, без да се признае 20-от век.

„Колку повеќе лажете толку повеќе вистината ќе сјае. Колку похистерично ја мразите Софија, толку побугарски ви станува Охрид. Колку посилно ги кажувате вашите лаги, толку побрз и поужасен ќе биде вашиот крај“, вели Џамбаски. Tој тврди дека Македонија е бугарска. Во спорот вели дека според него колку повеќе лажеме, толку повеќе вистината ќе излегува на виделина. Откако неколкупати повтори дека Македонија е бугарска, му се обрати директно на Заев со истата порака и со додавката:Заев! Почитуван! Колку и да се вртиш, Македонија е бугарска. И колку и да се вртиш, Албанија секогаш ќе биде од запад“.
 
 
Иако неодамна имаше реакции во Европскиот парпаламент за провокациите на Бугарија кон Македонија, сепак овој спот е доказ дека провокациите не запираат.


Поврзани содржини

Венко Филипче ќе го врати Васко Ковачевски да одговара и да ги врати парите
29/10/2026 12:10
„Превоспитување“ во живо: Погледнете го видеото што се случува во Дневникот на РТС
29/10/2026 11:10
ОН изгласа резолуција против ембаргото врз Куба, Македонија гласаше „против“ неа
29/10/2026 10:10
ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден
29/10/2026 09:10

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања
29/10/2026 07:10
Мицкоски очекува добри економски односи со Србија по смената на власта
28/10/2026 16:10
СДСМ бара истрага: Алта банка префрла пари во Македонија
28/10/2026 10:10
Жерновски: Тридневна жалост во ВМРО-ДПМНЕ по поразот на Вучиќ
27/10/2026 20:10

Најчитани


  • Вучиќ призна пораз: „Овие избори ги изгубивме“
    25/10/2026 21:45
  • Уапсен директорот на гимназијата во Нови Сад каде што беше напишан графитот „Ќаци“
    28/10/2026 21:15
  • Радев предлага само еден учебник по историја. Историчарите тоа го нарекоа „чекор кон авторитаризам“
    22/10/2026 16:12
  • Кои се луѓето што го победија Вучиќ?
    26/10/2026 12:42
  • Главниот уредник на РТВ Војводина поднесе оставка. Телевизијата се извини: „Со години, затворавме едно око“
    26/10/2026 19:28
  • Јотова со неочекувано слаб резултат, оди во втор изборен круг со Ѓуров
    25/10/2026 19:08

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење