Што ќе донесе стратешкиот дијалог на Македонија со САД?


  Македонија и САД во јуни во Вашингтон ќе одржат стратегиски дијалог, што е нова рамка на билатералната соработка што треба да ги зајакне уште повеќе односите на двете држави. Ваквата вест, што ја објави министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на посетата на помошникот државен секретар за Европа, Карен Донфрид, внесе малку […]

Договорот со Бугарија мора да биде врз взаемна почит и европски вредности, вели Ковачевски


  Не може да се постигне успех во разговорите со Бугарија ако тој не се базира врз европските вредности и принципот на почит помеѓу институциите и граѓаните и принципот на достоинство, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешниот форум по повиод стоте дена од формирањето на Владата. Според него, двете страни мора да го чуваат и […]

Џафери најави македонска резолуција за злосторствата во Украина


Претседателот на Собранието Талат Џафери, по посетата на Киев, Ирпин и Буча, потврди дека   Македонија е решена да ја поддржи Украина, според потребите на таа земја и според договорите во НАТО каде што сме земја членка. Џафери, кој е прв политичар од Македонија што отпатува во Киев,  одговорил на поканата на украинската Рада, испратена до […]

Штрајкот во образованието ставен во мирување, од денес децата в училиште


Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) го стави штрајкот во мирување откако доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека Министерството за образование и наука пристапува кон мирно решавање на спорот. Од денес, учениците треба да се вратат на настава, но дел од членството на СОНК незадоволно од најновата одлука на синдикатот […]

Ковачевски – Вархеи: Сега е моментот за деблокада на Македонија


Сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Република Северна Македонија, што во спротивно може да остане уште долг период отворено прашање, а тоа не е од полза на ниту една страна, констатираа премиерот Димитар Ковачевски и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи, кој денеска е во посета на Скопје. Како што соопшти […]

Дали гасното ембарго на „Гаспром“ за Бугарија ќе ја погоди и Македонија


Прекинот на испораките на руски гас за Полска и Бугарија, засега, нема да ги погоди третите земји кои го добиваат овој енергент преку гасоводите кои што минуваат низ двете држави за кои Русија ги затвори вентилите. Тоа значи дека и Македонија ќе може да го користи рускиот гас, иако единствената цевка преку која доаѓа гасот […]

Македонија тропна на вратата на ММФ, дали ќе добие 900 милиони евра?


  За само една година, условите на меѓународниот пазар на капитал драстично се променија за нашата земја, па наместо нова еврообврзница, за покривање на буџетските потреби државата овој пат тропна на вратата на Меѓународниот монетарен фонд. Колкав ќе биде износот на новото задолжување ќе се знае деновиве откако од ММФ ќе ја скенираат буџетската крвна […]

Вархеи: Екстремно сум разочаран што сѐ уште разговараме за преговори со Македонија


  Еврокомесарот Оливер Вархеи денес во Софија порача дека е екстремно разочаран што сѐ уште се разговара за прашањето кога Македонија ќе ги почне преговорите со Европската унија кое, како што рече, верувал дека било решено пред две години. Нагласувајќи дека за краток период е по вторпат во Софија, тој порача дека е подготвен да […]

КСС од денеска со секојдневни протести ќе бара усогласување на платите со минималната


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од денеска почнува со протести пред Собранието и Владата барајќи усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата. Протестите ќе се одржуваат секој ден од 16 до 17 часот. Синдикатот бара зголемува на бодот на 103 денари во бруто износ со што најниската плата во јавниот сектор би била […]

Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари


Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари. Понудата беше прифатена од одборот на Твитер откако Маск пред неполни две недели изјави дека е вистинската личност да го искористи извонредниот потенцијал на оваа социјална мрежа. Маск предложи серија промени, од олабавување на ограничувањата за содржината до искоренување на лажни сметки. Твитер првично ја одби […]

СОНК договори 12 отсто зголемување од јули, учебната година продолжува во среда


По денешниот попладневен состанок на претставници од СОНК и Владата, договорено е зголемување на платите од јули за 12 отсто, ниту она што го нудеше Владата 10 отсто, ниту она што го бараа просветарите 18,4 отсто. „Се усогласивме со ставовите во рамките на можностите на државата и она што може да се издвои за детска […]

Макрон ја порази Лепен, освои 58 отсто од гласовите


Нов француски претседател е Емануел Макрон на кој Французите денеска му доверија нов петгодишен мандат освојувајќи 58 отсто од гласовите, покажуваат излезните анкети. Сепак тој е далеку од 66,10 отсто освоени гласови во 2017 година. Марин Лепен освои 42 отсто од гласовите, јави дописникот на МИА. Како и во 2017 година, 48,7 милиони Французи избираа […]

Лоши вести за Јанша на изборите во Словенија, триумф на Роберт Голоб


  Политичкиот ветеран на словенечката политичка сцена, Јанез Јанша, доживеа голем пораз на изборите во Словенија, а човекот кому пред гласањето му се даваа најмногу шанси, Роберт Голоб, заврши со голем триумф. Според резултатите излезните анкети на агенцијата „Медијана“, кои таа ги спроведе за РТВ Словенија и Поп Тв, партијата Движење Слобода на Голоб постигна […]

Петков ќе бара европска помош да ги оствари бугарските барања


  По изјавите од Софија кои целосно ги заладија односите меѓу Бугарија и Македонија, премиерот Кирил Петков денеска се обиде да растера нешто од таа магла, но работите изгледаат еднакво конфузни. Петков вели дека пред две години Бугарија дала зелено светло во Европскиот совет за почеток на преговорите со Македонија, а потоа става вето што […]

Додека трае битката за Донбас, Русија и Украина тивко преговараат


  Помина речиси еден месец од последната рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул. Се чинеше дека оттогаш разговорите се ефективно замрзнати – особено по заземањето на Мариупол од руските сили и ослободувањето на регионот Киев, по што светот дозна за масакрите извршени од руската војска. Сепак, на 22 април, шефот на руската […]

Груевски се бранеше преку Фејсбук. И не успеа. Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе си ги бара украдените пари?


  Со големи писанија преку Фејсбук не може да се браниш во судски процес. Веројатно тоа му стана јасно денеска на Никола Груевски откако беше осуден на 7 години затвор во случајот „Плацеви на Водно“. Сега, изгледа, не му останува ништо друго освен од Будимпешта да продолжи да рони „Фејсбук солзи“ дека е политички прогонуван […]

Пендаровски ги нарече лага и гола конструкција тврдењата на Радев за 10.000 убиени Бугари


Претседателот Стево Пендаровски ги нарече лага и гола конструкција последните тврдења на бугарскиот претседател Румен Радев дека во Македонија биле убиени 10.000 Бугари по Втората светска војна.   „Бројката од наводно убиени 10.000 Бугари е лага, гола конструкција за политички цели. Не постои ни еден релевантен  историски извор, ни во бугарската, ни во македонската, ни во  […]

Авантура или не – најголеми губитници од штрајкот на наставниците се учениците


  Штрајкот во образованието и градинките трае веќе девет работни дена, учениците губат часови, родителите се снајдуваат да ги згрижат децата по роднини, СОНК бара зголемување на платата од 18,4 отсто, а Владата дава само 10 отсто. Договор нема, а штрајкот продолжува, но со тоа и притисоците. Најпрво оние човечките, што потекнуваат од фактите. Учениците […]

Расте незадоволството во Кремљ поради инвазијата на Украина, јавува Блумберг


  МОСКВА – Речиси осум недели откако Владимир Путин испрати војници во Украина, со зголемени воени загуби и Русија соочена со невидена меѓународна изолација, мал, но сѐ поголем број високи инсајдери во Кремљ тивко ја доведуваат во прашање неговата одлука за војна. Редовите на критичарите на врвот на моќта остануваат ограничени, распространети на високи позиции […]

Од каде се изнедрија основачите на контроверзниот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“


  БИТОЛА – Чии партиски членови се првите луѓе на Клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Особено претседателот Љупчо Георгиевски и останатите повидни претставници на клубот во Битола. Фејсбук повторно е поле за пресметка меѓу членови и приврзаници на политичките партии во Битола, особено по прашањето од каде се изнедрија основачите на контроверзниот бугарски клуб „Ванчо […]