Голем пожар во Тетово – гори поранешниот Монопол


Густ црн чад се издигна утрово над Тетово. Според локалните медиуми, станува збор за пожар во кој наводно е зафатен поранешниот Тутунски комбинат познат како Монопол, јавуваат повеќе медиуми.

Пожарот веднаш бил пријавен во тетовската противпожарна единица и пожарникарите со неколку возила се веќе излезени на терен.

Пожарот утрово изби во магацин за градежен матeријал и стиропор во Тетово, односно гори објектот на некогашна „Македонија Табак“ каде сега е сместена приватна фирма. Објектот се наоѓа на излезот од Тетово.

Во моментов пожарот го гасат пожарникари од Тетово, а на помош дојдоа и возила од Бригадата за противпожарна заштита од Скопје бидејќи пожарот е голем и се шири кон останатите магацински простории.

 

Полицијата го ограничува движењето на сообраќајот во градот, поради густиот, црн чад.