Околу 700 илјади Македонци живеат надвор од државава, откри ОЕЦД


  Околу 700 илјади Македонци или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата. Миграцијата од Македонија во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ и околу четвртина од работоспособното население заминува од земјата што влијае врз продуктивноста на самата земја, истакна Анита Рихтер, раководител на одделот за Југоисточна Европа на […]

Вселенско летало на НАСА успешно се судри со астероид во тест за одбрана на планетата


  Вселенско летало од повеќе милиони долари директно се судри со астероид со големина на фудбалски стадион во понеделникот во невиден тест за капацитетот на НАСА да ја одбрани Земјата од сценарио за судниот ден. Леталото на НАСА успешно се урна во астероидот Диморфос на 110 милиони километри од Земјата. Мисијата, позната како „Дарт“ (Тест […]

Владата смирува, парно за скопјани ќе има


  Владата на Република Северна Македонија континуирано презема мерки за да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Скопје. Во овој момент се финализираат преговорите за регулирано производство на топлинска енергија, врз основа на претходно донесената одлука на Владата за избор на вршители на енергетски дејности, дистрибуција и снабдување со топлинска […]

БЕГ – Производство: Немаме обврска да продолжиме со дејноста во новата грејна сезона


Балкан Енерџи Груп БЕГ – Производство нема правен основ да располага со топланите, нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија. Ова го наведе денеска компанијата БЕГ – Производство во соопштение по информациите дека […]

Се бара зголемување на блок дотациите за училиштата за наставата да не биде онлајн


Градоначалниците од неколку општини се отворено против затворање на училиштата и воведување онлајн настава за учениците поради енергетската криза, по дискусиите во јавноста дека најдобро би било зимскиот распуст да трае два месеца, а летниот еден и во студените месеци училиштата да работат онлајн со цел да се заштеди енергија за топлење и за осветлување. […]

За Османи информациите дека ќе биде сменет се лажна вест


  Лажна вест е информацијата за моја смена и таа не заслужува никаков коментар, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на наводната понуда за негово разрешување од министерската функција. Во однос на отвореното писмо од група членови на ДУИ, Османи рече дека во партијата има големо ниво на демократија и секој […]

Триумф на десницата во Италија, Џорџа Мелони на пат да стане првата жена премиер во земјата


  Лидерката на крајната десница Џорџа Мелони е победник на изборите во Италија, покажуваат изборните анкети, така што е на пат да стане првата жена премиер во земјата, јавува „Би-Би-Си“. Доколку бидат потврдени изборните резултати, Мелони ќе ја формира најдесничарската влада во Италија од Втората светска војна. Излезната анкета на „РАИ“ предвидува дека таа ќе […]

Ахмети: ДУИ може да функционира без секого


ДУИ може да функционира без било кој поединец затоа што има стабилни структури, изјави денеска лидерот на партијата Али Ахмети по вчерашниот апел до него од  членови на партијата да го искористи својот авторитет за да се зачува партиското единство. –  Без сомневање дека ДУИ има воспоставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, […]

Еврото падна далеку под доларот


На светските берзи, вредноста на доларот во однос на останатите валути силно порасна минатата недела бидејќи американскиот ФЕД повторно агресивно ги зголеми каматните стапки, па еврото падна на најниско ниво во последните 20 години, далеку под еден долар. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски […]

Идната недела клучна за струјата за стопанството, домаќинствата сигурни до март


Идната недела треба да се знае од каде ќе се набавува електрична енергија за стопанството, додека за граѓаните и за малите компании кои се на регулираниот пазар, како што уверуваат надлежните, снабдувањето со електрична енергија е сигурно. Од Владата велат дека и грејната сезона ќе почне навреме. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера најави […]

Ковачевски во ООН: Неопходно е заедништво за да се обезбеди трајна слобода и мир


  Неопходно е заедништво за да се обезбеди трајна слобода и мир во светот, порача премиерот Димитар Ковачевски, обраќајќи се пред присутните на генералната дебата на 77. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. „Силата е во заедништвото. Оваа лекција дека здружено можеме повеќе отколку сами, денес светот ја учи во неочекуваните околности со коишто […]

Сè додека не се избере економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија, вели Битиќи


  Сè додека не се избере нов економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија кон граѓаните, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања поврзани со почетокот на грејната сезона во главниот град. Согласно законот, како што посочи, БЕГ мора да има и резерви на гас и други суровини за […]

Светското јавно мислење се врти против Русија, расте загриженоста за мирот


  ЊУЈОРК – Се чини дека бранот на меѓународното мислење решително се менува против Русија, бидејќи голем број неврзани земји им се придружуваат на САД и нивните сојузници во осудата на војната на Москва во Украина и нејзините закани за принципите на меѓународниот поредок заснован на правила. Западните официјални лица постојано велат дека Русија станала […]

Путин втеран во ќош е поопасен од кога било, анализа на „Њујорк тајмс“


  Заканувачкото телевизиско обраќање на Владимир Путин во средата беше многу повеќе од обид да го промени курсот на неговата непоколеблива војна против Украина. Се обиде да ја преврти војната за агресија против соседот во одбрана на загрозената „татковина“, тема што одекнува кај Русите натопени во патриотската историја. Путин, рускиот претседател, имаше за цел да […]

Маричиќ: Договорот со Фронтекс е во завршна фаза, ќе го потпишеме во октомври


Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за поглавјето 24-Правда, слобода и безбедност, пред претставниците на Европската комисија го најави потпишувањето на Договорот со Фронтекс, информира владиниот Секретаријат за европски прашања (СЕП). – Задоволен сум што преговорите за Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс, […]

„Адора“ е подготвена да ги продаде топланите во Скопје доколку ги наплати побарувањата


  Компанијата „Адора инженеринг“ преку соопштение до медиумите, извести дека е подготвена да ги продаде топланите „Исток“ и „Запад“, по цената за која што ги купи пред околу една година, но претходно бара да ги наплати побарувањата кои, како што вели, законски им следуваат. Имено, и покрај тоа што ја има сопственоста врз двете топлани, […]

АХВ нареди итно повлекување на виршли „Вуди“ поради присуство на бактерија


  Врз основа на добиена нотификација за пласиран небезбеден производ на пазарот во Република Северна Македонија – виршли од брендот „Вуди“ (Wudy), кај кои вo земја членка на ЕУ, било утврдено присуство на бактерија Листерија моноцитогенес (Listeria мonocytogenes ST 155), како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на […]

СОНК: Владата и ЗЕЛС да најдат решение за надминување на енергетската криза во училиштата


  Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска на својот Фејсбук-профил објави дека Владата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) треба заедно да изнајдат прифатливо решение за надминување или ублажување на енергетската криза во училиштата.   -Наставата од далечина не е прифатлива опција на најзасегнатите: учениците, родителите и наставниците, наведува СОНК. […]

Путин му се закани на Западот и нареди мобилизација, праќа 300.000 луѓе во војна (видео)


Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава ѝ се обрати на нацијата и рече дека Западот сака да ја уништи Русија и дека станува збор за одбрана на Русија и територијата на Донбас. Тој нареди делумна мобилизација која почнува денеска. Путин и се обрати на нацијата во долгоочекуваниот говор во врска со најавените референдуми во сепаратистичките […]

Ќе се прошири листата на производи со ограничена маржа


  Економскиот тим на Владата е во постојан контакт со сите засегнати страни и во тој контекст, како што и претходно беше најавено, ќе има проширена листа на производи по завршување на потребните анализи на пазарот, рече денеска владиниот портпарол Мухамед Хоџа, во одговор на новинарско прашање кога ќе се прошири листата на производи со […]