Kлиматските промени станаа закана по здравјето на луѓето


  Главоболки, проблеми со крвниот притисок, влошување на кардиоваскуларните и респираторните болести. Климатските промени станаа закана по здравјето на луѓето. Климатските промени сe причина за почестите топлотни бранови, задоцнета есен и топли зими. Според стручните лица, несомнено човечкото тело знае како да се прилагоди на промените, но ваквите нагли и драстични временски промени во температурите […]

Какви се алтернативите на Европа ако Русија не го пушти гасот


  Гасоводот „Северен тек 1“, кој транспортира руски гас во Германија, ќе биде подложен на дополнителни работи за поправка, соопшти во петокот „Гаспром“, откажувајќи го на неодредено продолжувањето на испораката на гас што требаше да продолжи во сабота. Русија го запре „Северен тек“ на 31 август, објаснувајќи дека е предвидено одржување на компресорска станица што […]

Отворен Балкан овозможува подготвени да ја пречекаме тешката зима


  (Од нашиот известувач) БЕЛГРАД – Нѐ чека тешка зима, но затоа потпишавме повеќе договори, кои ни овозможуваат заедно да ја пребродиме и заедно да истапиме пред Европската унија за помош, беше главната порака на лидерите на Србија, Македонија и на Албанија, Александар Вучиќ, Димитар Ковачевски и Еди Рама, на прес-конференцијата по потпишувањето на Спогодбата […]

Зборот „македонски“ е секаде на саемот во Белград


Придавката „македонски“ ја има секаде на промотивниот материјал на Саемот за храна, вино и туризам во Белград, а парите што се трошат за активностите таму се директна поддршка на бизнисот од што се очекуваат повеќекратни придобивки, изјавија од Владата за „360 степени“ по критиките на опозицијата за несразмерно трошење пари за овој настан и за […]

Ѓоковиќ наздрави со Вучиќ, Ковачевски и Рама на „Винската визија“


  (Од нашиот известувач) БЕЛГРАД – Винската визија на Отворен Балкан во следните четири дена ги собра повеќето винарии и дестилерии од регионот, но и од целиот свет, на саемот организиран во Белград. На Саемот за вино, балканските лидери беа дочекани и од тенискиот ас Новак Ѓоковиќ и неговиот татко и чичко, кои се претставија […]

РКЕ бара БЕГ да ги сторнира зголемените сметки за парно за август, не ја вклучиле субвенцијата


  Единствена причина за зголемувањето на сметките за топлинска енергија што ги добија граѓаните за август е тоа што во нив не е вкалкулирана субвенцијата која што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје и од тие причини се значително зголемени, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни […]

Без учебници, со повисоки плати за наставниците- почнува новата учебна година


Околу 255 илјади основци и средношколци денеска ја почнуваат учебната 2022/2023 година во која наставата, по две пандемиски години, стартува без антиковид-протоколи и заштитни маски. За учениците од прво, второ, четврто и од петто одделение се подготвени нови наставни програми за предметите,  согласно Концепцијата за основно образование која од лани се спроведува етапно и, според […]

Додека Македонија исправа историја, Германија ни произведува енергија


  Додека Македонија исправа историја, странски донатори ни ја исправаат енергетската ситуација, недостигот на храна и други системски слабости кои го прават тешко и непреспективно живеењето во државата. Триесетгодишнината од германско-македонските односи вчера беше повод да се покаже што прави Германија за да го помогне одржливиот развој на Македонија, додека се соочува со тешка енергетска […]

Силно невреме со град во Скопје, има и штети (фото, видео)


Невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево го зафати Скопје. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Граѓани јавуваат за поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови, како и за одлетани покриви, за паднат билборд кај Три бисери, паднато дрво во Топаанско поле…  УХМР најави […]

Ученици принудени да патуваат со километри на настава во Илинден  – одлуката кажана во последен момент


Родители од основното училиште „Гоце Делчев“ во Илинден најавуваат бојкот на наставата од 1 септември поради одлуката на директорката да ги премести помалите одделенија во новото, монтажно училиште кое в четврток треба да се отвори, а кое е неколку километри подалеку од објектот во кој лани учеа овие деца. Станува збор за учениците од 1-5 […]

За поставување фотоволтаици нема да биде потребно одобрение или решение од општината


Владата ги поедностави процедурите за поставување на фотоволтаични електрани на покривите на домаќинствата и стопанските објекти, при што на граѓаните во иднина нема да им биде потребно одобрение или решение од општината. Со измените и дополнувањата на Законот за градење кои денеска беа усвоени на владина седница, инвеститорите ќе бидат обврзани само да ја известат […]

Украина ја почна контраофанзивата на југот околу Херсон


  Војската на Украина тврди дека ја пробила првата линија на одбрана на Русија во окупираната област Херсон. Пријавениот пробив се чини дека е дел од долгоочекуваната офанзива што ја започна Киев во обид да го врати југот на земјата. Тоа уследи по неколкунеделни украински напади со цел да ги отсечат руските сили таму од […]

„Бавно горење“: Русија го избегна економскиот колапс, но падот започна


  Шест месеци по инвазијата на Украина, Русија е заглавена во војна на трошење што не ја очекуваше, но има успех на друг фронт – нејзината економија зависна од нафта е во длабока рецесија, но се покажува многу поотпорна од очекуваното. „Возам низ Москва и таму е истиот сообраќаен метеж како и порано“, вели Андреј […]

Рударството клучно за развојот, учествува со над 10 отсто во индустриското производство


Рударството е еден од најважните сектори и придвижувач на нашата економија дури и во време кога се соочуваме со една од најголемите кризи во поновата историја, истакна денес во Пробиштип премиерот Димитар Ковачевски, на манифестација по повод одбележувањето на Денот на рударите – 28 август. „Со повеќе од 10 отсто во вкупното индустриско производство на […]

За стан во Скопје треба да се работи 10 до 17 години, во Дојран осум, во Крива Паланка шест…


  Само еден метар квадратен станбена површина на периферијата на главниот град чини две просечни плати, а над три плати треба да се одвојат за еден квадрат на најатрактивните локации.  Во градовите од внатрешноста, пак, квадратот е со цена малку над износот на една просечна плата. За да се купи стан во Скопје потребни се од […]

(Видео) Отчет на Османи: Во последен момент ја спасивме земјата од балканскиот вртлог


Во последен момент успеавме да ја извлечеме државата од балканскиот вртлог, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи во отчетот за сработеното што го даде претпладнево на пресек од неговиот мандат. При преземање на Министерството за надворешни работи имал, како што рече, неколку приоритети, како добри односи со Европската Унија и со САД, добри односи […]

Златна „Камера 300“ за кинематографот Рубен Импенс


  Рубен Импенс, белгискиот кинематограф во италијанскиот игран филм „Осумте планини“ е годинешен лауреат – освојувач на златна „Камера 300“ на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Меѓународното стручно жири вечерва во Битола не штедеше зборови за професионалниот пристап и мајсторството на Импенс, кој се издвои со својот квалитет и моќта на камерата во […]

Русија го гори гасот кој би се извезувал во Германија, додека цените вртоглаво растат


  Додека енергетските трошоци во Европа растат со ракетна брзина, Русија согорува големи количини природен гас, според анализата споделена со Би-Би-Си. Експертите велат дека гасот претходно би се извезувал во Германија. Тие велат дека централата, во близина на границата со Финска, секојдневно согорува гас во вредност од околу 10 милиони долари. Научниците се загрижени за […]

Струја се краде во сите општини, вели Бектеши, повикува МВР да реагира


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Арачиново потврди дека во системот има големи загуби на струја, но дека проблемот не е ограничен на една општина, туку на сите и ги повика сите надлежни институции, пред сѐ Министерството за надворешни работи, да се вклучат во надминување на состојбите. Најмногу загуби на електрична енергија лани […]

Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор


  Владата на денешната седница донесе одлуки за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија. „Првата одлука се донесе заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на […]