Маричиќ за бугарските клубови: Прашањето треба да се реши институционално, не со насилство


 Владата имаше реакција од повеќе официјални лица и таа реакција е јасна и недвосмислена дека не сметаме дека називите на овие клубови придонесуваат за добрососедските односи и ги сметаме за провокација, дека се контроверзни. Но мислам дека е многу подобро за нас како демократска држава, членка на НАТО, членка на СЕ, членка на ОБСЕ, кандидат […]

Кои се клучните оценки во извештајот на ЕК за Македонија


Еврокомесарот Оливер Вархеи, во извештајот за напредокот на Македонија презентиран денес, ги посочи поларизацијата во парламентот, лошото изборно законодавство, недоволниот надзор над разузнувачките служби и слабиот прогрес во реформата на јавната администрација како клучни забелешки околу реформите во државата. Во него стои:  „Извештајниот период се карактеризираше со интензивни напори, што доведе до почеток на процесот […]

Вархеи: ЕУ го отвори пазарот со електрична енергија за земјите од Западен Балкан


  Еврокомесарот Оливер Вархеи, претставувајќи ги годинашните извештаи за прогресот на земјите кандидати за членство, најави дека од идната година тие нема да бидат седум, туку десет, односно ќе ги вклучуваат и Украина, Грузија и Молдавија. Она што е поважно за нас, тој најави дека ЕУ решила да го отвори пазарот на електрична енергија за […]

„Форбс“: Маск разговарал со Путин пред да ги објави своите идеи за крај на војната во Украина


  Елон Маск, најбогатиот човек во светот, зборувал со рускиот претседател Владимир Путин пред да ги каже своите идеи за разрешување на војната во Украина, кои главно се поклопуваат со барањата на Путин, објави синоќа изданието Форбс. Магазинот го цитира Јан Бремер, основач на инвестицискиот фонд “Евроазија груп”, иако Маск веднаш ја демантираше веста. Според […]

Ковачевски: Да се биде на вистинската страна значи да се избере патот на мирот


  Да се биде на вистинската страна, значи да се избере патот на мирот и напредокот. Денес, повторно, нашата денешна битка е токму таква – да продолжиме по патот на  мирот и прогресот, без да дозволиме кој било, што било и било кога да ни го попречи овој пат, порача премиерот Димитар Ковачевски на централната […]

Македонија ќе му пресуди на „Цар Борис Трети“ по германски закон


  Македонија ќе го користи германското искуство за да ги ограничи тенденциозните отворања на квази културни клубови на Бугарите во државата кои, според сите оценки, се класични политички провокации. Откако стана јасно дека нивниот број ќе се зголемува несразмерно на бројот на Бугарите во државата и дека може да предизвикаат инциденти кои ќе им наштетат […]

Ни во Стразбур не се знае кога ќе биде донесена пресудата за аболицијата на Иванов


  Во Стразбур сѐ уште нема фиксиран датум кога ќе биде објавена пресудата околу аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, која може да ги спаси од повеќе години затвор водечките функционери на ВМРО-ДПМНЕ ако биде прогласена за легитимна. Најавите беа дека пресудата ќе биде донесена есенва, а деновиве проструи и информација дека веќе се знае, […]

ММФ даде зелено светло за поддршка на Македонија со 530 милиони евра


  Македонија е на чекор да ја добие долгоочекуваната финансиска поддршка од Меѓународниот монетарен фонд. Како што соопшти Министерството за финансии, мисијата на ММФ „даде зелено светло за доделување 530 милиони евра на Република Северна Македонија преку Кредитната линија за претпазливост (The Precautionary and Liquidity Line – PLL) во рок од 24 месеци“. „Ова е […]

Како беше отстранета плочата на Борис Трети во Ерусалим


  Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, при тензичното отворање на просториите на здружението, рече дека споменик на бугарскиот цар има и во Тел Авив, Израел. Сакајќи индиректно да нагласи дека улогата на Борис Трети во спасувањето на бугарските Евреи била признаена и во Израел. Но тоа не е вистина. […]

Каде ќе се кратат платите, а каде треба да се зголемат приходите. Еве што вели премиерот Ковачевски


  Претпријатијата и институциите кои што креираат загуби, а кои што мора да се покриваат со пари од буџетот, ќе мора да направат рационализација на трошоците, вклучувајќи ги и оние за плати, особено онаму каде што тие се над просекот, изјави денес премиерот Димитар Ковачевски. Истовремено, треба да се зголемат и приходите, особено онаму каде […]

Русија ја нападна со ракети цела Украина, вклучително и Киев. Има многу мртви


  КИЕВ – Русија во понеделникот изврши смртоносен бран напади врз повеќе украински градови, разурнувајќи цивилни цели, вклучително и центарот на Киев, каде што загинаа најмалку осум лица. Интензивниот, повеќечасовен напад означи ненадејна воена ескалација од страна на Москва. Тоа се случи еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин ја нарече саботната експлозија на огромниот […]

Стагфлациската должничка криза е тука, предупредува Нуриел Рубини


  Постојат знаци дека должничката криза веќе почна да се обликува, а тешкото приземјување на економијата пред крајот на годината сега е основното сценарио, вели врвниот економист Нуриел Рубини. Рубини, кој го доби прекарот „Д-р Пропаст“ поради неговите песимистички ставови за пазарите и економијата, предупредува на претстојната должничка и инфлаторна криза околу една година. Претходно, […]

Огромна експлозија уништи дел од мостот што ги поврзува Крим и Русија (Видео)


  Цистерна со гориво експлодира рано во саботата на најдолгиот мост во Европа, кој ја поврзува Русија со анектираната територија на Крим, според рускиот државен медиум РИА и снимките на социјалните мрежи. Сликите од мостот Керч објавени на социјалните мрежи се чини дека покажуваат оти дел од коловозот и железничкиот мост паднале во водите под […]

„Вашингтон пост“: Човек од кругот на Путин му приговорил дека прави грешки во Украина


  Еден од луѓето кои се блиски до Владимир Путин директно го изразил своето несогласување со рускиот претседател во однос на неговите постапки во врска со војната во Украина. За ова пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на податоци добиени од американското разузнавање. Според еден од изворите на весникот, приговорите изразени до Путин се однесуваат на […]

Инфлацијата не запира – во септември се искачи на 18,7 отсто


  Инфлацијата, која кај нас се искажува преку порастот на трошоците за живот, во септември се искачи на ново рекордно ниво од 18,7 отсто на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.  Tрошоците на животот во септември годинава во однос на септември лани се зголемени за 18,7 отсто, а индексот на цени […]

Протестот во Охрид за „Цар Борис Трети“ помина со свирежи, но без инциденти (ВИДЕО)


  Во Охрид се одржа протестот пред бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ што го организираше политичката партија „Левица“, а и ВМРО-ДПМНЕ повика на масовност, но тој да биде мирен, демократски и без инциденти. Според информациите од Охрид, протестот сепак поминал без поголеми провокации и само со довикувања и исвиркувања. Бројот на тие што го […]

Пругата кон Бугарија конечно излегува од „слеп колосек“


  Пругата кон Бугарија конечно излегува од „слеп колосек“ – до 18 овој месец фирмите кои се избрани ќе почнат со своите активности на првите две делници, а официјално почетокот на градбата ќе се одбележи на 29 октомври оваа година. Парите за овој проект се обезбедени, завршена е и експропријацијата, па доколку сѐ оди според […]

Кој е Алес Бјалијацки, борецот што ја доби Нобелова награда за мир


  Алес Бјалијацки, шефот на белоруската група за права „Вјасна“, кој беше затворен минатата година, ја доби Нобеловата награда за мир по историските демонстрации и жестокото задушување во неговата поранешна советска земја. Шеесетгодишниот маж беше уапсен во јули минатата година под обвинение за затајување данок, потег што критичарите на белорускиот моќник Александар Лукашенко го гледаа […]

Во ноември патнички воз ќе ја отвори новата пруга од Битола за Лерин


  БИТОЛА – Најдоцна во ноември ќе свирне возот од Битола до Лерин по новата пруга. Оптимистички се најавите на Македонски железници – инфраструктура, според кои, за еден месец ќе почне да сообраќа патнички воз од Битола до Лерин по новонаправената  железничка пруга Битола-Кременица. Долгоочекуваната вест за враќање на возот од Битола до Лерин, деновиве […]

Во 81 општина во Македонија има само 14 инспектори


Граѓаните од општините очекуваат транспарентност, отчетност и одговорно владеење, сигурност во давањето на услугите, континуитет и квалитет на услугата, достапност на услугите и заштита на корисниците, се заклучоците од Истражувањето „Сопствените приходи на општините за обезбедување на квалитетни услуги на граѓаните за време на пандемија, спроведено од страна на Државниот завод за ревизија во соработка […]