ЈСП продолжува со нормалното функционирање, автобусите се вратија


  ЈСП продолжува со нормалното функционирање, откако градот Скопје изнајде решение за вештачки предизвиканата криза во претпријатието, соопштија од Град Скопје. Постигнат е договор за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие и автобусите на ЈСП веќе ќе почнат да сообраќаат, потврди  и претседателот на синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски. „Трансферот на пари е направен. […]

Гир: Пристапување во ЕУ не мора да значи откажување од историјата и идентитетот


  Добрососедските односи се суштински дел на евроинтергративниот процес, а процесот на пристапување во ЕУ може да помогне за поголема промоцијата и унапредување на односите, не мора да значи откажување од историјата и идентитетот, туку напоротив. Членството носи предности како поголема стабилност, просперитет и демократска одговорност, порача евроамбасадорот Дејвид Гир во обраќањето на конференцијата „Можности […]

Скопјани стигнаа на работа и без автобусите на ЈСП, метеж во градот


Скопје утринава прв пат е без јавен градски превоз, односно возат само приватните автобуси, кои не ги покриваат сите линии. Граѓаните подготвени за ваквата ситуација седнаа во автомобили, што пак, речиси ги блокира улиците. Сепак, нервозата изостана кај оние кои се обидуваа да стигнат до работа, до училиште, на факултат. Сообраќајот се одвива споро, но […]

Арсовска му го зела „копчето“ на Трајко Славески, тој ѝ го зеде микрофонот


  На претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на денешната седница му беше ускратено правото да го регулира говорот на говорниците.  „Копчето на претседателот му е дадено за да може да ја води седницата, затоа што било кој од говорницата може да изнесува навреди врз етничка, национална, лична основа и претседателот тоа мора […]

Нема веќе долги редици за бугарски пасош во Битола


  БИТОЛА – Што го скрати редот за бугарско државјанство пред бугарскиот конзулат во Битола – се прашуваат битолчани откако во последниот период само една „рака“ луѓе чекаат ред за бугарски пасош. Македонски државјани сѐ уште чекаат ред за бугарско државјанство пред бугарскиот конзулат во Битола, но, редот е видно скратен и пред конзулатот чекаат […]

Автобусите постепено се вклучуваат во сообраќај, полицијата ги проверува по дојавата за бомба


Полициски екипи за антитероризам се во дирекцијата на ЈСП „Скопје“ во населбата Автокоманда по дојавата од вработен во претпријатието за поставена бомба во едно од возилата. По налог на МВР, утрово сите возила на ЈСП „Скопје“ беа повлечени од сообраќај. По соодветна безбедносна проверка, автобусите постепено се вклучуваат во сообраќај. Од ЈСП „Скопје“ информираат дека […]

Силниот американски долар шири болка низ целиот свет


  Трошоците за живот во Каиро толку се зголемија што обезбедувачот Мустафа Гамал мораше да ги испрати сопругата и едногодишната ќерка да живеат со неговите родители во село 110 километри јужно од египетската престолнина за да заштеди пари. Гамал (28) остана, работи две работни места, дели стан со други млади луѓе и го исфрли месото […]

Ништо од компаниите на Мицкоски, досега не доставиле понуда ниту за гас, ниту за мазут


  Од компаниите кои што ги посочил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како негови контакти кои што можат да помогнат во пребродување на енергетската криза, односно за снабдување на природен гас и мазут, до денеска нема никаков одговор, велат извори од Владата и од ЕСМ. Во изминатиот период бил остварен контакт со посочените фирми, но […]

Со напади на ирански дронови Русија го тероризира Киев (Видео)


  КИЕВ – Бранови од самоубиствени беспилотни летала полни со експлозив го погодија главниот град на Украина додека семејствата се подготвуваа да ја започнат својата недела рано во понеделник, а експлозиите одекнаа низ Киев, запалија згради и ги испраќаа луѓето што побрзо во засолништата. Три лица загинаа, еден млад брачен пар кој го очекуваше нивното […]

ЕК: Македонците плаќаат многу за лечење, пушењето на јавни места не се казнува


Северна Македонија останува умерено подготвена во областа на Заштита на потрошувачите и здравјето, се забележува во најновиот Извештај на Европската Комисија. Умерено подготвена или без напредок се главно забелешките на Комисијата во однос на овој дел. – Здравствениот сектор во Северна Македонија сè уште се соочува со загуби на медицински персонал, бидејќи медицинските сестри и […]

Али Ахмети се раздели од Артан Груби во врвот на ДУИ


  „Расплетот“ во ДУИ на денешниот Централен совет траеше побрзо од она што веројатно се очекуваше – само еден час. Собирот избра нови членови на врвното раководство, во кое веќе го нема Артан Груби како организациски секретар, што претставува една од отстапките на Али Ахмети пред барањата на бунтовниците од „огнената група“. На негово место […]

Цената на гасот во Европа падна под 150 евра, оптимизмот се враќа


  И покрај мрачните предупредувања на првиот човек на „Гаспром“ за замрзнување на градовите, цената на гасот во Европа продолжува да паѓа и на аукциите во петокот веќе е под 150 евра/MWh. Германија го наполни складиштето за гас до 95%, а метеоролозите предвидуваат потопла зима од вообичаеното. Фјучерс цената на холандската берза за гас ТТФ […]

Ковачевски: И пак да треба да одлучам, ќе го прифатам францускиот предлог


  Премиерот  Димитар Ковачевски на форумот организиран од Секретаријатот за европски прашања во врска со извештајот на ЕУ за прогресот на Македонија рече дека да мора пак да одлучи околу францускиот предлог кој отвори врата за преговори за членство, тој ќе ја донесе истата одлука. Тој  рече дека има два концепта во земјата – за […]

На борците од Битола им пречи името на бугарскиот клуб, но не биле вознемирувани


  БИТОЛА – Името на бугарскиот клубот во Битола „Ванчо Михајлов“ е закана за целата држава, а ние како потомци на борците од НОВ не сме имале лични закани од тнр. „Македонски  Бугари“,  вели Стефан Бошков, претседател на Сојузот на борци од Битола, по чија претставка постапи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). […]

Пендаровски до Софија: Немаме време да смируваме нечиста совест


  Претседателот Стево Пендаровски, откако го оцени значењето на извештајот на ЕУ во контекст на започнатите преговори за членство, забележа дека тој доаѓа во време на растечки европесимизам меѓу македонските граѓани, како резултат на бавната евроинтеграција. Според него, јасно е дека досегашниот застој се должеше не само на недостигот на реформи, туку пред се на […]

ЕК нотира генерално поволна клима за слободата на медиумите и потпросечни плати за новинарите


Северна Македонија е умерено подготвена во сферата на слободата на изразувањето и генерално бележи лимитиран прогрес во однос на претходните препораки на Европската комисија. Генерално има поволна клима за слободата на медиумите и овозможено е критичко медиумско известување, иако беа забележани одредени тензии за време на минатогодишните локални избори. Економската неизвесност и натаму е предизвик […]

Русија објави дека ќе го евакуира Херсон, украинските сили се доближуваат до градот


  Москва објави дека ќе го евакуира Херсон по апелот на шефот на регионот, инсталиран од Русија, што ги зголемува стравувањата дека окупираниот град во срцето на јужната украинска област ќе стане нова линија на фронтот. Марат Хуснулин, руски заменик-премиер, во четвртокот изјави за државната телевизија дека на жителите ќе им биде помогнато да се […]

Бугарија не стави вето, договорот со Фронтекс доби зелено светло во ЕУ


  Советот на ЕУ денеска ја усвои одлуката за потпишување на договорот за гранично управување меѓу ЕУ и Северна Македонија. Договорот за гранично управување, инаку познат како Фронтекс, беше блокиран од страна на Бугарија поради употребата на зборовите македонски јазик. Софија денеска дефинитивно го крена ветото, оставајќи ја формулата македонски јазик недопрена, како што е […]

Пристигнаа вакцините против сезонски грип, вакцинацијата почнува во текот на следната недела


Четириесет илјади вакцини против сезонски грип за ранливи групи население пристигнаа во земјава. Во тек се законските процедури во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), со цел спроведување на вакцинацијата, што е предвидено да почне во текот на следната недела, соопшти Министерството за здравство. Станува збор, посочуваат од Министерството, за четиритипна вакцина против сезонски […]

„Лидл“ одбрал локација за логистички центар во Кумановско, во Македонија веќе се вработени 80 лица


„Лидл“ веќе има идентификувано потенцијална локација за својот логистички центар, на земјиште кое е околу 200.000 м2 и се наоѓа во Општина Куманово. Инвестицијата само во логистичкиот центар е околу 80 милиони евра и вклучува намера да се обезбедат повеќе од 150 вработувања, соопштија денес од Владата по работнатга средба која премиерот Димитар Ковачевски и […]