НАТО нѐ потсетува со кое име станавме членка


  Официјален преставник на НАТО порача денес за „Независен“ дека е многу важно да се одржуваат добри односи меѓу сојузниците во алијансата, без да навлегува како евентуалното кршење на Договорот од Преспа може да влијае на членството на Македонија. Тој сепак потсетува како Македонија влезе и со кое име е преставена во алијансата без да […]

Најава од Атина: Ветото е на маса доколку не се почитува Договорот од Преспа


  Индиректно, но не сосем јасно, Атина го става на маса и ветото за пристапување на Македонија во ЕУ, доколку нашата држава не го почитува Договорот од Преспа. Портпаролот на грчката влада, Павлос Маринакис, денеска беше бомбардиран од прашања на грчките новинари, како што пренесуваат тамошните медиуми, околу развојот на односите меѓу двете земји откако […]

Силјановска даде заклетва со неуставното име на Македонија (ВИДЕО)


Новоизбраната претседателка Гордана Силјановска- Давкова даде заклетва денес пред пратениците со што официјално ја презеде функцијата од нејзиниот претходник Стево Пендаровски. На инагурацијата присуствуваа претставници од сите партии, сопругата на поранешниот претседател Борис Трајковски, екс-претседателот Ѓорге Иванов, но не и Бранко Црвенковски. Обраќањето Силјановска го посвети на жените при што порача дека со користење и […]

Голема смена во Москва: Путин го разреши министерот за одбрана Сергеј Шојгу


  Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Андреј Белоусов за министер за одбрана, на местото на досегашниот министер Сергеј Шојгу, соопшти во неделата вечерта Кремљ. „Сергеј Шојгу беше разрешен од функцијата министер за одбрана на Руската Федерација со претседателски декрет, а исто така беше назначен со указ на претседателот на Руската Федерација за секретар на […]

„Горд сум што моето име е покрај Селин Дион“. Кој е Немо, победникот на Евросонг?


Малме – Ако има шифра за победа на Евровизија, Немо ја скрши. Тој ја однесе третата евровизиска победа на Швајцарија со песнта The Code откако доби вкупно 591 поен. Немо е првиот небинарен изведувач кој победи на Евровизија и рече дека се чувствува горд не само за себе, туку и за заедницата на луѓе кои […]

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ги почнаа преговорите, Ахмети претстави што потпишал со Таравари


  Врвот на ВМРО-ДПМНЕ денеска отиде во канцелариите на албанската опозиција „Вреди“ во Скопската чаршија за официјално да ги почне преговорите за составување на новата влада. Со Христијан Мицкоски беа четворицата потпретседатели на партијата, а од „Вреди“ четворицата лидери. Во исто време во скопскиот хотел „Холидеј ин“ Али Ахмети пред челниците на „Европскиот фронт“ и […]

„Ќе имаме проблеми“: Мицотакис го повика Мицкоски да ја почитува Преспа


  Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во интервјуто во саботата наутро за телевизијата Алфа изјави дека е во „состојба на готовност по изборите во Северна Македонија и победата на националистичката ВМРО“, која предизборно како слоган го имаше враќањето на името „Македонија“. „Со загриженост ги гледам изјавите на функционерите на ВМРО. Со интерес ќе го чекам официјалниот […]

Борел и Вархеи ги повикаа ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска да ги усвојат уставните амандмани


  Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, и еврокомесарот Оливер Вархеи излегоа со заедничка изјава за вториот круг од претседателските и парламентарните избори во Македонија  во која и ја  честитаа победата на Гордана Силјановска-Давкова со порака – дека со нетрпение очекуваат да работат со новата претседателка, прва жена шеф на државата во Северна Македонија. „Ги […]

Курти во „војна“ со Ескобар, Македонија можна жртва на антиамериканската политика на Приштина


  Опашките од политиката на косовскиот премиер Албин Курти веќе се чувствуваат сериозно во Македонија. Новиот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“, чиј дел е и партијата на Курти Самоопределување, ја инволвира нашата држава во несакан контекст откако косовскиот премиер драматично ги заостри односите со Србија, а од минатата недела е и во некој вид пропагандна […]

Уште недобиен мандатот, Мицкоски најави задолжување од една милијарда евра


  Уште  нестанат мандатар, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој повеќе од веројатно ќе биде идниот премиер, вечерва најави задолжување на државата од една милијарда евра, веднаш по формирањето на новата влада. Во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Мицкоски рече дека станува збор за кредит од друга држава под многу поволни околности. […]

СДСМ речиси протеран од Скопје


  Промената започна со локалните избори во 2021, беше навестена со првиот круг на претседателските избори, а запечатена на парламентарните избори на 8 мај. Грубо кажано СДСМ е речиси протеран од Скопје, затоа што поддршката за него е драматично намалена, а опасно му се приближува Левица, која во главниот град освои две петини од вкупниот […]

„Катимерини“: Атина ја чека прво заклетвата на Силјановска


  Атина внимателно го очекува однесувањето на новите власти во Скопје околу почитувањето на Преспанскиот договор и уште сега го калибрира својот одговор доколку е нарушен, особено при употребата на името Северна Македонија. Во два авторски текста во „Катимерини“, весник близок до владејачката Нова демократија, се наведува дека Атина ја чека заклетвата на новата претседателка […]

Драма: Се запали „боинг 737“ полн со патници (видео)


„Боинг 737“ со 73 патници се излизгал од пистата откако се запалило неговото крило. На снимката се гледаат последиците од падот на авионот на „Трансаир“ покриен со противпожарна пена на аеродромот Дакар во Сенегал. Сите 73 патници се евакуирани, а некои се здобиле со полесни повреди. Летовите се прекинати на аеродромот. 🔥🇸🇳BREAKING: Boeing 737 SLIDES […]

Силјановска како претседателка: „Ова не е време за фалби, за триумфализам“


  Откако Стево Пендаровски го призна поразот и им честита на победниците, на јавноста ѝ се обрати новата претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова, која им се заблагодари на граѓаните за големата поддршка што ја доби на овие избори и самата се запраша: „Со што ја заслужив оваа чест?“ Таа им упати „најголеми честитки“ на граѓаните […]

За Ковачевски резултатот на СДСМ е поразителен, им честиташе на Силјановска и на Мицкоски


  Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва на прес-конференција го призна поразот на претседателските и на парламентарните избори и им честиташе на политичките противници, Гордана Сиљановска-Давкова и на ВМРО–ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски за изборниот успех. Тој истовремено најави длабоки и суштински реформи во СДСМ на сите нивоа, кои како што рече, треба […]

Последни проекции: ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 19, ДУИ 18


  Врз основа на пребројаните гласови гласови од 90 отсто од избирачките места ВМРО-ДПМНЕ е огромен победник на парламентарните избори. Според проекциите на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ треба да има 59 пратеници, што значи дека му недостасуваат два мандати за апсолутно мнозинство. По нив е СДСМ со 19 мандати, па коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ со […]

Според првичните резултати Силјановска има двојна предност пред Пендаровски


  Државната изборна комисија забрзано ги објавува резултатите од двојните избори. Според обработените 40 отсто од избирачките места на претседателските избори Гордана Силјановска-Давкова има двојна предност пред Стево Пендаровски. Во гласови тоа изнесува 169.000 на 83.000. ДИК има обработено 1.427 избирачко место од 3.508.  Пендаровски води во 15 општини, а Силјановска во сите други.  На […]

Затворени гласачките места, Македонија доби претседател


  Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Македонија денеска можеа да гласаат на вториот круг од седмите претседателски и на 11-те парламентарни избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Според податоците на ДИК […]

Излезноста до 17 часот покажува дека Македонија денеска ќе избере претседател


  На претседателските избори до 17 часот гласале 707 илјади гласачи односно 39,33 отсто, според 99 проценти од обработените гласачки места според податоците од веб-страницата на ДИК. Ова  значи дека цензусот сигурно ќе биде постигнат за Македонија да може денеска да избере претседател.  Претходно, претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на прес-конференција презентираше податоци за претседателските […]

Излезноста до 15 часот за претседателските избори е 33,73 отсто, а за парламентарните 37,44


До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за претседателските избори од 2.271 избирачки места. Од вкупно запишани 1.172.912 гласачи на овие избирачки места, гласале 395.576 или 33,73 отсто. За парламентарните избори се пристигнати податоци од 2.136 избирачки места. Од вкупно запишани 1.113.441 гласачи на овие избирачки места, гласале 416. 915 или 37,44 […]