Авионските летови до Крф и Атина прва жртва на повторно отворениот спор за името?


  Дали почнаа да се јавуваат првите последици откако повторно беше разгорен спорот за името со Грција, а новата претседателка и веројатниот иден премиер  го ставија под прашање Преспанскиот договор? Грчката авиокомпанија „Егеан ерлајнс“ (Aegean Airlines) ја прекина продажбата на билети за планираната нова линија меѓу Скопје и Крф, која требаше да започне на почетокот […]

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор


  Судскиот совет  на итната седница на полноќ му го одзеде имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев со што го одобри неговиот притвор, а го оддалечи и од вршење на судиската функција. Како што соопштија од Судскиот совет, на седницата се расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет […]

Претрес и во домот на Иџет Мемети, поранешниот народен правобранител


  Истражители од Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција цела ноќ вршеле претреси во зградата на Врховниот суд. Ги посетиле и локациите каде што врховниот судија Наќе Георгиев имал недвижен имот. Претреси биле направени и во Струмица, градот од каде што доаѓа судијата. Од досега познатото, судијата е фатен со 10 илјади […]

Врачена наградата за „Роман на годината“ на Лидија Димковска (галерија)


Романот „Единствен матичен број“ на писателката Лидија Димковска (1971), во издание на „Три“, е годинашниот добитник на наградата „Роман на годината“, која ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Покрај плакета и статуетка, Димковска доби и парична награда од 150 илјади денари, кои ги доделува генералниот покровител Комерцијална банка АД Скопје, веќе седма година по ред.  Свеченото […]

Барањето во Хаг за потерница го стави Нетанјаху во друштво на Путин


  Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд во понеделникот изјави дека бара налози за апсење на лидерите на Израел и Хамас, вклучително и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во врска со нивните акции за време на седуммесечната војна меѓу Израел и Хамас. Карим Кан рече дека верува оти Нетанјаху, неговиот министер за одбрана Јоав Галант и […]

Иранскиот претседател Раиси загина во хеликоптерска несреќа


Сите девет лица во хеликоптерот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој се урна во северозападниот дел на земјата загинаа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА и државната телевизија. Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан се меѓу деветте загинати, пренесува ДПА. No trace of survivors at site of Iranian president’s copter crash: IRSC […]

Договорот од Преспа и билатералните односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција


Изјавите на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Договорот од Преспа, ЕУ перспективата на земјава, како и билатералните односи, продолжуваат и понатаму да се актуелни во Грција, а денеска се и на насловните страници на неделните изданија на весниците, јави дописничката на МИА од Атина. Доколку се направи анализа, речиси […]

ДИК ги соопшти освоените мандати за пратеници без 5 и 6 ИЕ – таму ќе се прегласува в среда


Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги соопшти освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав по изборите одржани на 8 мај годинава. Како што информира претседателот на ДИК, Александар Даштевски, за изборните единици 5 и 6 каде на одредени избирачки места ќе треба да се прегласува, резултатите се добиени со симулација и посебна техника врз […]

Говорот на омраза му пресуди на Фицо, каде води говорот на омраза во Македонија?


  Обидот за убиство на словачкиот премиер Роберт Фицо од страна на обичен граѓанин кому наводно му „пукнал филмот“ од политиката што ја води премиерот, ја алармираше политичката јавност во Европа, а отвори прашања и за кај нас. Според она што го порачаа словачките политичари по обидот за атентат, словачкото општество е екстремно поларизирано, се […]

Пристигна првата помош за Газа од американското пловечко пристаниште


  Камиони со многу потребна помош за Појасот Газа тргнаа преку новоизграденото американско пристаниште и во опколената енклава за прв пат во петокот, бидејќи израелските ограничувања на граничните премини и тешките борби ја попречија испораката на храна и други залихи. Пратката е прва во операцијата за која американските воени претставници предвидуваат дека би можела да […]

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни


  Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ членки кои користат билатерални прашања за блокади, на форум во Тирана. „Зошто ја блокирате Северна Македонија? За да покажете дома колку сте силни!” порача Рама заклучувајќи дека политиките на блокади се ужасни, одвратни и антиевропски. „Што ви е поентата? Што сакате […]

Одговор на Мицотакис до Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен


  Во Македонија Преспанскиот договор стана постизборно прашање, а во Грција една од клучните теми за европските избори на 9 јуни. Премиерот Киријакос Мицотакис испрати пораки и до Скопје и до базата на Нова демократија од градот Верија по вчерашните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Се разбира дека сакаме да разговараме. Не отстапуваме […]

Судски совет: Мешањето на Мицкоски во судската власт е опасно за демократијата


  Судскиот совет оцени дека судската власт како една од трите власти е самостојна и независна и секое мешање од другите власти може да биде опасно за демократијата и владеењето на правото, порачуваат од Советот по најавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека нивна цел е да го распуштат овој состав на Советот и […]

Што добива Унгарија ако ѝ даде една милијарда кредит на Македонија?


  Вестите за мистерозната милијарда евра најавена од победникот на изборите, Христијан Мицкоски, и нагаѓањата за можниот извор на кредитот стигнаа и до Будимпешта. Медиумите во Унгарија истражуваат што би добила земјата доколку на владата што треба да се формира во Македонија ѝ се даде кредит од една милијарда евра преку тамошната Ексим банка и […]

Мицкоски: Наместо честитки од Грција, добивме политички мускули


  Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека наместо честитки од Грција за убедливата победа на парламентарните и на претседателските избори, добиле политички мускули. Тој го оцени обраќањето на Гордана Сиљановска-Давкова како достоинствено.  Одговарајќи на прашања на новинарите пред неговиот настап на Самитот „Македонија 2025“, тој рече дека таквата реторика не прилега на […]

МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ затвор „Скопје“


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена […]

Застрелан премиерот на Словачка, Роберт Фицо (Видео)


  Словачкиот премиер Роберт Фицо е застрелан во средата по состанок на владата, објавија локалните медиуми, при што се здобил со повреди на главата и градниот кош пред да биде однесен во болница од неговото обезбедување. Една жена на местото на настанот во градот Хандлова, централна Словачка, беше цитирана како вели дека слушнала три или […]

Самит „Македонија 2025“: Иднината е тоа што самите ќе го создадеме


  Тринаесеттиот Самит на „Македонија 2025“, организација која ја спојува дијаспората со татковината, кој денеска почна во Скопје, упати силна порака да се впрегнат сите сили за постигнување економски раст од 5 отсто годишно со цел да се придвижиме кон развиените економии. Учесниците на Самиот, меѓу кои има бројни видни бизнименси од светот, и домашни […]

Од каде ќе дојде милијардата на Мицкоски? Дали е тоа Унгарија?


  Која држава ќе ѝ даде на Македонија финансиска инјекција од една милијарда евра, е прашањето кое деновиве ја преокупира јавноста, покрај преговорите за формирање влада кои што се водат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“. По демантирањето дека тоа е Кина,  Русија или Турција, и недемантираната можност дека тоа се Обединетите Арапски Емирати, сега погледите […]

Преспанскиот договор: Трите меморандуми и Андонис Самарас


  Еден неизговорен збор и многу бура во регионот. Бурите обично ги прават зборовите што се кажуваат, но сега се случи сосема спротивното. Откако Гордана Силјановска-Давкова одбегна да ја каже придавката Северна кога поднесуваше заклетва, па во Македонија повторно се распламти „гордоста“, а во Грција внатрешните демони во владејачката Нова демократија кои се викаат „Андонис […]