Мицкоски најави итни мерки за да се спречи поскапувањето на струјата

Со предложените мерки за потрошувачите од првата и втората група нема да има зголемување на сметките за струја, а за третата и четвртата група поскапувањето би било најмногу еден до два отсто


Мандатарот за премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес во Собранието најави изложи план со кој, како што рече ќе се спречи зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните и фирмите кои што се снабдуваат на регулираниот пазар. Односно, дека за потрошувачите од првиот и вториот блок нема да има никакво зголемување на зметиките за струја, додека оние од третиот и четвртиот блок, би плаќале најмногу еден до два отсто повисоки сметки. Ова би се постигнало со дополнување на Законот за енергетика, за што до Собранието веќе е доставен предлог-закон дополнување на Законот за енергетика, како и со оптимизирање на портфолиот на универзалниот снабдувач, појасни Мицкоски.

Со предложените законски измени всушност се предлага Регулаторната комисија за енергетика да ја продолжи лиценцата на старо-новиот универзален снабдувач, со што нема да има потреба да се формира ново правно лице, постапка која што би траела, како рече Мицкоски, со месеци, истоврмено со примена на новата маржа која што се наплаќа од потрошувачите и која сега изнесува 9,9 отсто, наместо 11,5 отсто.

„Формирањето ново правно лице, нова структура, нови трошоци за банкарски сметки, нови процедури, е нешто што ќе трае со месеци. Затоа велиме дека тоа не е потребно, туку бидејќи станува збор практично истиот универзален снабдувач, како правно лице да продолжи да биде универзален снабдувач и да нема потреба да регистрира ново правно лице, туку Регулаторната комисија за енергетика според овој предлог- закон, само да му ја продолжи важноста на лиценцата. Тоа зналчи дека наместо маржа од 11,5 проценти, која до сега им беше наплаќана на граѓаните, ќе биде наплаќана маржа од 9,9 проценти“, рече Мицкоски.

Тој истовремено упати порака до универзалниот снабдувач „да врши многу внимателно оптимизација на своите потреби“.

„Односно, при набавката на електричната енергија да се води од потребите на граѓаните, а потоа да направи вистинска оптимизација на своето портфолио кое што понатаму ќе го испорача кон граѓаните“, рече Мицкоски, појаснувајќи дека не требна да се набавуваат количини на електрична енергија кои нема да бидат потребни, туку да се држи до пристапот кој што ќе биде „чесен, одговорен, и пред се инспиративен за граѓаните“.

„Доколку овие две работи се случат, односно се донесе законот за дополнување на Законот за енергетика, маржатаќе биде намалена, и доколку универзалниот снабдувач направи оптимизација на своето портфолио, ве уверувам дека грѓаните нема да добијат повисоки сметки за електрична енергија“, нагласи Мицкоски.

Тој исто така рече дека идната влада ќе стори се што е во нејзина моќ до крајот на оваа година да го реорганизира енергетскиот сектор и веќе во следмниот регулационен период, од 1 јануари 2025 година до 30 јуни 2025 година, граѓаните да добијат пониски сметки за електрилчна енергија, а исто така и фирмите кои што се на регулираниот пазар. На тој начин, како што посочи, инфлацијата ќе биде задушена, односно цените наместо да се зголемуваат, ќе се намалуваат.

Фото: Б: Грданоски

Мицкоски на прес конференцијата во Собранието рече дека мерките ги предлага откако во јавноста просруила информација дека цената на струјата ќе претрпи значителни корекции во негативен тренд за граѓаните односно ќе биде зголемена.

„Имајќи предвид дека како идна влада не сакаме да се мешаме во работата на независните регулаторни тела, но исто така и дека имаме одговорност, а тоа го ветивме пред граѓаните за време на кампањата, дека тие и стандардот на граѓаните ќе биде наш приоритет, група пратеници од коалицијата ‘Твоја Македонија’ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денеска доставивме до Собранието предлог- закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка“, рече Мицкоски додавајќи дека тој е „првиот потписник“ на предлог-законот.

„Цениме дека со овој предлог-закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка, посебно домаќинствата кои што се во првата и во втората група нема да добијат зголемени сметки за електрична енергија, а исто така очекуваме и оние кои што влегуваат и во третата и во четвртата група зголемувањето на цената на електричната енергија да не биде значително, односно да се движи меѓу еден и два отсто“, рече Мицкоски.

Тој исто така и елаборираше како се формира цената на електричната енергија, при што објасни дека таа е збир од четири собирока.

Тоа е цената која што за своите услуги ја наплаќа МЕПСО, цената која што за своите услуги ја наплаќа ‘ЕВН Дистрибуцција’, цената која за своите услуги ја наплаќа операторот на пазар или МЕМО, плус цената на самата електрична енергија.

Мицкоски рече дека во јавноста има информација дека цената на електричната енергија која што ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, ќе ја доставува до компанијата која што е универзален снабдувач ќе се зголеми.

„Официјално таа цена сѐ уште не сме ја виделе, но слушнавме дека Владата донела одлука таа цена да се зголеми од 57 на 60 евра за мегаватчас. Ќе видиме дали е тоа така“, рече Мицкоски, иако не е јасно зошто ја немаат таквата информација имајќи во предвид дека станува збор за техничка влада во која партиципираа и кадри од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски исто така додаде дека сите овие четири собирока на крај се множеа со коефициентот 1,115, затоа што тоа беше старата маржа која што универзалниот снабдувач ја наплаќаше од домаќинствата, односно 11,5 проценти.

Откако истече лиценцата со старата маржа за стариот универзален снавбдувач се распиша нов јавен оглас и најповолната понуда ја намали таа маржа од 11,5 отсто на 9,9 проценти.

Мицкоски ги повика сите 120 пратеници цо Собранието да ги поддржат законските измени бидејќи се во интерес на граѓаните и со цел тие да стапа во сила веќе наредната недела, за да може РКЕ да постапи по нив од 1 јули. (М.Ј.)